Македонија
Малолетник уапсен во Карпош, млад скопјанец во Аеродром – фатен и кокаин во Тетово
Полициски службеници направиле претреси во Скопје, а кај двајца нашле дрога. Слична акција имало во Битола и Тетово, каде што исто така има уапсени лица.
„На подрачјето на Аеродром полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ. С. (21) од Скопје бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. На подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје бидејќи кај него била пронајдена и одземена прашеста материја“, велат од МВР.
Полицијата со детали и за другите два случаја.
„Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода В. Р. (40) од Битола. При претрес во неговиот дом во Битола, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (26.6.2023), околу 23.15 часот, на улицата Видое Смилевски-Бато во Тетово, го лишиле од слобода 38-годишниот тетовец Д. М. затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин“, додаваат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор за Васко Стефанов и уште седум лица, за Ковачевски кој не е во земјава судот определи мерки на претпазливост
Кривичниот суд донесе решенија со кои на осум лица им е определен притвор, во врска со полициската акција „Адитив“.
Меѓу осумте е и едниот од поранешните директори на ЕСМ, Васко Стефанов, додека за неговиот претходник, Васко Ковачевски, кој не е достапен за органите на прогонот и е на непозната дестинација, судот определи мерки на претпазливост.
Од Судот информираа: „За осомничените : В.С., П.С., М.С., М.Ј., Д.С., Н.С., Р.С. и П.М. судот го прифати предлогот на Основниот јавен обвинител и им определи мерки притвор во траење од 30 дена, заради постоење на опасност од бегство, влијание врз сведоци и околности дека може да го повтори делото“.
За осомничениот М.С. , имајќи ја предвид неговата возраст и преземените дејствија, судот му определи мерка куќен притвор.
За осомничените: Д.С., С.М., П.Ч., Д.С., А.М., З.Н., З.А., С.М., М.В., Д.Ч., В.М., Н.Н. и С.К., судот го прифати предлогот за определување мерки за претпазливост односно одземање на патна исправа, обврска повремено да се јавува во судот, забрана за одржување и воспоставување контакти, како и т.7 за одредени лица односно Забрана за преземање на определени работни активности поврзани со кривичното дело
„Што се однесува до осомничениот В.К. кој, до овој момент не е лишен од слобода ниту е спроведен или се јавил во судот, до Основниот кривичен суд Скопје, надлежниот Јавен обвинител достави предлог за определување мерки за претпазливост, односно одземање на патна исправа, обврска повремено да се јавува во судот и забрана за одржување и воспоставување контакти, за кои судот дополнително ќе одлучува откако истиот ќе биде обезбеден од органите на прогон“, велат од Кривичниот суд.
Од тука појаснуваат во интерес на јавноста дека согласно Законските одредби судија на претходна постапка не може да определи построги мерки за обезбедување присуство од мерките кои ги предлага Јавниот обвинител.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
Претходно денес, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека полицијата ќе стори сè што е рамките на нејзините надлежности Ковачевски да биде изведен пред лицето на правдата.
Во врска со акцијата, Тошковски рече дека се работи за луѓе на коишто им биле доверени високи државни функции од една страна, а од друга страна тие преку ноќ формирале фирми без вработени.
„Претходно се занимавале со продажба на канцелариски материјали, а наеднаш стануваат фирми што тргуваат со ваков тип адитиви и заработуваат милионски суми пари. Има и голем број докази дека она што е плаќано е најмалку трипати повеќе од реалната цена“, рече Тошковски.
Од Обвинителството соопштија дека дел од осомничените во својство на службени лица во АД ЕСМ и АД „Пошта на Северна Македонија“ создале група која имала за цел вршење на кривични дела злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари и други приноси од казниво дело предвидено и казниво по чл. 273 од Кривичниот законик.
Шефот на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, претходно брифираше дека поранешниот директор на ЕСМ и член на СДСМ, Васко Ковачевски не е дел од организираната група во која осомничените местеле тендери на свои блиски фирми и го оштетиле буџетот за 6,5 милиони евра.
Македонија
Царината заплени накит, рачни часовници, цигари, автоделови, фалсификати
Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, меѓу коишто накит, рачни часовници, цигари, тутун, девизи, автоделови, облека, техничка стока, суплементи, кафе во зрно и фалсификати.
– 19 парчиња накит (SWAROVSKI и COEUR.DE) и рачен часовник ESPIRIT, со вредност од околу 120.000 денари и избегнати давачки во износ од 42.132 денари, биле пронајдени кај патничка која допатувала со лет од Базел; 5 парчиња накит (прстени и нараквици) и 3 рачни часовници од марките ROLEX и CITIZEN, биле пронајдени кај патник кој допатувал со лет од Виена.
-Од страна на мобилните царински тимови во фабрички празнини на автобус со македонски регистарски таблички во два куфери при влез во државата на граничниот премин Деве Баир пронајдени се 23 штеки цигари Parliament aqua blue, без акцизни маркички.
