Контакт

Македонија

Манчевски: НАТО и ЕУ го препознаваат спротивставувањето на хибридните закани

Објавено пред

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, учествува на втората „Тркалезна маса за лидери на високи позиции, посветена на хибридните закани поврзани со информациите“, финансирана од програмата „Наука за мир и безбедност“ и коспонзорирана од Министерството за одбрана на САД.

Во наредните неколку дена во Охрид, учесниците, меѓу кои истакнати академици, правни експерти и практичари од високо ниво, ќе имаат можност да дискутираат на теми поврзани со заканите што влијаат врз политичките, територијалните и економските аспекти на една земја, преку разните информации, дезинформации, неинформирањето и медиумите, традиционалните или социјалните.

Главен предавач на настанот е Марк Лајти, директор на Секторот за комуникации при Врховниот штаб на НАТО, сојузничките сили во Европа (SHAPE).

„Од 2016 година наваму НАТО и Европската Унија го препознаваат спротивставувањето на хибридните закани како приоритет за соработка и за нас како Влада претставува потврда за нашите заложби, што веќе сме дел од оваа мрежа за соработка. Хибридните закани се разновидни и постојано се менуваат, а за справување со нив неопходна е соработка и координација меѓу многу државни институции. Во моментот сме во фаза на дефинирање критичка инфраструктура и организирање нејзина одбрана. Нашите тимови неуморно работат со поддршка на нивните колеги од меѓународната заедница”, истакна министерот Дамјан Манчевски.

Посочувајќи го примерот на Финска, која отпорноста против таканаречените хибридни закани ја претвори во национален концепт, министерот Манчевски ги посочи активностите на Владата на Северна Македонија во насока на подобрување на комуникацијата и транспарентноста, што ќе доведе до побивање на лажните информации.

„Владата веќе изработи комуникациска стратегија и стратегија за отворени податоци, во завршна фаза е и стратегијата за транспарентност, а активно работиме и на планот за борба со дезинформациите и лажните вести. Во однос на јакнење на капацитетите за сајбер-безбедност, првпат изработивме стратегија и скциски план за сајбер-безбедност. Исто така, неопходно е континуирано да се развиваме и да поддржиме квалитетно и независно новинарство во каква било нова форма во која тоа ќе еволуира. Сепак, професионалното новинарство е во нераскинлива врска со функционирањето на демократијата“, истакна министерот Манчевски.

На тркалезната маса ќе земат учество лидери на високи позиции од над 20 држави од Европа, од Соединетите Американски Држави и од НАТО.

Тркалезната маса е во организација на Универзитетот „Џорџ Мејсон“ од САД, Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ – Скопје и Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии од Сараево.
Настанот се одржува во октомври како месец посветен на борбата со сајбер-криминалот и за јакнење на капацитетите на државите за сајбер-безбедност.

Македонија

Продолжено работно време за угостителите во Гостивар, бара Таравари

Објавено пред

Советот на општината, по предлог на градоначалникот Арбен Таравари, се очекува во четврток да донесе одлука за продолжување на работното време за хотелските објекти за уште два часа, информираат од општината.

Таравари, како што стои во писмениот допис, предлага наместо до полноќ, во работните денови, работното време да трае до 02:00 часот, а за време на викендите од наместо до 01:00 да трае до 03:00 часот.

„Ваквиот предлог, доаѓа во време кога нашите сонародници се во својот роден крај, но исто така и за да можат кафулињата и рестораните да работат бидејќи подолг период беа затворени поради пандемијата. Градоначалникот Таравари очекува неговиот предлог да наиде на едногласна поддршка од советниците на седницата во четвртокот, што ќе биде последна на сегашниот состав согласно законот, бидејќи се очекува да бидат распишани локални избори и овој Совет, освен за итни случаи, нема да може повеќе да се собере. Доколку предлогот помине на Совет, сопствениците на угостителските објекти нема да бидат обврзани да поднесат барање за продолжување на работното време, бидејќи сите институции ќе бидат веднаш известени за новата одлука“, стои во соопштението.

