Контакт

Македонија

Мартин Протоѓер се спаси од кривичен прогон за „Талир“

Објавено пред

Поранешниот шеф на кабинетот на експремиерот Никола Груевски, и ексгенерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Протоѓер, се спаси од кривичен прогон во предметот „Талир“, дознава „Макфакс“ од обвинението кое е доставено до кривичниот суд во Скопје. За него кривичното дело има апсолутна застареност и не може кривично да се гони.

Протоѓер во периодот од 2009 до 2012 година, како овластен потписник на редовната жиро-сметка на партијата, иако не смеел, пуштал во натамошен оптек пари кои биле уплаќани од фалш ПП10 уплатници, како донации и членарини.

„Мартин Протоѓер, за кого гонењето е застарено, иако бил должен и можел да знае дека парите потекнуваат од кривично дело, како овластен потписник на редовната жиро-сметка на обвинетото правно лице – политичката партија ВМРО-ДПМНЕ со потпишување на налози, паричните средства кои потекнувале од кривично дело во вкупен износ од 20.550.000 денари ги пуштил во натамошен оптек“, пишува во дел од обвинението.

Протоѓер е обвинет во предметот „Титаник“ за злосторничко здружување, злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања и повреда на слободата на определување на избирачите.

Груевски пред да избега за Унгарија избегнувал да го прими известувањето за завршена истрага

Експремиерот Никола Груевски, пред да избега за Унгарија одбегнувал да го прими известувањето на специјалното јавно обвинителство за предметот „Талир“ дека истрагата е завршена, пишува во обвинителниот акт испратен до кривичниот суд.

Во предлогот на обвинението со кој СЈО побара притвор за Груевски пишува: „Иако обвинетиот Никола Груевски се јави на поканата на ова Јавно обвинителство и даде своја одбрана, сепак одбегнуваше да го прими известувањето за завршена истрага. Ова произлегува од доставниците во кои се констатирани обидите да му биде врачено известувањето, како и од неговата пасивност во однос на подигање на известувањето, за што исто така беше уредно известен“.

Кирил Божиновски во Владата ги притискал газдите на фирмите да дадат кеш за партијата

Во едниот обвинителен акт за предметот „Талир“, пишува дека Груевски во име на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ прибирал финансиски средства во готовина од анонимни извори и од правни лица кои по пат на договор вршеле јавни услуги за државни органи, за јавни установи или претпријатија и кои согласно членот 20 од Законот за финансирање на политички партии не можеле да бидат финансиери на политичка партија.

„На состаноците Кирил Божиновски како тогашен генерален секретар на Владата, во неговите работни канцеларии ги повикувал претставниците на правните лица кои по пат на договор вршеле јавни услуги за државни органи, за единици на локална самоуправа или за јавни установи или претпријатија, на дел од кои состаноци во текот на 2013 година бил присутен и обвинетиот Миле Јанакиески и на кои состаноци на претставниците на фирмите им вршеле притисок да дадат пари во кеш како противуслуга за добиените договори за јавни набавки и реализиран профит“, пишува во обвинението.

Парите во готовина кои потекнувале од анонимни извори, Никола Груевски не ги уплатил во Буџетот на РМ, а паричните средства во готовина кои потекнувале од правни лица, кои по пат на договор вршеле јавни услуги за државни органи, за единици на локална самоуправа или за јавни установи или претпријатија како противправен извор на финансирање на политичките партии, не ги вратил на лицата од кои ги добивал, како што имал законска обврска да постапи.

Во обвинението пишува дека Груевски овозможил користење и располагање со готовината која потекнувала од анонимните и противправни извори на финансирање со што прибавил незаконски средства за финансирање на обвинетото правно лице – политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во значителен износ од најмалку 283.432.656 денари или приближно 4,6 милиони евра.

