Контакт

Македонија

(Видео) Манчевски бара оставки од сите роднини на функционери од опозицијата

Објавено пред

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски,  побара да се повлечат од работните места сите роднини на функционери, не само од власта туку и од опозицијата.

„Ургентно е да се повлечат и тие од власта, но и тие од опозицијата, нагласувам, многуте илјадници од опозицијата да се повлечат, сите податоци и за едните и за другите ќе ги доставиме до антикорупциската комисија“ рече Манчевски.

На прашање зошто сега се бараат откази откако изби скандалот со вработувањата, а СДСМ е на власт две години, тој повтори дека овие теми ги отвориле и кога биле во опозиција. Манчевски рече дека со години алармирале за непотизам додека СДСМ бил во опозиција, но тогаш јавноста не била толку гласна како сега и немало рекација од тогашните функционери.

Во однос на анализата што се прави за начинот на вработувањата и дали имало непотизам и судир на интереси, министерот рече дека извештаите ќе ги доставеле до ДКСК, а во иднина Манчевски посочи дека ќе се менува начинот на кој се бираат луѓе во јавната служба. Проблемот, според него, е во раководната служба и со новите законски решенија кои се во подготовка ќе се консултираат експерти, невладини организации и сл.

Македонија

Стратегиите при криза и кризна состојба тема на регионалната школа за безбедност во Струга

Објавено пред

Во Струга викендов се одржува шестата по ред Регионална школа за безбедност која има за цел да ги дефинира можните решенија и политики, како и потенцијалните оперативни мерки за надминување на предизвиците и подобрување на соработката, координацијата и спроведување на националните цели и политики за безбедност во земјите од Југоисточна Европа и ЕУ.

За време на регионалната школа ќе бидат организирани работилници, практични вежби од страна на припадници на Специјалната единица на МВР, Аеродромот ТАВ „Св.Апсотол Павле“ во Охрид и панел дискусии со кои ќе се овозможи идентификација на т.н „тесни грла“ во соработката.

Како што информираат организаторите, проектот нуди размена, соработка и зајакнување на довербата меѓу наставниците, студентите и практичарите од земјите од регионот.

Тематски области на школата се: Управување со кризи и справување со заедничките безбедносни предизвици; Управување со движења на бегалци и ефикасна гранична контрола; Значењето на соработката и размената на информации помеѓу безбедносните системи на земјите од Југоисточна Европа; Преговарањето како комуникациски процес во кризна состојба, криза или конфликт и Преговорите за решавање на билатерални спорови како алатка во решавањео на криза како политички процес и проблем во безбедоста и меѓународните односи.

Генерална тема на регионалната школа се: современите безбедносни предизвици, ризици и закани како резултат на нивото на интеракција помеѓу различните субјекти во рамките на глобалната безбедносна парадигма.

Со идентификуваните предизвици и проблеми, како и решенијата студентите, професорите и практичарите ќе излезат во јавноста и ќе бидат презентирани во конечен производ на знаења кои ќе бидат споделени преку конкретна публикација.

Регионална школа за безбедност се организира од Факултетот за безбедност-Скопје со поддршка на Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Вилфред Мартенс центарот за европски студии-Брисел, а во соработка со Центарот за истражување и креирање политики каде учество земаат студенти, професори и лица од пракса од Република Македонија, Република Хрватска, Република Србија, Црна Гора и други земји.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) За Спасовски писмото на ИВЗ е уцена, Османи повикува на дијалог

Објавено пред

Македонија е секуларна држава и апсолутно е непримерно во услови кога станува збор за судската власт и постапки пред судовите да имаме комуникација на уцени и закани,порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој повика на дијалог и потенцира дека недозволиви се уцени од било кого.

„Сметаме дека заканите се непрофатливи од било кого доаѓаат,во случајов се работи за едно писимо на ИВЗ кое е сериозна уцена. Повикувам на сериозен пристап, на одговорни луѓе личи добра комуникација. Оваа Влада на чело со Зоран Заев покажа дека има сериознен капацитет за дијалог и разговор, во тој дух да разговараме со секого, но никако нема да дозволиме уцени од било кого“, рече Спасовски.

И вицепремиерот Бујар Османи на денешната заедничка прес-конференција со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од граничниот премин „Богородица“ повика на дијалог за случајот со ИВЗ.

„Сметам дека треба да се деескалира дебата и да се седне да се разговара за сите отворени прашања, сме покажале во минатотот дека со седнување на маса може да се помогне на верските заедници во нивните барања кои ги сметаат за важни,“ рече Османи.

Вчера ИВЗ ја обвини Владата за бавната постапка за денационализација,како и за секојдневните проблеми кои ИВЗ ги имала од органите на власта кои ја попречувале во нејзината работа и секојдневната активност на одржување на верските објекти. Од ИВЗ посочија и дека се особено засегнати од нерешавањето на статусот на повеќе верски објектиа , а обвинија и дека Владата ја фаворизира МПЦ .

Ваквите обвинувања од Владата ги толкуваа како уцена и закана и потенцираа дека немаат намера да преземат чекори со кои би ги манипулирале верските чувства или би се мешала во односите внатре во верските заедници или помеѓу нив.

Прикажи повеќе...

Македонија

Откриена статуата на Света Мајка Тереза во Хрватска

Објавено пред

Пораки за мир, разбирање и меѓусебно почитување беа истакнати на денешното отоврање на статуата на Света Мајка Тереза во хрватскиот град Карловац. На свечениот настан присуствуваше министерот за дијаспора Едмонд Адеми, кој во својот говор високо го истакна ликот на Света Мајка Тереза.

