Контакт

Македонија

Маричиќ во работна посета на Стразбур

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, престојува во работна посета на Стразбур.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на посетата вицепремиерот Маричиќ во Советот на Европа ќе се сретне со Меглена Кунева, амбасадор на ЕУ при Советот на Европа, и со генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ-Буриќ.

Во фокусот на разговорите ќе биде европската перспектива на земјата, како и искуството на Бугарија во водењето пристапни преговори со Унијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

СДСМ: Го поздравуваме тоа што антикорупциска отвори предмет, Велковски да поднесе оставка

Објавено пред

„Според информации во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата отворила предмет за незаконското назначување од страна на Данела Арсовска на Ѓоко Велковски за секретар на Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

Тоа е за поздравување.

Велковски е незаконски назначен од Арсвоска, прекршен е членот 44 од Законот за спречување корупција и судир на интереси.

Тој истовремено е и советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Чаир, за што добива месечен паушал од 18.000 денари, додека како секретар на Градот тој има плата од околу 50.000 денари.

Овој случај на грубо прекршување на законите мора да добие разрешница, а Велковски мора да се повлече од функцијата на која е незаконски поставен од страна на Арсовска.

Сите инволвирани во овој случај мора да бидат санкционирани соодветно законите.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува по старо, со прекршување на законите и партизација на институциите работи на штета на граѓаните“.

Соопштение на СДСМ

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Одговорноста за ветото од Бугарија ја носи СДСМ

Објавено пред

Европската перспектива на Македонија е во ќор-сокак поради аматеризмот на дипломатијата на СДСМ. Впрочем, тоа им го кажа и нивниот поранешен лидер Црвенковски, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Поради кариеристичките амбиции на Зоран Заев, менторот на Димитар Ковачевски, беше потпишан договор, кој даде рамка на негаторските барања од одредени кругови во Софија, кои сега се пречка на македонскиот пат кон ЕУ.

Ковачевски треба да престане да се прави паднат од Марс. Одговорноста за ветото од Бугарија ја носи СДСМ. Патем, и тој како и неговиот претходник ги лаже граѓаните сите овие години.

Токму Владата на Ковачевски и СДСМ е втемелена на вакви манипулации на крајот на минатата година и почетокот на оваа кога самокиднапиран човек уверуваше дека само што не сме почнале со преговорите, па имаше шпекулации со датуми, како декември, јануари, март, април итн.

Македонија заслужи почеток на преговорите многу одамна, но СДСМ на Ковачевски постави пречка.

Нека не помислува Ковачевски да прави компромиси, кои задираат во македонскиот идентитет, компромиси базирани на антиевропските резолуции на бугарскиот парламент, затоа што тоа граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволат“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Груби – Ќучук: Да продолжи дијалогот за брзо решавање на спорот со Бугарија

Објавено пред

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, се сретна денес со бугарскиот европратеник и известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

dobivaj vesti na viber

На оваа средба Груби и Ќучук разговараа за досегашниот тек на преговорите со соседна Бугарија, потребата од нивно динамично продолжување со уште поконструктивен пристап за деблокирање на интеграцијата на нашата земја во Европската Унија, како и за билатералните проекти, кои ќе ги продлабочат добрососедските односи.

Првиот вицепремиер Груби на бугарскиот европратеник му ги истакна решителноста и непоколебливоста на земјата на патот на евроинтеграциите, но и го информира за унапредувањето на работниот процес за реализација на Коридорот 8, најголемиот инфраструктурен проект, што поефикасно ќе ги поврзе двете земји.

Европратеникот Ќучук му ја пренесе на Груби својата посветеност за континуираното лобирање за геополитичката важност на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.

Груби и Ќучук ја завршија средбата со оптимизам за европската перспектива на Северна Македонија и за прогресивниот развој на двете земји.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Од денес повторно отворена македонската амбасада во Киев

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на посетата на Украина ја отвори Амбасадата на Република Северна Македонија во...