Обвинетите Миле Јанакиески и Елизабета Чингаровска организирале во генералниот секретаријат и во месните организации на ВМРО-ДПМНЕ да бидат изготвувани фалсификувани исправи ПП10 уплатници, кои содржеле невистинити податоци, како да станува збор за лични донации или членарини на лицата наведени во ПП10 уплатниците, по што парите биле уплаќани на редовната жиро-сметка на ВМРО-ДПМНЕ како да се донации и членарини и како уплатата да ја вршат лицата наведени во уплатниците.

Досега во кривичниот суд за „Талир“ од адвокатите на обвинетите стигнале 5 приговори за двете обвиненија. СЈО само за едниот предмет има над 350 страници доказен материјал. Штом помине законскиот рок од 8 дена откако сите обвинети ќе добијат доставница дека примиле обвинение, тројца судии од скопска единица ќе треба да го оценат обвинението, по што треба да биде закажано првото судско рочиште.

СЈО поднесе две обвиненија за случајот „Талир“. Едното обвинение е за нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, а другото за незаконската изградба на седиштето на партијата. Според истражувањето на „Макфакс“, од сите 69 имотни листови, кои сега се под мраз, партијата располага со делови од 90 куќи, 21 дуќан, 26 стана, 17 градежни земјишта, 15 деловни простории, 36 земјишта под зграда, 7 дворови, една нива, односно над 30 илјади квадратни метри имот во 28 града во земјата.

Македонија

Приведени турски државјани на аеродром во Охрид поради фалсификувани пасоши

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против седум лица за сторено кривично дело Фалсификување исправа.

Осомничените турски државјани, кои се роднински поврзани, вчера на аеродромот во Охрид при презентирање на патните исправи за летот Охрид – Лутон користеле фалсификувани израелски пасоши. Со осомничените биле и две деца родени 2014 и 2006 година, соопштија од Обвинителството.

Шест од осомничените со двете деца влегле во Република Македонија во текот на вчерашниот ден, од Република Албанија преку граничниот премин Ќафасан. Еден од осомничените во државата влегол на 19 јануари преку граничниот премин Богородица од Република Бугарија.

Во насока на непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до Основниот суд Охрид достави предлог за определување на мерката притвор за петмина од осомничените, додека за две лица, мајки на децата, побара судот да определи мерки за претпазливост – одземање на патни исправи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Времето денеска ведро и студено

Објавено пред

Времето денеска ќе биде ведро и студено, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Изутринава во крајните западни делови има појава на умерена облачност.

Во западните делови претежно облачно, а во источните сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски и Спасовски со сочувство до турскиот народ поради земјотресот

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски и техничкиот премиер, Оливер Спасовски, преку социјалните мрежи изразија сочувство до турскиот народ поради силниот земјотрес во Турција во кој засега 20 лица го загубија животот, а над 900 се повредени.

„Изразувам длабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите лица во земјотресот во Турција. Солидарност со Турција и турскиот народ“, напиша Пендаровски.

Спасовски, пак, напиша дека нашите мисли се со народот и подготвени сме да помогнеме.

„Изразуваме силна поддршка и солидарност со Турција и турскиот народ. Сочувство до семејствата на загинатите во страшниот земјотрес. Нашите мисли вечерва се со турските граѓани. Подготвени сме да помогнеме“, се вели во статусот на премиерот Спасовски.

Турција вчера ја погоди земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 минути

Проширен регионот што е во карантин во Кина, пријавени нови 15 смртни случаи поради вирусот

Дополнителни 15 смртни случаи се пријавени во кинеската провинција Хубеи, со што бројот на починати од новиот коронавирус се зголеми...

Европа44 минути

Во Франција потврден трет случај на новиот корона вирус

Во Франција е потврден трет случај на новиот смртоносен корона вирус, што се први пријавени случаи од ова заболување на...

Македонија53 минути

Пендаровски и Спасовски со сочувство до турскиот народ поради земјотресот

Претседателот Стево Пендаровски и техничкиот премиер, Оливер Спасовски, преку социјалните мрежи изразија сочувство до турскиот народ поради силниот земјотрес во...

