Македонија
Маричиќ потпиша правилник за зголемување на платите на судската полиција

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во присуство на претставниците на УПОЗ и Независниот синдикат на судската полиција, го потпиша правилникот за зголемување на платите на судската полиција.
Со ова, велат од Министерството, се решава долгогодишниот проблем на овие службеници, кои бараа зголемување на платите, а потпишувањето на правилникот е резултат на повеќемесечните преговори.
Со него се предвидува процентуално зголемување на платата во зависност од тоа во кој суд работат службениците. Зголемувањата изнесуваат од 8 до 18 %. Најголемо зголемување добиваат Основниот кривичен и Основниот граѓански суд во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„МГ Фешн“: Сакаме да инвестираме во парк и фонтана со површина колку градскиот плоштад на паркингот кај „Холидеј ин“

На денешната прес-конференција компанијата инвеститор на проектот „Гранд Скопје“, „МГ Фешн“, понуди соработка на Општина Центар за инвестирање во изградба на нов, урбан јавен простор од 7.322 метри квадратни, во градежната парцела 1.4 од проектот.
Одговорните архитекти на проектот нагласија дека важечкиот ДУП на оваа градежна парцела не предвидува градба на објекти, туку само фонтана со спомен-обележје. Она што инвеститорот го нуди како решение за парцелата е уредување на просторот со разновидно парковско зеленило, налик на светските уредени урбани паркови и простори оплеменети со современа фонтана и урбана смарт опрема. Површината на градежната парцела 1.4 е со приближна големина како и плоштадот Македонија и нуди можност за дополнително заживување и модернизирање на овој дел од центарот на градот, а за граѓаните кои се сопственици на приватните парцели од ГП 1.4, предвидено е обештетување во истиот сооднос како и за останатите сопственици чии парцели се опфатени со новите објекти.
Дополнително, компанијата изрази подготвеност за соработка со Град Скопје, Шумарски факултет и зелените организации да изготви решение и да инвестира и во обновување на делот од Кејот 13 Ноември кој се протега по должина на локацијата.
Архитектот Илија Божиновски, управител на компанијата „МГ Фешн“, истакна дека на овој начин, со вклученост на сите засегнати страни ќе се обезбеди заживување и осовременување на просторот, преку обновување, поплочување и обезбедување нова урбана и смарт опрема за граѓаните.
ПР
Македонија
СЗО: Состојбата во земјите од Западен Балкан е сериозна

Претставничката на Европската канцеларија на СЗО, Кетрин Смолвуд, предупреди на состојбата со коронавирусот во земјите од Западен Балкан е сериозна.
Смолвуд за РТС изјави дека тоа што болниците се пренаменуваат за пациенти со Ковид-19, значи дека другите видови медицински услуги се нарушени и одложени, што сугерира на фактот дека системот ќе биде оптоварен и во иднина.
„Тоа значи дека треба да ги примениме сите мерки, без чекање, за да се намали стапката на зараза“. вели таа.
Како што додаде, СЗО внимателно ги следи мутациите.
„Можно е ефикасноста на некои вакцини да е помала во случаите со мутациите, но тоа не значи дека не функционира“, рече Смолвуд.
Македонија
Скопје за првпат добива вистински вертикални градини

Скопје за првпат ќе добие вистински вертикални градини по светски стандарди. На денешната прес-конференција, по повод изградбата на новиот комплекс „Гранд“, чиј инвеститор е компанијата „МГ Фешн“, главните архитекти на проектот меѓу другото ги претставија и зелените вертикални градини кои се предвидени да бидат дел од комплексот.
Архитектите истакнаа дека станува збор за прв проект кој ќе вклучува зелени вертикални градини од овој тип. Покрај тоа што создаваат здрава средина за жителите, вертикалните градини придонесуваат за регулирање на влажноста на воздухот, апсорбирање на СО2 и други загадувачи, филтрирање на честичките од прашина, апсорбирање на бучавата, но и редуцирање на потрошувачката на енергија со намалување на температурата на воздухот во летниот период. Дополнително, овој дел од предвиденото зеленило обезбедува чувство на приватност и пријатност во урбаната средина и концепт, беше истакнато на прес-конференцијата.
Архитектите нагласуваат дека објектите се проектирани и дизајнирани на специфичен начин, со цел да одговорат на посебните барања и потреби за поставување, односно садење, одгледување и одржување на вертикалните градини.
Предвидените објекти ќе бидат со адаптиран дизајн за поставување на ваквиот вид зеленило. Проектирани се со наизменично протегање, прилагодена големина на терасите и соодветни висини, со цел да се обезбеди стеблата на дрвјата и растенијата да се извишуваат нагоре. Во објектите ќе биде имплементиран и посебен систем за одржување и наводнување, а во склоп на терасите ќе има посебно дизајнирани саксии и жардиниери, кои ќе овозможат дренажа и одводнување на водата.
Во однос на типот на зеленило кое ќе биде поставено, беше истакнато дека ќе се одбере локално зеленило, согласно локалните климатски услови, ветровите, длабочината и агресивноста на коренот итн. Проектот го надминува законскиот минимум од 20% зеленило од парцелата и во истиот се предвидени 6.520 м2 зелени површини, каде не се вкалкулирани вертикалните градини кои се дел од идејните решенија.
(ПР)
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш