Контакт

Македонија

Маричиќ: Прочистувањето на правосудството треба да биде спроведено објективно и непристрасно

Објавено пред

Mинистерот за правда, Бојан Маричиќ, го одржа првиот брифинг за медиумите на кој ја претстави реформската агенда на Министерството за правда и даде повеќе детали за жешките прашања во ресорот.

Прочистувањето на правосудството беше клучната тема на овој брифинг, а секако овде спаѓаат и темите како ревизијата на судските случаи и кадровското зајакнување на правосудството.

Маричиќ истакна дека целта на овие процеси е да се врати довербата на јавноста во правосудството, имајќи предвид дека за одредени предмети кривичниот прогон прекинал поради застарување на делото, но и дека на дел од предметите им се заканува слично сценарио.

Тој прецизираше дека прочистувањето треба да биде спроведено објективно и непристрасно, односно да се лоцираат обвинителите и судиите кои работат нечесно, а потенцираше дека тоа нема да биде процес на прогон. Токму затоа, министерот Маричиќ најави дека процесот на прочистување мора да биде кредибилен процес во кој јавноста треба да има доверба, а во кој судиите и обвинителите, стручната јавност и меѓународните партнери мора да бидат вклучени.

Во однос на почетокот на формалниот почеток на преговорите со ЕУ, Министерот Маричиќ истакна дека очекува во декември оваа година, за време на германското претседателство, Република Северна Македонија да ја има првата меѓувладина конференција. Маричиќ истакна дека втората половина на наредната година би требало да се отворат преговорите за Поглавје 23: Правосудство и фундаментални права.

ЕУ-мониторингот на судските случаи се очекува да почне на почетокот на идната година, околу 50 случаи годишно под мониторинг на ОБСЕ брифираше министерот Маричиќ. Тој додаде дека станува збор за процес кој треба да ја зголеми довербата на јавноста во правосудството, но и да ја увери Европската Унија дека навистина се спроведуваат законските принципи и во конкретни случаи, особено случаи на висока корупција.

На прашањето за тоа дали постои резервираност од страна на Судскиот совет и Советот на Јавните обвинители во однос на прочистувањето или, пак, сакаат да соработуваат, Маричиќ одговори дека во првиот круг на средби сите се заинтересирани да се покажат резултати во правосудството.

„Нормално судската власт е посебна, но делот на зајакнување на одговорноста, отчетноста и ефикасноста и тоа како е работа на Владата. Моја клучна порака беше дека во тој дел ќе мораме заедно да работиме и да испорачаме резултати. И од претседателот на Судскиот совет и од претседателот на Советот на Јавни обвинители добив уверување дека заедно ќе работиме на овој модел, секако државниот јавен обвинител и претседателот на Врховниот суд, дека сите тие ќе се вклучат ефективно во креирањето на моделот, но и во неговото спроведување. Без партнери во овие клучни институции тешко ќе успееме“, истакна Маричиќ.

Македонија

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до 18 октомври пријавени се 49 смртни случаи од коронавирус од 16 градови, што е зголемување од 58,1% во однос на минатата недела.

Во однос на возраста, 38 лица биле над 60 години, девет лица на возраст од 50-59 години и два смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години. Коморбидитети се регистрирани кај 35 починати лица.

В извештајниот период тестирани се вкупно 13.213 лица, а регистрирани сe 2.676 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со зголемување од 19,3% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 години (20,9%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49  години – 19,5%, 20-29 – 17,6%, над 60 години – 17,5% и 50-59 години – 16,6%. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 години – 3 %) и од 10-19 години – 5 отсто.

Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 20,3%.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени, регистрирани се 96 (7,3%) хоспитализирани, а кај 305 (23,3%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 470 (35,9%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 26 (2,0%) лица со историја на патување во последни 14 дена.

По добиени два негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.089 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 25% повеќе во однос на минатата недела.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи: Хрватска ја сметаме за партнер внатре во ЕУ за остварување на нашите европски амбиции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, својата работна посета на Хрватска ја започна со средба со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. Османи упати благодарност до Пленковиќ за континуирана поддршка на Хрватска и исклучителниот ангажман за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската Унија, под чија палка Советот на ЕУ постигна консензус и ја донесе одлуката за почеток на пристапните преговори со Република Северна Македонија и Република Албанија.

„Ние во пријателска Хрватска имаме искрен партнер, традиционален поддржувач на нашите аспирации за интегрирање во европското семејство. Особено го цениме фактот што Хрватска во сиот изминат период цврсто веруваше во Република Северна Македонија, како важна алка во создавањето и одржувањето на стабилноста во регионот“, нагласи Османи.