Свет1 час

(Видео) Во земјотресот во Турција загинаа 20, повредени се 920 лица

Бројот на загинати од силниот земјотрес што вчера го погоди источниот дел на Турција се искачи на 20, со 920...

Македонија12 часа

(Видео) Пендаровски: Посетата на Шарл Мишел уверува дека имаме силна поддршка на европскиот пат

Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој престојува во работна посета на земјава. На...

Македонија16 часа

(Видео) Дескоска: ВМРО-ДПМНЕ го користи Јовески како лошо алиби за напуштање на преговорите

ВМРО-ДПМНЕ очекувано ја напушти средбата, по вчерашната изјава на Христијан Мицкоски, кој кажа дека има забелешки и од сите 9...

Македонија16 часа

Еден месец притвор за заканувачот Емил Јакимовски

Кривичниот суд му го продолжи притворот на Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар, за закани упатени кон новинарката Мери...

Македонија17 часа

(Видео) Милошoски: Не преговараме за законот за Јавно обвинителство без присуство на Јовески

ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија средбата на работните групи за законот за Јавно обвинителство во Собранието, откако министерката за правда, Рената Десковска,...

Македонија17 часа

(Видео) Дебата: Како во законот освен производителите, корист да имаат и консументите на канабисот

Пациентите на кои им е потребно маслото од канабис се сосема заборавени во предлог-законот за опојни дроги и психотропни супстанции,...

Македонија21 час

Заев: ВМРО-ДПМНЕ да го прифати законот за Јавното обвинителство и да се надмине себе си

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, побара од ВМРО-ДПМНЕ да се надминат себе си и да го прифатат законското решение за...

Македонија21 час

Поповска: Во институциите има луѓе заинтересирани за бизнис со отпад, увозот не се врши контролирано

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Попвска, која е една од иницијаторите на законот за забрана за увоз на отпад, рече дека...

Македонија22 часа

УХМР објави оглас за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди

Управата за хидрометеоролошки работи го објави јавниот оглас „Услуги за модификација на време со авионско засејување“. Се работи за нов...

Свет24 часа

Словачки министер пијан демолирал кинески ресторан, најави оставка

Словачкиот министер за животна средина објави дека поднесува оставка кога наводно пијан со својот брат учествувал во демолирање кинески ресторан...

Свет1 ден

Вухан гради болница за заболените, планира да ја заврши за 5 дена

Градот Вухан, кој е жариште на новиот корона вирус, забрзано гради болница со 1.000 кревети за лекување на заразените пациенти....

Македонија1 ден

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во посета на земјава

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска ќе допатува во посета на Македонија. Мишел ќе оствари средби со високи претставници...

Свет1 ден

Гутереш: Ја губиме војната против климатските промени, постои закана за опстанок на човештвото

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш оцени денеска во Давос дека светот продолжува да ја губи војната против климатските промени....

Свет2 дена

Вирусната болест во Кина не е вонредна глобална здравствена ситуација

Во седиштето на Светската здравствена организација, во Женева, беше одржан состанок на кој е одлучено дека вирусната болест во Кина...

Регион2 дена

(Видео) Маж се самоуби пред парламентот во Белград

Непознат маж, на околу 50-годишпна возраст, изврши самоубиство вечерва пред зградата на Собранието во Белград, соопшти српската полиција, пренесуваат српските...

Македонија2 дена

(Видео) Стаменковска: Фрчат дисциплински за тие што не се блиски до СДСМ, човек беше казнет што не вклучил греалка

Фрчат дисциплински постапки, незаконски распределувања и се подговуваат откази на административци кои не се партиски истомисленици на СДСМ, за да...

Европа2 дена

Смртоносниот корона вирус стигна во Европа, четири лица во карантин во Шкотска

Корона вирусот пристигна и во Европа. Британските медиуми пренесуваат дека најверојатно корона вирусот стигнал во Велика Британија, каде четворица кинески...

Досие