Контакт

Македонија

Манчевски: Мора да ја подобриме сликата за функционирањето на јавната администрација

Објавено пред

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, се обрати на 11-тата конференција за човечки ресурси во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Како што истакна министерот Манчевски, управувањето во човечкиот и интелектуалниот капитал е од голема важност за следење на глобалните процеси и трансформацијата.

dobivaj vesti na viber

„Користењето на интелектуалниот потенцијал се овозможува преку креирање соодветни структури и изнаоѓање решенија кои ќе одговорат ефикасно на предизвиците. Во МИОА, свесни за важноста и улогата што ја имаат вработените во секторот човечки ресурси за поставување на основата за функционален јавен сервис, активно работиме на развој и унапредување на оваа професија. Постојат многу искуства што јавниот сектор може да ги искористи од приватниот. Не се толку едноставно применливи, но цврсто верувам дека ќе ја подобрат работата и на јавниот сектор. Во таа насока во тек се подготовки за измени на ЗАС и ЗВЈС, кои на јавноста ќе ѝ бидат презентирани на крајот на јуни“, истакна министерот Манчевски.

Осврнувајќи се на активностите кои МИОА, во контекст на развој на професијата човечки ресурси тој зборуваше за мрежата за човечки ресурси и новата веб-платформа за подобрена соработка и комуникација.

„На крајот на минатата година ја реафирмиравме мрежата за управување со човечките ресурси. Мрежата претставува платформа за комуникација, координација и соработка. Целта е администрацијата да биде поблиску до граѓаните. Исто така, мрежата има цел да обезбеди поддршка на политиките за обезбедување еднакви можности за вработените во јавниот сектор. Сите сме свесни за критиките што се адресираат на вработените во јавната администрација. Наша заедничка цел мора да биде да ја подобриме сликата што јавноста ја има за начинот на кој функционира јавната админстрација. Работата на одговорните за човечките ресурси е од особено значење во тој процес. Особено кога зборуваме за подобрување на испораката на услугите до граѓаните“, рече министерот Манчевски.

На крајот тој ја потенцира важноста од соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор за развој на секоја област и професија. Само заедно може да обезбедат општоприфатени стандарди за работа, кои ќе придонсат за поквалитетна и поефикасна соработка.

Македонија

Спасовски-Вокер: „Отворен Балкан“ овозможува слободно движење но одредени криминални структури го злоупотребуваат

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со националниот координатор за гранично управување, Владимир Пивоваров денеска остварија средба од координативен карактер со Нил Вокер, директор на Светскиот конгрес за гранична безбедност, на која беше разговарано околу подготовките кои се во тек за одржување на Светскиот конгрес за гранично интегрирано управување, кој во април 2023 година ќе се одржи во Скопје, информираат од кабинетот на Спасовски.

dobivaj vesti na viber

На средбата Спасовски, се дополнува во соопштението, истакнал дека организацијата на ваков конгрес преставува голема чест за Република Македонија и меѓудругото кажал : „Имајќи во предвид дека во денешно време границите во ЕУ кај нас со проектот Отворен Балкан овозможуваат слободно движење на стоки и услуги , одредени криминални структури го злоупотребуваат ваквиот момент, интегрираното гранично управување кое опфаќа координација со домашните институции но и меѓународната соработка претставува вистински одговор на ваквите девијантни појави“.

,,Координацијата меѓу надлежните институции со брза размена на информации кај нас дава солидни практични резултати поради што Националниот координативен центар за гранично управување ја има целосната подршка во натамошното кадровско и техничко доосовременување притоа следејќи ги најновите технички достигнувања“, истакнал Спасовски.

Националниот координатор за гранично управување Владимир Пивоваров потенцирал дека организацијата на овој конгрес е идеална е можноста да се разменат искуства со останатите земји учеснички со што ќе бидат осознаени проблемите и ќе се изнајдат решенија за нивно надминување. Директорот Нил Вокер на средбата истакнал дека организацијата на овој конгрес е одлична можност за поставување на Република Македонија на мапата на земји со исклучително искуство во граничното управување и запознавање на сите делегации со начините на решавање на сите проблеми со кои се соочуваме во областа на граничното управување.

Прикажи повеќе...

Македонија

Регистрирани се 293 новозаразени со коронавирус, нема починато лице

Објавено пред

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 1.254 тестови, а регистрирани се нови 293 случаи на Ковид-19: Скопје – 157, Куманово и Битола – по 19, Охрид – 18, Тетово и Велес – по 15, Штип – 11, Прилеп – 8, Кавадарци – 7, Струмица – 6, Гостивар – 4, Кочани и Неготино – по 3, Радовиш – 2, Гевгелија, Ресен, Свети Николе, Делчево, Виница и Демир Капија – по 1.

dobivaj vesti na viber

Од вкупниот број на позитивни (293), регистрирани се 81 реинфекции.