“Како Албанец од Република Северна Македонија, почита и честа кон Мајка Тереза е дополнително посебен, знаејќи дека милосрдниот мисионер, е роден на 26 август 1910 година во Скопје како Ањезе Гонџа Бојаџиу”, рече Адеми.

Со Мајка Тереза се гордеат сите граѓани на Република Северна Македонија, без разлика на етничката или верската припадност. Со неа зе гордее целиот свет, додаде Адеми.

Тој меѓудругото се заблагодари на градот Карловац, како и на сите активисти од нашата дијаспора кои иницираа и придонесоа во воспоставување на статуата на Света Мајка Тереза, потенцирајќи дека денови како овој треба да не потсетат дека треба да продолжиме и да ја следиме мировната мисија на Света Мајка Тереза.

„Не можеме сите да правиме големи работи. Но сите можеме да правиме мали работи со многу љубов“, порача Адеми цитирајчи ја Света Мајка Тереза.

Во свеченото откривање на статуата на Мајка Тереза, присуствува и политички претставници од Република Хрватска, Република Албанија и Република Косово, како и разни други гости.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа35 минути

Над 30 уапсени на протестите во Париз, против „жолтите елеци“ ангажирана и војската

Повремени судири меѓу демонстрантите и полицијата избиваа денеска на улиците низ Париз и другите француски градови за време на протестите...

Топ3 часа

Затвореник во „Идризово“ избоден во тепачка со неговиот брат близнак

Во затворот „Идризово“ во Скопје, во претпладневните часови на 22 март дошло до крвав инцидент меѓу двајца браќа – затвореници....

Топ3 часа

(Видео) Османи за СЈО: Да продолжат преговорите, но и потрагата по двотретинско мнозинство

Да продолжат преговорите со опозициската ВМРО-ДПМНЕ за заеднички договор за судбината на СЈО, но истовремено да продолжат и разговори со...

Македонија4 часа

(Видео) За Спасовски писмото на ИВЗ е уцена, Османи повикува на дијалог

Македонија е секуларна држава и апсолутно е непримерно во услови кога станува збор за судската власт и постапки пред судовите...

Топ5 часа

Од Вардар извлечено тело на 20-годишно момче

Околу 10 часот утринава од водите на Вардар во близина на Гостивар, е извлечено безживотното тело на 20-годишно момче. Телото...

Свет7 часа

Уништена Исламска држава во Сирија, го изгуби и последното упориште

Иако поразот на Исламска држава во Багуз означува крај на власта над џихадистичката квази држава, која се простираше на делови...

Свет7 часа

Стотици илјади Британци на протест во Лондон, бараат втор референдум за брегзит

Неколку стотици илјади Британци од цела Велика Британија, денеска на улиците на Лондон бараат нов референдум за брегзит. Се очекува...

Свет8 часа

Противниците на новиот закон за авторски права најавија протести низ Европа

Илјадници демонстранти се очекуваат денеска да излезат на улиците низ Европа во пресрет на одлучувачкото гласање за реформа на законот...

Свет9 часа

Масовна тепачка на плоштад во Берлин – се степаа фанови на две Јутјуб ѕвезди

Спор меѓу две ривалски ѕвезди на Јутјуб каналот, предизвика масовна тепачка на плоштад во Берлин. Повеќе од 100 полицајци учествуваа...

Свет9 часа

Повторно отворени џамиите во Крајстчерч, први влегоа преживеаните од масакрот

Двете џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд, во кои беа убиени 50 луѓе, денеска се повторно отворени откако претходно...

Свет23 часа

Туск: Сè е можно до новиот рок за брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека сè е можно до новиот рок за брегзит одреден за 12 април...

Македонија1 ден

Власта и опозицијата без договор за СЈО

Без договор помина и денешниот состанок на работните групи на власта и опозицијата за Законот за јавното обвинителство, со кој...

Македонија1 ден

(Видео) „Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фета Алими

Група граѓани се собраа денеска на протестен марш, на кој побараа осолободување на Абдулфета Алими, кој е осуден за крвавиот...

Македонија1 ден

Кавга меѓу ИВЗ и Владата: Реџепи си го бара имотот, Заев се жали дека е уценет

Нерешените спорови за денационализација ги скараа Владата и Исласмата верска заедница (ИВЗ). Од ИВЗ обвинуваат дека Владата е селективна и...

Македонија1 ден

Ѓорче Петров донираше за социјално загрозеното семејство од Долно Лисиче, од општина Аеродром ниту трага, ниту глас

Трајче Конески и Моника Антевска од Долно Лисиче заедно со своите две деца, 9 годишниот Бојан и 2 годишната Бојана...

Избори 20191 ден

(Видео) Утврден редоследот на кандидатите за претседател на гласачкото ливче

Блерим Река, Гордана Силјановска, Стево Пендаровски – под овој редослед ќе бидат испишани претседателските кандидати на гласачкото ливче, одлучи жрепката...

Топ1 ден

Во Прилеп, 19-годишник со „голф“ удрил во дете на велосипед

На крстосница меѓу прилепските улиците „Мукос“ и „Шаќир Војвода“ во претпладневните часови на 21 март, 19-годишен прилепчанец управувајќи автомобил „голф“,...

Регион1 ден

Рачна бомба фрлена врз рускиот конзулат во Атина

Рачна бомба е фрлена утрово во дворот на руската амбасада во Атина. Грчката полиција соопшти дека гранатата експлодирала, нема повредени,...

Регион1 ден

Лавров: Западот прикрива злосторства на НАТО во Југославија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека западните земји ги прикриваат злосторствата извршени за време на воената операција...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Терористите од ИСИС добија три пати помали казни од осудените за 27-ми април

ВМРО-ДПМНЕ утрово оцени дека е срамота што  терористите од ИСИС, добиле три пати помали казни од осудените за 27-ми април „Срамен...

Досие