Контакт

Македонија

Марш за женските права во Скопје: „Не сме безбедни на улиците, ни дома, па дури ни онлајн“

Објавено пред

Денес, по повод Меѓународниот ден на жената, се одржа четвртиот по ред Марш за женски права. Овој марш, традиционално организиран од Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права, беше посветен на жртвите на родово базирано насилство, под мотото „Ти не си виновна!“.

Во присуство на стотици учеснички и учесници кои се собраа на Плоштадот Филип II, активистките го прочитаа овогодинешниот проглас, кој беше поттикнат од случајот „Јавна Соба“.

„Ние не сме безбедни! Ни на улиците, ни дома, па дури ни онлајн. Неодамна цела јавност беше шокирана од Телеграм групата – Јавна соба во која 13.000 членови споделувале, гледале и се исмевале со материјали, фотографии и видеа со сексуална содржина за конкретни жени и девојки без нивна согласност.[…] Станува збор за исклучително радикална форма на родово засновано насилство чиј последици се далекусежни и сериозни“ – се вели во прогласот.

Активистките, побараа воведување на сеопфатно, сексуално образование во Северна Македонија како и адекватна, навремена и ефикасна превенција, заштита и поддршка на жртвите на родово базирано насилство, од сите институции кои се дел од системот за заштита и строго санкционирање на секое постапување.

„Поразително е што образовниот систем не нè запознава со историјата на женската борба, која меѓудругото ги има доведено девојчињата во училиштата, во јавниот и политичкиот живот. Активистките за женски права го означуваат овој важен ден излегувајќи на улиците на своите градови, со цел да ја прослават феминистичката борба, секој глас, секој чекор, секој отпор и пркос, но и да стават акцент на фактот дека патот кон родовата еднаквост е долг и сè уште не е изоден.“ – изјави Калиа Димитрова од феминистичката платформа Медуза. „Потсетуваме дека сегашната влада и секоја следна влада, без разлика на идеолошката определба има должност и обврска проактивно да се бори за родовата еднаквост.“ – додаде таа.

Маршот за женски права започна од плоштадот Филип Втори, преку Камениот Мост, Плоштад Македонија до Паркот Жена Борец, каде што активистките имаа завршен преформанс, изведувајќи адаптација на песната „Силувачот си ти!“ која прерасна во светска химна за неправдите и родово базираното насилство врз жените.

„Патријархатот ми е судија,  и ме суди што сум се родила, како казна ми доделува, насилства што не гледаш. Не сум јас виновна таму што сум отишла, ни како сум се облекла. Силувачот си ти.“ – скандираа во еден глас активистките.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Објавено пред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер каде тој нема да се кандидира, но предлогот му бил одбиен.

Изјава по состанок со Централниот Одбор, 21.09.2020

Изјава по состанок со Централниот Комитет, 21.09.2020

Posted by Hristijan Mickoski on Понеделник, 21 септември 2020

„Јас не бегам од моите принципи и затоа иако до денешен ден не беше поднесена никаква иницијатива за вонреден конгрес, од страна на оние кои водат хајка врз мене, а целта е ВМРО-ДПМНЕ, само така служејќи му на Заев. Јас на сопствено залагање поднесов предлог за свикување на вонреден конгрес на кој јас нема да се кандидирам. Централниот комитет надвор од моето присуство, откако ја напуштив салата во која се одржуваше седницата, едногласно го одби моето барање и не се согласи со ваквиот предлог, а со тоа ми даде полн легитимитет да продолжам со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.

Тој изјави дека отворено дискутирал за неговото речиси тригодишно управување со партијата.

„ВМРО ДПМНЕ е кичмата на македонизмот. Наша цел е победа против мафијата“, рече Мицкоски.

Тој ја информираше јавноста дека генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се повлекол од партиската функција поради приватни причини и му се заблагодари за неговиот ангажман.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Отворени сме за регионална соработка на патот за исполнување на евроинтеграциската стратешка цел на земјата

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со генералната секретарка на Советот за регионална соработка (СРС), Мајлинда Брегу, која ја посети нашата земја како дел од агендата за посета на земјите од регионот.