-Во два одделни случаи на Меѓународниот аеродром Скопје при контрола на багажот откриени се 72 штеки цигари, од кои: 32 штеки цигари MARLBORO, PALL MALL, DAVIDOF и WINSTON, и 1500 грама тутун GOLDEN VIRGINIA, со македонски акцизни маркички, со вредност од 53.875 денар и 40 штеки цигари MARLBORO и MAYFAIR SKY BLUE, со косовски акцизни маркички, со вредност од 60.000 денари.
-Царински службеници во соработка со припадници на Министерството за внатрешни работи на пазар во Скопје одзедоа 23,850 килограми сецкан тутун за пушење и 18 штеки цигари за кои продавачот не поседувал документи за платени царински и акцизни давачки.
-При личен претрес на патник кој се пријавил за влез во државата на граничниот премин Блаце пронајдени се 4.000 швајцарски франци. Патникот пријавил дека носи со себе 9.900 швајцарски франци, но при претресот биле пронајдени уште 4.100 швајцарски франци. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 10.000 швајцарски франци.
-Мобилните царински тимови при контрола на автобус со македонски регистарски таблички во внатрешноста на куфер сопственост на возачот, откриле 25.550 евра, од кои 10.000 евра му биле вратени на возачот согласно законските прописи, а 15.550 евра се задржани.
– Во багажникот на автомобил пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце, пронајден е и задржан менувач за патничко возило Audi Q5.
-114 парчиња разни авто-делови (греачи, стабилизатори, свеќички, црева за вода, филтри за гориво и друго) биле пронајдени во прегради во кабината и прегради на вратите од кабината на камион со македонски регистарски таблички пријавен за влез во државата на граничниот премин Блато. Вредноста на привремено задржаната стока изнесува 64.150 денари.
– На граничниот премин Табановце автопат биле пронајдени: 1 употребуван моторцикл Yamaha во делови, 1 нов професионален апарат за индукциско греење Telwin Smart Inductor 5000 и 6 употребувани волани за патнички возила во багажникот на минибус со македонски регистарски таблички пријавен за влез во државата.
– На граничниот премин Делчево во два одвоени случаи при контрола на два автомобили управувани од македонски државјани, пријавени за излез од државата откриени се 2 комплети бугарски регистарски таблички и сообраќајни дозволи. Во двата случаи возачите изјавиле дека табличките ги носат во Бугарија да ги одјават, а возилата на кои припаѓале биле продадени во отпад без претходно да бидат увозно оцаринети и платени увозни давачки.
-Царински службеници спречија повеќе обиди за шверц на разна стока, меѓу којашто 124 парчиња облека и 12 женски чанти на граничниот премин Делчево. На граничниот премин Ново Село во багажникот и под седиштата на автомобил, пријавен за влез во државата пронајдени се 21 парче облека. На граничниот премин Табановце автопат во багажникот и позади предните седишта на автомобил откриени се 14 машки јакни од познати светски брендови, со вредност од 810.000 денари и избегнати давачки во износ од 313.065 денари.
-Од страна на Службата за мобилни скенери во повеќе одделни случаи откриени се 1 нова справа за веслање и 4 употребувани технички производи (телевизор, машини за садови и машина за алишта), 50 терморегулатори за печки на пелети, 4 греалки на гас и 1 електрична греалка, 1 костум за маскирање и 4.410 капсули и 1,82 килограми разни суплементи.
-6,1 килограми кафе во зрно од марките BONCAMPO и INCAROM, 111 парчиња миризливи свеќи, 20 пакувања влажни шамивчиња, и 64 парчиња облека се пронајдени во повеќе торби и куфери во автомобил пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.
Од страна на мобилните царински тимови во царинската испостава Куманово откриена е и запленета е стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост:
– 4.080 играчки и школски прибор со ознаки на заштитени трговски марки, со пријавена вредност од 225.057 денари биле пронајдени при контрола на стока со потекло од Кина, пријавена со две декларации за увозно царинење во царинската испостава Куманово.
– 180 пластични играчки со ознаки на заштитени трговски марки со пријавена вредност од 28.000 денари се откриени при контрола на стока со потекло од Кина, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Струмица.
Македонија
Ахмети не се откажува од Груби, вели дека ако се докаже вина, Артан самиот ќе се повлече од партијата бидејќи е совесен
Првиот човек на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, не планира да го отстрани од партијата свјот најблизиок соработник Артан Груби, кој се најде на црната листа на САД поради корупција.
Ахмети пред Уставниот суд во Скопје изјави дека Груби има право на жалба и ќе го води процесот насочен со факти, а тоа во оваа фаза не може да ѝ наштети на ДУИ ниту, пак, на неговото семејство.
Ако биде утврдена вина, Ахмети е сигурен дека Груби самиот ќе се повлече од партиските функции бидејќи е совесен и одговорен.
Стејт департментот на Соединетите Американски Држави воведе санкции против поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и судијата на Апелациониот суд, Енвер Беџети, поради нивна вмешаност во корупција, а забрана за влез во САД добија и членовите на нивните семејства.