Од Општина Гостивар потсестуваат дека минатата година, општината ги ослободи угостителите од плаќање на општински такси со цел да ја ублажи финансиската криза што ја претрпе овој сектор од коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шахпаска: 38 деца со интелектуална попреченост ќе добиваат нега во Дневниот центар во Липково

Објавено пред

Во новоизградениот специјализиран Дневен центар во с. Оризаре, 38 деца со интелектуална попреченост од општината Липково ќе бидат подготвувани за соодветно вклопување во редовниот образовен систем. Подготовката ќе ја врши стручен тим составен од рехабилитатор и едукатор, логопед, психолог, социјален работник и физиотерапевт.

Целта на предвидената индивидуална, групна и окупациска терапија на децата со попреченост е од најмала возраст тие да ги стекнат и да ги развиваат вештините за секојдневниот живот. Децата ќе ги учат навиките за исхрана, хигиена и за одржување на сопственото здравје, но ќе ги стекнуваат и воспитните, социјалните, културните и рекреативните активности. Во Центарот ќе бидат организирани и советувања и работилници за помош на родителите на овие деца.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, рече дека преку Дневниот центар и најмалите реално ќе ги почувствуваат социјалните реформи што ги презема Владата.

„Целта на социјалната реформа е да се приближат социјалните услуги до корисниците, до граѓаните. Да се зголеми опфатот на граѓаните што влегуваат во системот на социјална заштита, да се подобри квалитетот на социјалните услуги, а со тоа се подобри и нивниот живот. Дополнително, да се намали невработеноста и да се подобри животниот стандард на сите граѓани“, рече Шахпаска.

Таа изрази задоволство што општина Липково добива нов Дневен центар за деца со попреченост со капацитет за 38 деца со попреченост на возраст од 2- до 14-годишна возраст. Суштината на ваквите реформи, посочи таа, е да се поддржат ранливите категории, во случајот децата со попреченост.

Mинистерката Шахпаска денеска на здружението „Имаго плус“ му ја предаде дозволата за вршење дејност од социјална заштита за услугата нега на деца со попреченост

Во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика засега поддржани се 19 проекти во 24 општини. Повеќето од овие проекти (16) се наменети за помош и нега на стари лица во домот, а по еден се за помош на стари лица во дневен центар, за рехабилитација на деца со попреченост и проект за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост во локалната средина. За давање на услугите обучени се 300 лица, а се очекува да бидат опфатени околу 900 корисници. Една од главните цели на социјалната реформа е услугите да им бидат полесно достапни и на корисниците од руралните и најоддалечени региони во државата, информираат од Министерството.

Додаваат дека набргу ќе биде објавен нов јавен повик за дополнителни проекти за општините што не успеале да аплицираат на првиот повик, а за таа потреба континуирано се прави мапирање на потребите на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Арсовски: Пресудата за 27 април е неоснована, судиите кои му слугуваат на Заев наскоро ќе треба да дадат одговори

Објавено пред

Денешната одлука на судот за 27 април е темпирана и планирана прeсуда која има за цел да создава страв кај политичките непријатели на Зоран Заев и целосно ја сруши демократијата во државата, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Ваквата пресуда не е ништо друго туку продолжување на праксата на власта да се изживува со судбини, во случајот со лица кои во постапката покажаа дека се невини, а судот пресудителната одлука ја темели само на исказ на човек со дебело криминално досие. Целата пресуда се темели на исказот на Александар Василевски – Нинџа, човек со дебело криминално досие, што го потврди и судот. Судот верува во човек со криминална историја. А, во случајот ‘Рекет’ за исказите на Бојан Јовановски кои што ја компромитираат обвинителката Русковска, Љубомир Јовевски кажа дека судот не ги зема во предвид исказите на лица чиј наводно кредибилитет бил сомнителен“, нагласи Арсовски.

Партискиот портпарол предупреди дека судиите и обвинителите кои, како што рече, му слугуваат на Заев треба да знаат дека брзо ќе дојде време кога ќе треба да дадат одговор за сите вакви одлуки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Двајца починати и 10 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 10 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а 16 пациенти оздравеа,...