„На средбата беше истакната важноста на постојано унапредување на регионалната соработка меѓу земјите од регионот во справувањето со предизвиците земајќи ги предвид потребите во делот на економскиот развој, подобрување на конкурентноста, унапредување на дигиталната инфраструктура и вложување во слободен проток на трговија. Беа истакнати повеќе активности на Советот за регионална соработка, насочени кон олеснување и унапредување на регионалната соработка со цел остварување на евроинтеграциската стратешка цел на нашата земја, која е посветена на одржување пријателски односи со соседите и надминување на економско-здравствената криза“, соопштија од Владата.

Заев изразил уверување дека Владата гарантира континуитет во спроведувањето на заедничките стратешки приоритети, членство во НАТО и ЕУ, унапредување на меѓуетничките и добрососедските односи и продолжување на напорите за економски раст и развој и успешно справување со светската пандемија на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Македонија

Груби – Брегу: Регионалната соработка е шанса за побрза интеграција во ЕУ

Објавено пред

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска се сретна со генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу.

„За време на состанокот со Брегу, првиот вицепремиер Груби разговараше и за состојбата во земјата, но и регионот, како и за унапредувањето на добрососедските односи, во кој случај како пример ги зеде договорите што ги постигна Република Северна Македонија со Бугарија и Грција. Генералната секретарка му пренесе на првиот вицепремиер Груби дека во фокусот на активностите на Советот за регионална соработка е важноста на меѓусебната поврзаност на регионот и потребата за интеграција на економиите на заеднички пазар и истакна дека Советот е подготвен да им помогне на земјите од Југоисточна Европа во процесот на европската интеграција“, соопштија од кабинетот на Груби.

Груби и Брегу се согласиле дека регионалната соработка е од суштинско значење во однос на интеграцијата на земјата во Европската Унија. И двајцата соговорници оцениле дека се потребни дополнителни резултати во овој план, што е важен предуслов за стабилноста и напредокот на регионот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер каде тој нема да се кандидира, но...

Македонија6 часа

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Свет6 часа

СЗО ѝ се заблагодари на Русија за напорите за развој на безбедна и ефикасна вакцина против коронавирусот

Првата официјално регистрирана вакцина против Ковид-19, развиена од Институтот за епидемиологија и микробиологија при Научноистражувачкиот центар „Гамалеја“, сега се наоѓа...

Македонија7 часа

Пратениците на Беса го напуштија СДСМ во Собранието, но договорот за коалиција не се растура

Четворицата пратеници на партијата Беса од денеска во Собранието нема да дејствуваат како дел од коалицијата со СДСМ туку како...

Македонија7 часа

Станиците Битола 1 и Миладиновци не мерат ПМ10 оти дотраените инструменти биле извор на радијација

Мерните станици се во функција, но дел од инструментите кои ги мерат ПМ10-честичките не работат, велат од Министрството за здрава и...

Македонија8 часа

Драма во Струмица: Роднини насилно го однеле телото на починат пациент, заедно со болничкиот кревет

Роднини и пријатели на пациент кој починал во струмичката болница насилно го зеле телото сосе болничкиот кревет и преку оградата...

Економија9 часа

Наместо карго-аеродром во Штип, ќе се градат училишта, водовод и канализации, соопшти Бектеши

Министерството за економија лани направило измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвора можноста средствата предвидени во...

Македонија10 часа

Од Германија екстрадиран Јетон Љужа, обвинет за убиството на Саздо

Третообвинетиот Јетон Љужа во случајот за убиството на Никола Саздовски-Саздо денеска бил екстрадиран од Германија, соопшти МВР. „Денеска од Германија...

Европа12 часа

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „Астра Зенека“ во Велика Британија, откриваат...

Економија12 часа

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Сојузот на стопански комори на Македонија минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата да ги усвои...

Македонија12 часа

Приведено лицето кое нападна лекар на токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на...

Свет13 часа

Гутереш: Ширете го мирот за да се борите со коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во своето годишно обраќање во Генералното собрание на светската организација истакна дека повторно ќе...

Македонија14 часа

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет1 ден

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија1 ден

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија1 ден

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Регион1 ден

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Македонија1 ден

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија2 дена

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија2 дена

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Досие