Регистрирани сe 102 оздравени пациенти од: Скопје – 69, Битола и Куманово – по 7, Кавадарци – 5 , Прилеп – 3, Велес, Тетово и Кичево – по 2, Гостивар, Свети Николе, Пробиштип, Струмица и Неготино – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин нема регистрирано починато лице .

Направени се 1.254 тестови преку: ИЈЗ-170, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-16, ЦЈЗ Тетово-28, ЦЈЗ Куманово-36, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–117, Жан Митрев (Филип Втори)-22, Авицена-29, Биотек-106, Систина-49, лабораторија Лаор-7, Синлаб-3, Ремедика-14, Плодност-8, Генеа-8, Никоб лаб-37, ВФВ Медикал-14, Ели МедикаПлус-14, Ројал медика–0, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–3, Нова лаб дијагностика–2, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 462.

Досега во земјата се направени вкупно 2.085.639 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.794, бројот на оздравени пациенти е 304.341, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 1.126.

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје      148706, Активни   624
Куманово    16789, Активни    54
Битола      15854, Активни    71
Прилеп      14285, Активни    38
Тетово      13548, Активни    33
Кавадарци   10767, Активни    36
Велес 9863, Активни     43
Гостивар    9638, Активни     18
Охрид 9048, Активни     76
Штип  8130, Активни     29
Струмица    8116, Активни     20
Кичево      5673, Активни     9
Кочани      5128, Активни     20
Струга      4744, Активни     9
Гевгелија   4432, Активни     5
Неготино    3717, Активни     7
Ресен 2761, Активни     2
Свети Николе      2642, Активни     1
Радовиш     2539, Активни     7
Крива Паланка     2421, Активни     2
Делчево     1992, Активни     6
Берово      1693, Активни     1
Дебар 1684, Активни     3
Валандово   1488, Активни     0
Виница      1399, Активни     3
Пробиштип   1271, Активни     2
Богданци    1025, Активни     2
Кратово     969, Активни      0
Крушево     933, Активни      2
Демир Хисар 837, Активни      1
Македонски Брод   744, Активни      1
Демир Капија      595, Активни      1
Македонска Каменица     525, Активни      0
Пехчево     486, Активни      0
Дојран      352, Активни      0

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Ковачки: Ултиматум, не благодарам, народот кажува дека францускиот предлог е неприфатлив

Објавено пред

Предлогот кој владата на Ковачевски го прифаќа е неприфатлив за Македонија. Народот, интелектуалците, општествените чинители и експертската јавност гласно кажуваат дека овој предлог за почеток на преговори е штетен за Македонија и води кон две сценарија, кое од кое полошо за државата, едното е вечно преговарање, а второто е асимилација по диктат на Бугарија, истакна Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Овој предлог, како што вели Ковачки, преставува ултиматум кој во себе ги содржи сите бугарски барања.

„Тоа коешто владата се обидува да го протне како голем успех е всушност голема дипломатска катастрофа. Рамката во себе содржи протоколи или ако сакате годишни извештаи преку кои Бугарија ќе има директно влијание и учество во менувањето на учебници, споменици, ќе влијае кон менување на историски факти за настани и ликови кои директно задираат не само во македонската историја, туку и во македонскиот идентитет. Ова се понижувачки и недостоинствени позиции за Македонија. Друг да диктира лекции во учебниците, друг да диктира измени на Устав, друг да диктира дали некоја критика е говор на омраза или не. Понижување и порази“, вели Ковачки.

Очекуваме, додава тој, Владата да се вразуми.

„Десетици илјади граѓани секој ден јасно и гласно кажуваат ултиматум, Не благодарам. Владата треба да го послуша гласот на народот, а не да оди спротивно на неговата волја. ВМРО-ДПМНЕ стои зад овој став на граѓаните и затоа бара Ковачевски да ги прифати четирите суштински измени на предлогот, да прифати широка дебата преку работни групи во кои ќе се слушнат сите мислења и да се изгради заеднички национален став“, потенцира Ковачки.

