Македонија
Маричиќ до претставничката на УНИЦЕФ: Правдата за децата е дел од преговорите со ЕУ

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, денеска, се сретна со претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција ди Џовани, на која се дискутира за подобрување на системот за правда за децата во Северна Македонија.
Во таа насока се дискутира и за подобрување на третманот на децата кои се дел од воспитно-поправниот систем и се во судир со законот во насока на нивна рехабилитација и изнаоѓање алтернативни форми за рехабилитација покрај институционализацијата, односно сместување во воспитно-поправен дом.
Маричиќ потенцира дека децата заслужуваат шанса во животот и дека вината за нивното несоодветно однесување и судирот со законот најчесто треба да ја бараме на друго место. Министерот додаде дека колку повеќе ги подигнеме стандардите за ресоцијализација на децата толку Северна Македонија ќе биде похумано и погрижливо општество.
Како министер за правда, Маричиќ истакна дека ќе стори сè што е во негова надлежност да ги унапреди правата на децата и истакна дека правдата за децата е дел од преговорите со ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов обид да ѝ се суди на кумановката Филиповиќ која го прегази дедото во Скопје

Нов обид да започне судењето за од сообраќајката на мостот „Гоце Делчев“ каде загина 76-годшниот Слободан Ангеловски, ќе има денеска во Кривичниот суд. Откако првото рочиште се одложи, по половина месец, на обвинителна клупа повторно седнува возачот Гордана Филиповиќ која го управуваше возилото „БМВ Х5“. Таа е и мајка на кумановката Јелена која имаше 17 години, а пред три години загина во сообраќајна несреќа.
Овој предмет го суди судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, која претходно донесе осудителни пресуди за убиството на Денис Тот.
Претходното рочиште за сообраќајката на мостот „Гоце Делчев“ која се случи пред девет месеци се одложи бидејќи адвокатот на обвинетата Филиповиќ беше на друго, поважно судење. До Кривичниот суд е доставено и сообраќајно вештачење од Филиповиќ, кое треба да послужи како нејзина одбрана во процесот.
На денешното рочиште ќе се одреди динамиката на судењата и ќе се закажат нови расправи.
Македонија
Без вода делови на Карпош

Поради технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа денеска без водоснабдување од 09,00 часот ќе бидат корисниците од о. Карпош, од следниве улици: Дрезденска, Алжирска, Каирска, Борка Талевски, дел од Њуделхиска, Римска, Бахар Моис, дел од Анкарска, дел од Атинска, Панче Пешев и Наум Евро.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот
Македонија
Без струја повеќе делови на Скопје

Поради технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:
· Од 11,00 до 12,00ч. с.Ракотинци околу школото (о.Сопиште);
· Од 09,00 до 11,00ч. ул. Христијан Тодоровски Карпош од бр. 98 до бр.104 (о. Бутел);
· Од 10,00 до 14,30ч.корисниците од с. Чајлане и с. Паничари (о. Сарај);
· Од 11,00 до 14,00ч. корисниците околу бр.10 од ул. Фредерик Шопен (о. К. Вода );
· Од 10,00 до 12,00ч. Индустриска зона Чојлија, фирмите Џанвики и Фарма Роли (о. Петровец) и
· Од 09,00 до 14,00ч. дел од ул. Тодор Чангов бр. 4Б и бр. 44 (о. Аеродром)