Македонија2 часа

Османи: Слободата на Северна Македонија и секоја друга европска земја денеска се брани во Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на посетата на Украина оствари средба со својот домаќин Дмитро Кулеба. Ова...

Свет2 часа

Лавров: Западот ѝ објави тотална војна на Русија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги обвини западните земји дека водат тотална војна против Русија и рускиот народ...

Македонија3 часа

(Видео) Црвенковски: Договорот со Бугарија со формулацијата „заедничка историја“ беше голема грешка

Договорот со Бугарија не само што не затвори ниту едно прашање туку, напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа...

Македонија4 часа

Во Софија вонреден коалициски совет за Северна Македонија

На вонреден состанок на коалицискиот совет вечерва ќе се соберат владините партнери. Средбата е по барање на премиерот Кирил Петков....

Регион4 часа

Русија протера петмина хрватски дипломати

Русија прогласи за непожелни пет хрватски дипломати во хрватската амбасада во Москва, а на хрватскиот амбасадор му беше врачена нота....

Свет4 часа

Најбогатиот човек во Украина и сопственик на „Азовстал“ ќе ја тужи Русија

Најбогатиот човек во Украина и сопственик на фабриката за челик „Азовстал“, Ринат Ахметов, вели во Мариупол дека планира да ја...

Македонија5 часа

Османи во Украина: Она што го видов ме убеди колку е оправдан нашиот став за агресијата

Во рамките на својата работна посета на Украина, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, придружуван од претставници на украинската Влада,...

Македонија6 часа

Земјотрес утрово регистриран во Тетовско

Земјотрес од 3,6 степени утрово го стресе Тетовскиот Регион, а беше почувствуван и во Скопје. Според податоците, земјотресот се случил...

Свет7 часа

Медведев: Условите на Зеленски се категорични до идиотизам

Дмитриј Медведев денеска изјави дека условите што му ги постави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за примирје не се остварливи....

Свет7 часа

САД подготвуваат досега најмоќно оружје против Русија

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден се подготвува да го зголеми оружјето на Украина. Администрацијата има намера да го направи...

Свет19 часа

Лавров: Испораката на оружје способно да погоди руска територија е чекор кон неприфатлива ескалација

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека „испораката на оружје за Украина способно да ја погоди руската територија...

Економија21 час

Ковачевски: Во ребалансот на буџетот направиме намалување на непродуктивните трошоци, нè oчекува тешка зима

„Ребалансот на буџетот е насочен главно кон справување со економската криза, ревидирање на фискалните проекции, реконструирање на буџетските расходи, зачувување...

Спорт21 час

РК Вардар го прегази Тиквеш и го потврди 15. шампионски пехар (ФОТО)

Македонскиот ракометен првак Вардар ја освои двојната круна оваа сезона, откако денеска со триумфот против Тиквеш (37:25) го потврди и...

Економија24 часа

Путин: Санкциите против Русија му се вратија на Западот како бумеранг

Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека антируските санкции се вратиле како бумеранг за оние што ги применувале бидејќи, како...

Македонија1 ден

Кривични пријави за двајца управители во ЕВН и за петмина други за продажбата на парцели во Делчево

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против седум лица за продажбата на парцели на ЕВН во Делчево за изградба...

Македонија1 ден

Собранието: Деловникот дозволува можност за затворање на вратите на салата на барање на претседателот

Проѕирна е намерата на опозицијата, која сите овие години ја опструира работата на законодавниот дом и оневозможува донесување битни закони...

Топ1 ден

Дете загина во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес

Едно дете загина, а две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес. Според информациите од...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесат интерпелација за Талат Џафери

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе поднесат интерпелација на претседателот на Собранието, Талат Џафери, најави координаторот...

Европа1 ден

Кадиров ѝ се заканува на Полска: Ако добиеме наредба, за шест секунди ќе ви покажеме на што сме способни

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ѝ се закани на Полска. Тој на својот канал на „Телеграм“ објави видео во кое вели...