Контакт

Македонија

(Видео) Марш на живите во Скопје: Ќе се сеќаваме на холокаустот за никогаш да не се повтори

Објавено пред

По повод одбележувањето на 75-годишнината од холокаустот на македонските Евреи во Втората светска војна во Скопје, се одржа марш под мотото „Маршот на живите“. Учесниците од Музејот на град Скопје се упатија кон споменикот посветен на депортираните 7.144 Евреи. Во поворката учествуваше и премиерот Зоран Заев, придружуван од претседавачот на Советот на министрите на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, кој е во посета на земјава.

Маршот почна пред Музејот на Скопје, а заврши пред Тутунскиот комбинат (поранешниот Монопол), од каде што во март 1943 година 7.144 македонски Евреи во три депортации со вагони беа однесени во логорот на смртта Треблинка. По пристигнувањето кај споменикот, делегациите и претставниците на здруженијата на Евреите положија цвеќе.

Во своето обраќање премиерот Заев истакна „со оваа комеморација оддаваме почит, се  сеќаваме и одбележуваме 75 години од деновите кога 7. 144 Евреи од Скопје, Битола и од Штип, но и од цела Македонија, беа собрани во просториите на тогашниот Монопол и беа испратени на еден пат од кој никогаш не се вратија“.

„Нивниот најголем престап беше нивното постоење, нивната култура, нивната традиција, нивната заедница. За тоа беа казнети со најдраконската казна и предвреме оттргнати од своите најблиски, од својата земја, од своите животи. Геноцидот над Евреите во Втората светска војна беше борба на деструктивни и антицивилизациски сили против сета добрина и љубов, против пријателството и човештвото. Холокаустот беше борба против луѓето, слободата и нашето заедништво“, рече Заев.

Тој нагласи дека нашите сограѓани, Евреите, беа книги на нашето заедничко постоење, испишани со години и векови на историја и традиција, борба и пркос за подобро утре за сите што живеат и живееја на овие простори.

„Нашата сплотеност во осудувањето и сеќавањето на депортацијата на нашите сограѓани во логорот на смртта, Треблинка, е повеќе од само симболична. Денес ги повторуваме лекциите  од минатото за уште посилно да си го осветлиме патоказот за иднината што заеднички ја избравме. Омразата не е наш избор. Прифаќањето на различностите, љубовта кон ближниот, но и почитта кон другиот, поддршката, соработката и пријателството се вредностите што ги прифаќаме со нашите мисли и срца, а ги чуваме со нашите дела. Никогаш да не заборавиме што се случи тука пред 75 години. Историјата се повторува само за оние што стануваат слепи за минатото. Ние нема да бидеме слепи и ќе продолжиме да се сеќаваме за никогаш да не се повтори“, истакна премиерот Заев.

Бојко Борисов, претседател на Владата на Република Бугарија, во своето обраќање потенцира дека масовната егзекуција на невини луѓе за време на Втората светска војна е едно од најтешките злосторства во човечката историја. Во својот говор тој потсети дека одговорност за одлуката за депортацијата на Евреите од Македонија во Треблинка е одлука на тогашниот генерал на нацистичка Германија, Хајнрих Химлер, и на германскиот амбасадор во Софија, Адолф Бекерле.

„Ние чувствуваме длабока болка и жал поради тоа што не можевме да ја спречиме смртта на тие луѓе. Денес ние сме должни да не ја заборавиме трагичната судбина на жртвите на холокаустот и за бидеме сигурни дека вакви настани никогаш повеќе нема да се повторат“, истакна Борисов.

Претседателката на Еврејската заедница во земјава, Берта Романо-Николиќ, во обраќањето по повод сеќавањето за холокаустот на Евреите од Македонија нагласи дека геноцидот на цел народ во Втората светска војна останува општо мерило за тоа што може да предизвика злото што се крие во човекот. „Без сеќавање, нема иднина, во име на иднината проштеваме, но не забораваме зашто и страдањата на тие луѓе се наша одговорност“, рече таа. Комеморацијата по повод 75-годишнината од холокаустот на Евреите од Македонија заврши со молитвите „Ашкава“ и „Кадиш“ и со полагање венци свежо цвеќе на спомен-обележјето во некогашниот Монопол во Скопје.

 

Македонија

(Видео) Отворен меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители

Објавено пред

Од

Оддавајќи им должна почит на сите наши загинати припадници на безбедносните сили на Република Македонија, но и на нивните најблиски, чијашто загуба ниту ќе може, ниту ќе се успее кога било да се надомести, ние истовремено оставаме и една силна порака – дека никогаш и заради ништо не смееме да заборавиме кому и што му должиме, рече министерот Оливер Спасовски на отворањето на меморијалниот спортски турнир „Херои на Македонија“ во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

,,Традицијата e вредност длабоко вткаена во човековото постоење. Вредност што нè зближува едни со други, којашто ја дава онаа важна нитка на благородна почит и којашто им помага на спомените да останат – бесмртни. Овој меморијален спортски турнир ‘Херои на Македонија’ ја има токму таквата возвишена цел: повторно да нè собере, и сите заедно да си припомниме за луѓето што некогаш беа со нас, се радуваа и тагуваа со нас, и што храбро и достоинствено ги положија своите животи за нас, за татковината – нашите другари, соборци и колеги”, рече Спасовски.

Овој меморијален турнир во мал фудбал традиционално се одржува по единаесетти пат во Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Либералните партии од регионот слават 10-годишнина од постоењето на либералната мрежа на Југоисточна Европа

Објавено пред

Од

Во хотелот „Александар Палас“ започна либералниот форум на кој либералните партии од целиот регион ќе го прослават 10 годишното постоење на либералната мрежа на Југоисточна Европа.