Премиерот Пленковиќ истакна дека Хрватска ќе продолжи со силната и одлучна поддршка за евроинтеграцијата на Северна Македонија, гласно ќе се залага во процесот на усогласување на преговарачката рамка и формалното започнување на пристапните преговори со одржувањето на првата Меѓувладина конференција, до крајот на оваа година.

Во текот на денот министерот Османи ќе оствари средба и со својот хрватски хомолог Горан Грлиќ Радман, а во рамките на посетата, ќе оствари посета и на хрватскиот Сабор, каде што ќе се сретне со претседателот на парламентарниот одбор за надворешна политика Гари Капели, претседателот на одборот за европски прашања Домагој Хајдуковиќ и пратеничката Ермина Лекај Прљаскај, која ги претставува македонското, албанското, црногорското, бошњачкото и словенечкото национално малцинство.

На маргините на посетата на Хрватска, министерот Османи се очекува да има интервју за угледниот хрватски неделник „Национал“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Посебноста на македонскиот јазик е впишана во личната карта на нашата држава

Објавено пред

Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот Зоран Заев во своето поздравно обраќање на вториот ден од Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор)”.

„Со години сум покровител на оваа конференција за македонскиот јазик и секогаш е задоволство да се биде тука со вас, дури и во вонредни околности како што е оваа пуста пандемија“, рече Заев.

Според Заев, токму ваквите меѓународни конференции испраќаат силна поддршка за негување на нашот македонски јазик.

„Оваа Влада искрено и силно е посветена да го негува и унапредува македонскиот јазик. Нашиот јазик е нашиот идентитет. Токму затоа Владата го прогласи 5 мај за Ден на македонскиот јазик. Македонскиот јазик како рамноправен со сите светски јазици се користи слободно секаде низ целиот свет. Посебноста на македонскиот јазик е впишана во личната карта на нашата држава“, изјави Заев.

Тој порача граѓаните да бидат чувари на македонскиот јазик, бидејќи јазикот сме сите ние.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа32 минути

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Македонија38 минути

Заев: Посебноста на македонскиот јазик е впишана во личната карта на нашата држава

Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот...

Македонија1 час

МОН објави упатство: Наставниците да го прилагодат оценувањето согласно учењето на далечина

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување...

Европа2 часа

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, верува дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година. „До следното...

Македонија3 часа

Весковски: Водоснабдувањето во Скопје нормализирано, ваков дефект се јавува еднаш на 10 години

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на...

Македонија3 часа

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието. Владата треба да...

Свет3 часа

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб. „Четириесет и девет...

Свет4 часа

Ирска воведе најстроги мерки против коронавирусот во Европа

Ирскиот премиер Михаел Мартин го потврди враќањето на највисоко, петто, ниво на ограничувања во борбата со коронавирусот, кое ќе трае...

Свет4 часа

Норвешки лекар тврди дека коронавирусот мутирал

Нова мутација на САРС-КоВ-2 коронавирус е откриена во Норвешка, тврди главниот лекар на општината Трондхајм, Тове Рестад. Од друга страна,...

Македонија18 часа

Во Скопје 2.674 активни случаи на коронавирус, најмногу во Аеродром, Карпош и во Центар

Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава. Најмногу активни случаи во...

Свет18 часа

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато...

Македонија20 часа

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за...

Македонија22 часа

Кумот на Груевски во притвор поради плацовите на Водно

Кривичниот суд во Скопје му изрече 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кој се товари за сторено кривично дело перење...

Македонија22 часа

Филипче: Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот....

Свет22 часа

Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО за лекот ремдесивир

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ги разгледа резултатите од студијата на Светската здравствена организација (СЗО) за антивирусниот ремдесивир, што...

Македонија22 часа

(Видео) Пендаровски: Научните аргументи и вистината за јазикот се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Овогодишниот...

Топ22 часа

Инспекторите растурија свадба во Глумово со 250 гости, следи кривична пријава

Инспекторите откриле уште еден случај на масовно непочитување на мерките против коронавирус во околината на Скопје. Синоќа во периодот од...

Македонија23 часа

Од отворањето на градинките, од корoнавирус заболеле 18 деца и 55 вработени

Од отворањето на градинките на 9 септември досега од коронавирус заболеле 18 деца и 55 вработени, информира министерката за труд...

Македонија1 ден

Приведен кумот на поранешниот премиер Никола Груевски, за плацевите на Водно

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, полицијата утрово го приведе Ристо Новачевски, кум на Никола Груевски, а...

Досие