Економија5 часа

Поевтинуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија5 часа

(Видео) Јанакиески за притворот: Ова е малтретирање и изживување со човекови судбини

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, по објавувањето на пресудата за „27 април“ со која беше осуден на 6...

Македонија6 часа

Пресуда за Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски – осудените плански го организирале упадот со цел да се зачува власта

Судот ги изрече пресудите за организаторите за упадот во Собранието на 27 април –  поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е...

Македонија6 часа

Трајко Вељаноски осуден на 6,5 години затвор, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески на 6 и 3 месеци, а Владимир Атанасовски на 6 години затвор

На судењето за организаторите за упадот во Собранието на 27 април, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е осуден на...

Европа7 часа

(Видео) Големо невреме во Лондон: Поради поплави затворени осум метростаници и две болници

Силен дожд и грмотевици го погодија Лондон што предизвика поплави во некои делови на главниот град на Британија, поради што...

Македонија7 часа

Заев: Скопје никогаш нема да заборави на жртвите од земјотресот и солидарноста по него

Катастрофалниот земјотрес пред 58 години за само 20 секунди го запре животот на Скопје и им го одзеде животот на...

Свет9 часа

Фаучи: Најверојатно ќе биде потребна трета доза од вакцината

Водечкиот американски експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, процени дека на вакцинираните Американци чиј имунолошки систем е загрозен, може да...

Македонија9 часа

Сеќавање за жртвите – Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година во кој 1.070...

Македонија10 часа

Почнува вакцинирањето во домашни услови

Од денеска граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да примаат вакцина...

Македонија1 ден

Охридското Езеро засега го задржува статусот на УНЕСКО

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на својата 44 сесија, која се одржува во Фуџу, Кина, донесе одлука Природното и...

Регион1 ден

Возачот на косовскиот автобус признал дека задремал зад воланот, загина и неговиот колега

Хрватската полиција го уапси возачот на косовскиот автобус кој денеска излета од автопатот кај Славонски Брод, Хрватска. Најмалку 10 лица...

Македонија1 ден

МНР купи електрични тротинети за вработените, набавката била дел од проектот „Зелена дипломатија – новото нормално“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги промовираше електричните тротинети, набавени за користење од страна на вработените во министерството, образложувајќи...

Свет1 ден

(Видео) Невреме повторно ја погоди Белгија, поплавата носеше возила

Силно невреме повторно ја погоди Белгија и предизвика штета, десет дена по поплавите во кои загинаа 36 лица. Возилата во...

Македонија1 ден

Скопје добива легални ѕидови за слободно користење на уличните уметници

Како дел од активностите на кандидатурата на Град Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“, назначени се две...

Македонија1 ден

Мал процент на граѓани се заразиле со Ковид по две дози вакцина, од утре вакцинација и дома

Само 0,02 отсто од македонските граѓани се заразиле со коронавирус по вакцинацијата. Конкретно, од вкупно 330.320 граѓани со примени две...

Македонија1 ден

Гужви на Богородица и Табановце, за влез и излез во државата се чека и до 45 минути

Големо раздвижување на граничните премини има утрово. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека на граничните премини Богородица и Табановце задржувањето за...

Македонија2 дена

Силно сме спротивставени на корупцијата, велат од Владата по извештајот на Стејт Департментот

Силно сме спротивставени на корупцијата – за разлика од претходната, оваа Влада сериозно ги зема предвид и постапува по меѓународните...

Македонија2 дена

Заев: Во првиот круг секој ќе настапи со свој кандидат, а во вториот ќе коалицираме со ДУИ, БЕСА и ДПА

Бидејќи сме коалициони партнери со ДУИ, БЕСА и со ДПА, заедно ќе настапиме за локалните избори, изјави премиерот и претседател...

Македонија2 дена

Регистрирани 37 нови случаи на коронавирус, најмногу во Тетово и Скопје

Во последните 24 часа се направени 4.264 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Тетово – 13, Скопје...

Досие