На вечерашното отворање на форумот како гости на настанот присуствуваа претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, министерот за внатрешни работи на Косово, Бејтуш Гаши како и поранешната министерка за надворешни работи на Хрватска, Весна Пушиќ.

На форумот кој ќе продолжи утре свое обраќање ќе имаат Ерик Ветсел, потпретседател на холандската либерално-демократска партија „ВВД“, ексминистерката за надворешни работи на Хрватска, Весна Пушиќ, претседателот на „Српската либерална партија“, Чедомир Јовановиќ и словенскиот либерал Роман Јакиќ.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Македонија

ДОМ го актуализира проблемот со дивите депонии во Кисела Вода

Објавено пред

Од

Енормната количина собран отпад во општина Кисела Вода во низата акции спроведени годинава укажува на пропусти во системот за управување со отпадот на локално ниво, рече Христина Оџаклиеска, советничката од ДОМ, на дебатата што вчера се одржа во просториите на оваа скопска општина.

Таа ја истакна потребата од почитување на законската регулатива за постапување со отпад и одржување на јавната чистота од сите засегнати страни.

Воведно обраќање на дебатата имаше и Филип Темелковски, градоначалникот на Кисела Вода, кој ја поздрави иницијативата на граѓанскиот сектор и изрази желба за соработка со сите засегнати страни во процесот на справување со дивите депонии.

Во дискусијата учество зедоа граѓани, претставници од невладини организации, инспектори од Град Скопје, претставници од „Комунална хигиена“, правните субјекти лоцирани во близина на дивите депонии, како и лица вработени во Општината, кои работат на оваа проблематика.

Учесниците во дебатата дадоа предлози за: мапирање на сите диви депонии на територијата на Кисела Вода, санирање на дивите депонии и нивно уредување во зелени површини, одредување локација на територијата на општината за одложување градежен шут, набавка на повеќе возила за собирање отпад и зачестена контрола на терен и казнување на лицата што неодговорно постапуваат со отпадот и придонесуваат за создавање на дивите депонии.

Настанот беше организиран во рамките на проектот „План за комуникација и кампања против дивото депонирање отпад“, организиран од НВО „Зелен институт“ – Скопје, со поддршка на Општина Кисела Вода и Министерство за животна средина и просторно планирање.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура16 часа

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ17 часа

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија18 часа

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија19 часа

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет19 часа

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија20 часа

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Свет20 часа

(Видео) Јужнокорејскиот претседател пристигна на третиот самит со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, пристигна во Пјонгјанг на третиот состанок оваа година со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. На меѓународниот аеродром...

Европа1 ден

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави...

Свет1 ден

(Видео) Пожар на паркинг пред шопинг-центар во Њујорк, над 20 повредени

Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувнал пред паркинг на шопинг-центарот „Кингс плаза“ во Њујорк. Локалните медиуми пренесуваат...

Свет1 ден

Русија и Турција се договорија да формираат тампон-зона во Идлиб

Русија и Турција се договорија да создадат демилитаризирана тампон-зона во сириската провинција Идлиб за да ги разделат владините сили од...

Daily news2 дена

(Видео) Техничкиот директор на ЈСП: Старите автобуси ќе возат до идното лето

Поради недоволен број возила, ЈСП мора во сообраќај да ги пушта старите автобуси „санос“. Техничкиот директор, Васил Толевски, вели за...

Македонија2 дена

Актерката Ирена Ристиќ приведена па однесена во болницата во Бардовци оти чистела ѓубре пред Влада

Актерката и активистка Ирена Ристиќ со полициско комбе била приведена во полициска станица „Беко“ бидејќи, како што вели, чистела догорчиња...

Македонија2 дена

Ги уценувале со илјадници евра за да не објават текстови за Драган Даравелски и Минчо Јорданов

Во кривичниот суд во Скопје, повторно, од почеток почна судењето за случајот „Шпион“, кое го застапува специјалното јавно обвинителство. Во...

Свет2 дена

Милијардерот Марк Бениоф го купува магазинот „Тајм“

Списанието „Тајм“ повторно ја менува својата сопственичка структура, речиси осум месеци откако беше продадено на американската медиумска група „Мередит корпорејшн“....

Македонија2 дена

Американскиот секретар за одбрана допатува во Скопје, загрижен е за мешањето на Москва во резултатот на референдумот

Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, утринава слета на Меѓународниот аеродром  „Скопје“ и беше пречекан од министерката за одбрана, Радмила...

Регион2 дена

Тачи: До договор со Србија преку мирна корекција на границите

Заокружувањето на разговорите и постигнувањето конечен договор помеѓу Косово и Србија е неопходно да се случи во брзо време, а...

Свет2 дена

(Видео) Тајфунот од Филипините се пресели во Кина – евакуирани над два милиони луѓе

Над два милиона луѓе се евакуирани во кинеската јужна провинција Гуангдонг пред пристигнувањето на тајфунот Мангхут. Претходно овој тајфун со...

Вести2 дена

Свештеници во Германија злоставувале 3 677 деца

Главниот германски надбискуп рече дека е шокиран од извештајот за сексуално злоставување во Германија во кој се наведува дека околу...

Регион2 дена

Авион кој летал од Ниш до Базел принудно слетал поради чад во кокпитот

Авион на компанијата „Визер“ вчеравечер принудно слетал во Загреб поради чад во кокпитот, пренесува „Индекс.хр“. Летот од Ниш до Базел...

Досие