Македонија
Анкета на „Макфакс“: Ако нема датум за преговори во јуни, оставка за Владата

Во онлај-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Што доколку земјава не добие датум за преговори со ЕУ во јуни годинава“, повеќето од испитаниците, односно речиси половината, се изјасниле дека во тој случај Владата треба да поднесе оставка.
Анкетата беше објавена на 7 мај годинава, на 14 веб-страници и траеше 24 часа. Во овој период гласале 6.508 испитаници.
Речиси 30 отсто од испитаниците се изјасниле дека доколку земјата не добие датум за преговори, треба да се чека. Над 15 отсто од анкетираните велат дека не ги интересира што ќе се случи, а преостанатите се изјасниле дека е подобро да нема датум за преговори за членство во ЕУ.
Од вкупно 6.508 анкетирани, според податоците на истражувачкиот центар на „Макфакс“, најголем дел бил мажи на возраст од 35 до 44 години. Над 80 проценти од нив гласале од Македонија, а другите од Германија, Австрија, Швајцарија и други држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Стојаноски: ЈО да отвори случај и да утврди како Електра Солушн која немала ниту лиценца кога бил распишан тендерот за надзор потоа и го добива

Како е можно фирма како Електра Солушн која немала ниту лиценца за надзор кога се отвора тендерот од 22 милиони евра, да оформи Конзорциум, да го добие тендерот и да наплати најголем дел од колачот, ако нема други работи кои не и се познати на јавноста?, прашува пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.
Според него, ЈО мора да отвори постапка и да утврди како Електра Солушн која поднесува за лиценца за надзор во сред јавен повик за прибирање понуди, и ја добива за само 5 дена успева да го добие тендерот.
– Мора да се даде одговор на прашањето кога Електра Солушн ги контактирала ЕПТИСА и ИРД, како и Евро Консалтинг на бараниот со меѓународна потерница Бранимир Димитријевиќ и како успеале да направат договор за заеднички настап во само неколку дена? Зошто ИРД за која како што велат од владата е фирма со меѓународно искуство чекала Електра Солушн фирма за производство на долна облека да добие лиценца за да поднесат понуда за учество на тендер од 22 милиони евра? – рече Стојаноски.
Тој вели дека ЈО треба да утврди како Електра Солушн добива најголем дел од колачот, иако ИРД на хартија е носител на Конзорциумот.
Македонија
Може нема да се менуваат табличките туку врз нив ќе се ставаат НМК налепници, вели Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа најавувa дека е можно да се донесе решение во врска со регистарските таблички на возилата кое нема да претставува финансиско оптоварување на граѓаните.
Тој укажува дека оваа обврска произлегува од Преспанскиот договор, но дека е во тек дебата за начинот како ќе биде спроведена, со оглед на бројните реакции дека обновувањето би ги чинело граѓаните вкупно 11 милиони евра. Спасовски вели дека се размислува и за друг, поевтин начин, односно за ставање налепници врз постоечките таблици.
„Имаме ние формирано веќе работна група во МВР којашто работи токму на овој аспект бидејќи разговаравме и со министерот за транспорт и врски, имаме комуникација преку МТПС со „Макамтранс“ затоа што промената подразбира и промена во документацијата, дозволите и т.н и за мене е најважно што може да се помогне за сите. Знаеме дека обврската е до наредната година да бидат променети табличките како што впрочем е и со документите и ние мислам дека за многу кратко време ќе имаме решение коешто би било поволно за граѓаните. Јас така барем се надевам и очекувам со тоа што од друга страна ќе мора да се стават и норми на строги казни за сите оние коишто нема да го почитуваат тоа како решение. Мора да направиме комбинација којашто ќе биде од интерес на граѓаните меѓутоа и да имаме сериозна одговорност. Така што, налепниците се една од опциите, меѓутоа кога ќе се донесе одлуката и решението ќе ги соопштиме на граѓаните. Секако дека нас ни е најважно да бидат задоволни граѓаните“, вели министерот Спасовски во интервјуто за Радио Слободна Европа.
Македонија
Приведен крадец од Битола, одземеното вратено на сопственикот

Вчера од страна на полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола на стариот пат Прилеп – Битола бил лишен од слобода А.М. (38) од Битола, кој управувал патничко возило”опел” со битолски регистарски ознаки.
Тој е осомничен за извршена тешка кражба во РЕК Битола, од каде се одземени ролни железо од Рудникот Брод, сопственост на РЕК Битола.
Пронајдените предмети се вратени на сопственикот, а по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.