„ВМРО-ДПМНЕ повторно ги повикува граѓаните и денес во 19 часот мирно, достоинствено и масовно да го искажат својот глас против ултиматумот. Во 19 часот ќе се собереме пред Владата и ќе маршираме кон Министерството за надворешни работи, институцијата која е одговорна за овој дипломатски пораз, а потоа ќе се упатиме до пред Собранието на Република Македонија каде што ќе го изразиме уште еднаш нашиот став против. Народот кажа ултиматум, не благодарам. Ковачевски и Владата треба да кажат дали стојат со или против својот народ“, потенцира пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

Ковачевски-Мишел: Предлогот предвидува чист македонски јазик, еднаков со останатите јазици членки на ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска имаше средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. На средбата премиерот Димитар Ковачевски и претседателот...

Топ2 часа

МВР: Четворица полицајци повредени на вчерашните протести пред Владата, запалено знамето на ЕУ

На вчерашните протести пред Владата биле повредени четворица полицајци, а било запалено и знамето на ЕУ, соопшти полицијата. Имено, вчера...

Македонија2 часа

Груби го пречека Шарл Мишел на скопскиот аеродром

Првиот вицепремиер Артан Груби на Меѓународниот аеродром Скопје го пречека претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел кој допатува во...

Македонија2 часа

Димитров: Тврдењето дека билатералниот протокол не е поврзан со рамката e голема лага

Тврдењето дека билатералниот протокол (историските и други прашања) не е поврзан со рамката (пристапниот процес) и дека тоа се два...

Топ2 часа

НСДП го прифати францускиот предлог

Извршниот одбор на Новата социјалдемократска партија (НСДП) сооопшти дека одлучи да го прифати компромисниот предлог на француското претседателство за решавање...

Македонија3 часа

Нуредини: Првите седум контејнери со линдан излегоа од државата

Првите седум контејнери со чист линдан, секој од нив тежок по 22-26 тони, вчера попладне излегоа од ОХИС и тргнаа...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Францускиот предлог е пораз на македонската дипломатија

Францускиот предлог, кој Владата е подготвена да го прифати, е крајно неповолен за Македонија бидејќи ги содржи бугарските барања. Тоа...

Македонија5 часа

Мицкоски одбил да учествува во работните групи за спорот со Бугарија, тврди СДСМ

Лажна и лицемерна е наводната загриженост на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на француското претседателство. Иако во текот на...

Свет6 часа

Уапсен осомничениот за убиство на шест лица на парадата во Чикаго

Американската полиција уапси осомничен за убиството на шест лица во масовното пукање на парадата на Денот на независноста во Хајленд...

Македонија6 часа

Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, синоќа го свика Стратешкиот совет за надворешна политика со цел одржување консултации за предлогот...

Македонија7 часа

Шарл Мишел во посета на Скопје

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денес пристигнува во посета на Скопје. Се очекува Мишел во рамките на посетата да...

Македонија17 часа

(Видео) Летаат јајца кон Собранието, демонстрантите бараат оставки

Демонстрантите од владината зграда се упатија кон Собранието, каде што ја пробија оградата и навлегоа во дворот на законодавниот дом. На...

Македонија20 часа

Лидерите на ДОМ, Демократскиот сојуз и ЛДП со резерва за францускиот предлог на средбата со Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, и со...

Македонија20 часа

(Видео) Маричиќ: Со официјалниот француски предлог го добивме она за кое се бориме со години

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на денешната прес-конференција со министрите за европски прашања на Финска и...

Македонија21 час

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Владата на својата официјална веб-страница го објави францускиот предлог интегрално преведен на македонски јазик. Oд Владата коментираат дека предлогот во...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски: Утре ќе биде владината седница, ако имаат разум да го слушнат народот

Утре ќе биде владината седница според нашите информации и затоа ја повикувам цела Македонија утре да дојде тука. Можностите се...

Свет1 ден

Близок соработник на Путин: Ако дојде до трета светска војна, прво ќе го гаѓаме Лондон

Близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Лондон може да биде првата стратешка цел во случај на трета...

Македонија1 ден

Преговорите со Бугарија не смеат да бидат тајни – подготвен документ на експертската јавност

Институтот за демократија и Институтот за европска политика подготвија заеднички документ како одговор на францускиот предлог за преговарачката рамка и...

Македонија1 ден

И Села го поддржа францускиот предлог

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, изјави дека го поддржуваат францускиот предлог, по средбата со премиерот Ковачевски. „Не се...

Македонија1 ден

Движење Беса: Го прифаќаме францускиот предлог, за време на уставните измени, да се отстрани „20%“ и да пишува албански јазик

Движењето Беса будно ја следи актуелната политичка состојба во земјава, особено во насока на деблокирање на евроинтегративниот процес на земјата...