Контакт

Македонија

МВР заврши со проверките, бомби се барале во 48 училишта

Објавено пред

Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово. Министерството за внатрешни работи и секторот задолжен за проверки, ги завршија сите пребарувања во училишните згради.

„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје (17 основни училишта и 22 средни училишта) и Куманово (осум основни училишта плус еден клон и едно средно училиште), по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, велат од МВР.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Родителите на жртвите во пожарот во „Пулс“ маршираа барајќи правда за починатите деца

Објавено пред

По 45. пат денеска во Кочани родителите на жртвите во пожарот во „Пулс“ маршираа барајќи правда и вистина за своите блиски. Од овој марш кој започна во 18:05 часот од Паркотна Револуцијата беше упатено прашање до институциите дали секој што имал должност ја извршувал совесно, професионално и во рамките на своите овластувања.

-Со секоја должност доаѓаат обврски. Со секое овластување – одговорност. Со секоја униформа – очекувања дека ќе се постапува професионално, навремено и еднакво кон сите. Никој не спори дека спасувањето е човечка должност. Но оваа постапка не се води за тоа што се случувало откако пожарот веќе започнал. Прашањето е дали секој што имал службени обврски и законски овластувања – ги извршувал така како што се очекува од институција, рече од пред зградата на Полициската станица во Кочани, Розета Џамова, сестра на починато момче.

 

– Во судница слушавме расправа за минути. Дали било 2 : 22 или 2 : 23. Кој кому се јавил. Колку пати. Кој дал усна наредба. Кој не потпишал писмена. И во еден момент остана впечаток дека најголемата трагедија не е што 63 луѓе не се вратиле дома. Туку што часовникот не бил прецизен, нагласи Џамова.

Според неа и родителите прашањето не е што се правело откако почнал пожарот, туку дали било направено се што било должност да се направи за до него воопшто да не дојде.

Александар Наунов, претседател на ЗГ „16 март 2025 Кочани“, од пред Судот во Кочани изјави дека никој не бара пресуда без докази, ниту некој бара улицата да суди.

-Но, ако обемноста на доказите е проблем, тогаш прашањето не е зошто ги има толку. Прашањето е – како толку години системот преминувал преку толку неправилности и проблеми, рече Наунов.

 

Денеска на 45. Марш за ангелите во Кочани присутни беа претставници на Сојузот на борците од НОБ од Скопје во знак на поддршка на родителите на починатите. После маршот заминаа да насадат млади садници кај спортската сала на ОУ „Никола Карев“ што го носи името „Кочански Ангели“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Меџити: Над 59,8 милиони денари инвестиција за модерна инфраструктура во Саат Кула

Објавено пред

Се финализира еден од најзначајните инфраструктурни проекти во населбата Саат Кула, кој опфаќа реконструкција на водоводната мрежа, фекалната и атмосферската канализација.

Со оваа инвестиција ќе се обезбеди поквалитетно водоснабдување, пофункционален канализациски систем и подобри услови за живот на жителите од ова населено место.

-Инвестираме во основната инфраструктура која директно влијае врз квалитетот на животот на граѓаните. Со инвестиција од над 59,8 милиони денари создаваме современи и поефикасни услови за жителите на Саат Кула- изјави градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

Работите на водоводната мрежа се во завршна фаза, а во наредниот период ќе следува асфалтирање на улиците каде што се реализирани инфраструктурните зафати.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фотогалерија) 12 нови детски песни премиерно изведени денес на првиот фестивал „Киселко“ во Кисела Вода

Објавено пред

Во преполната сала на Домот на култура „Билјана Беличанец“ денес се одржа првиот детски фестивал „Киселко“, во организација на Општина Кисела Вода. На фестивалот премиерно беа изведени 12 нови детски песни.
Покрај соло изведувачите, на сцената настапи и сопственото хорче на „Киселко“, додека за кореографијата беа задолжени членовите на балетското студио „Данса Латина“.
Учесниците на фестивалот беа избрани преку процес на аудиции кои се спроведоа во основните училишта на територија на општината, а изборот го вршеа наставниците по музичко воспитување. Сите 12 авторски песни беа целосно бесплатни за учесниците, со што Општина Кисела Вода ги ослободи родителите од какви било финансиски трошоци за нивното учество.
„Сакавме да им обезбедиме соодветен простор на најмладите да го покажат својот музички талент, бидејќи инвестирањето во детската креативност е највредното вложување во нивниот правилен развој. Истовремено, ни беше важно ова искуство да не претставува финансиски товар за семејствата, па затоа сите песни за малите изведувачи се целосно бесплатни. Посакувам „Киселко“ да биде почеток на една нова традиција за децата во Кисела Вода“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Целосната реализација на фестивалот се направи во соработка со „Стробери Груп“, продукција која е специјализирана за детски и младински телевизиски проекти и настани.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт2 часа

Сензација – Реал елиминиран во 1/4 финалето од АЦБ лигата

Тенерифе ја приреди најголемата сензација во европската кошарка оваа сезона. Тимот од Канарските Острови го елиминираше Реал Мадрид, а конечниот...

Спорт3 часа

Алварез го одбил Арсенал, ќе остане во Мадрид

Плановите на Арсенал да доведе голема ѕвезда во летниот преоден рок, барем засега нема да се остварат. Хулијан Алварез, напаѓач...

Спорт3 часа

(Видео) (Не)пријателски натпревар меѓу Португалија и Чиле

Португалија го победи Чиле со 2:1, во пријателски меч одигра во Лисабон. Натпреварот го обележа она што се случи во...

Спорт3 часа

Спектакуларни квалификации во Монте Карло – Кими на пол позицијата пред Ферстапен, Леклер заврши во ѕидот

Андреа Кими Антонели ја освои пол-позицијата пред утрешниот старт на Големата награда на Монако, поставувајќи време за 43 илјадитинки побрзо...

Спорт3 часа

19-годишната Мира Андреева го освои Ролан Гарос

Мира Андреева е шампионка на Ролан Гарос. Русинката стигна до својата прва Гренд слем титула откако ја победи со 6:3,...

Македонија3 часа

Родителите на жртвите во пожарот во „Пулс“ маршираа барајќи правда за починатите деца

По 45. пат денеска во Кочани родителите на жртвите во пожарот во „Пулс“ маршираа барајќи правда и вистина за своите...

Македонија4 часа

Меџити: Над 59,8 милиони денари инвестиција за модерна инфраструктура во Саат Кула

Се финализира еден од најзначајните инфраструктурни проекти во населбата Саат Кула, кој опфаќа реконструкција на водоводната мрежа, фекалната и атмосферската...

Свет5 часа

Американски лекар заразен со ебола пуштен од болница

Американски лекар, кој се заразил со ебола додека работел на хуманитарна мисија во Конго, е отпуштен од болница во Германија...

Македонија5 часа

(Фотогалерија) 12 нови детски песни премиерно изведени денес на првиот фестивал „Киселко“ во Кисела Вода

Во преполната сала на Домот на култура „Билјана Беличанец“ денес се одржа првиот детски фестивал „Киселко“, во организација на Општина...