Контакт

Македонија

МВР за депортацијата на научник: Колумбијката немаше виза, не можеше да влезе во земјава

Објавено пред

Научникот од Колумбија кој што викендов требаше да присуствува на конференција во Охрид е депортиран во Цирих, бидејќи не поседувал виза за влез во земјава. Министерството за внатрешни работи соопшти дека станува збор за колумбиската државјанка Н.О.П. Тие демантираат дека имало неправилности околу нејзиното одбивањето на влез во Република Македонија. Според полицијата, службениците на граничната полиција постапувале согласно законските прописи и ничии права не се повредени ниту пак некој е насилно качен во авион.

Како што информира МВР, на 27 април на скопскиот аеродром од Цирих допатувала Н.О.П. (31), со патна исправа од Колумбија. По извршената пасошка контрола, констатирано е дека таа не поседува валидна виза за влез во земјава и и бил одбиен влез во земјава.  „Виза за влез во Република Македонија не им е потребна на: државјаните на земјите членки на ЕУ и потписнички на Шенгенскиот договор; на државјани на трети земји со постојан престој во земја членка на ЕУ или потписничка на Шенгенскиот договор; или на државјани на трети земји со важечка повеќекратна Шенген Ц виза со рок на важност подолг од најмалку пет дена од планираниот престој во Република Македонија; како и на државјани на трети земји со важечка британска, канадска или американска виза со рок на важност подолг од пет дена од планираниот престој во Република Македонија. Н.О.П. имала колумбиски пасош со привремен престој во Швајцарија, што не ја ослободува од обврската за поседување виза за влез во Република Македонија“, велат од МВР.

Невладината организација Охрид СОС вчера обвини дека станува збор за скандал во пресрет на одржувањето на научната конференција на Society of Wetland Scientists за блатни екосистеми во Охрид, на која се најавени бројни ученици од странство.

Според нив, „жената која што е петти месец трудна, била насилно качена на авион назад за Цирих без можност и да се поздрави со својот сопруг за кого немало место во авионот да се врати заедно со неа“. „Згора на сѐ, ѝ бил ставен и црн печат во пасошот. А таа е научник со меѓународна кариера и тој црн печат и тоа како може да ѝ пречи во понатамошното извршување на нејзината работа – таа постојано патува поради конференции или теренски истражувања“, реагираат од невладината организација.

Македонија

Пендаровски поддржува напаѓачите на новинари да се гонат по службена должност

Објавено пред

Претседателот Пендаровски дава поддршка за измени во Кривичниот законик со кои ќе се овозможи нападите врз новинарите и медиумските работници да се третираат како кривични дела кои ќе се гонат по службена должност. Ова го истакна тој на средбата во Вила Водно со претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

На средбата се разговараше за состојбата со медиумските слободи во Северна Македонија, синдикалното организирање, како и условите во кои работат новинарите и медиумските работници.

Претставниците на ССНМ го информираа претседателот Пендаровски за иницијативата на која работат заедно со останатите релевантни медиумски организации за измена на одредбите во Кривичниот законик, со цел нападите врз новинари и медиумски работници да бидат истражувани по службена должност.

Беше дискутирано за прашањата кои е потребно да се уредат во однос на работничките права на новинарите и медиумските работници, како и за овозможувањето на соодветни услови за новинарите слободно да ја вршат својата работа, со оглед на тоа дека медиумските слободи се уште остануваат предизвик за кој е потребен ангажман на сите засегнати страни со цел изнаоѓање на долгорочни решенија.

Исто така, на средбата се разговараше и за работата на новинарите и медиумските работници во услови на КОВИД-19, при што беше истакната важноста на медиумите за известување во време на пандемии и непогоди. Дополнително беше нагласено дека сите институции, организации и компании кои ги канат медиумите на своите настани е потребно да ги почитуваат мерките и препораките за заштита од КОВИД-19 и да се обезбедат соодветни услови за медиумите да ја извршуваат својата работа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров во Берлин: Значајно е да се усвои економскиот-инвестициски план за регионот

Објавено пред

По вчерашните средби со советникот на претседателот Штајнмаер и советникот на канцеларката Меркел, вицепремиерот Димитров денес во германското сојузно министерство за надворешни работи ги продолжува разговорите главно фокусирани на динамиката на усвојување на Преговорачката рамка.

Тој имаше средба со Забине Штер, ополномоштеник за ЕУ политики и со Сузане Шуц, директорка за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА, на која што беше разговарано за напорите за затворање на преговорите за Повеќегодишната финансиска рамка 2021 – 2027, со што ќе се финализира и Рамката за финансиска поддршка за регионот. Во фокусот на средбата беше и размена на мислења во однос на заедничката цел: отворање на пристапните преговори годинава.

„Во светло на обезбедувањето на финансиска поддршка за земјите од Западен Балкан особено ќе биде значајно усвојувањето на Економскиот-инвестициски план за регионот, во функција на забрзување на економскиот развој и подобар животен стандард на граѓаните во регионот“, рече Димитров.

Се разговараше и за можностите за зајакнување на билатералната соработка, имајќи ја предвид воделчката улога на Германија како твининг партнер во спроведување на реформите во делот на владеење на правото, но и во областите на политика на конкуренција, јавни набавки, статистика, земјоделство итн.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев и Шекеринска пречекаа петмина офицери вратени од Авганистан: „Како членка на НАТО придонесуваме за светскиот мир“

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска остварија средба со група офицери кои се вратија од мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

Како што информираат од владината прес-служба, премиерот Заев истакнал дека припадниците на нашата Армија се гордост за државата и со својата висока професионалност се посакуван партнер во меѓународните мисии.

„Сега сме членка на НАТО. И како рамноправен партнер споделуваме одговорно во придонесот за зачувување на светскиот мир. Вие ја претставувате нашата земја во најдоброто светло што е исклучително важно“, истакнал Заев.

Министерката за одбрана Шекеринска истакнала дека нашата држава дава значаен придонес со учеството во меѓународните мисии и дека досега се испратени над 4.000 војници.

„Ми претставува задоволство што нашите офицери успешно ја извршија мисијата. Ова претставува огромно искуство за нашите офицери. Од овие мисии се профилираат нашите најдобри професионалци“, нагласила Шекеринска.

Штабните офицери, кои се вратиле од Мазар е Шариф и биле распоредени во рамките на Командата за обука, советување и асистенција – Север, истакнале дека нашите војници и офицери се ценет и доверлив партнер во меѓународните мисии.

Воедно на средбата било нагласено дека останува посветеноста за натамошно учество во постојните и нови меѓународни мисии, а учеството на припадниците на АРМ во мисијата „Одлучна поддршка“ во Кабул, продолжува сѐ до нејзиното завршување.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет29 минути

Путин, Трамп и Макрон објавија заеднички став за судирот во Нагорно-Карабах

Претседателите на Русија, САД и Франција усвоија заедничка изјава за состојбата во Нагорно-Карабах. Владимир Путин, Доналд Трамп и Емануел Макрон...

Свет1 час

Азербејџанските сили тврдат дека уништиле ерменски ракетен систем во Нагорно-Карабах

Министерството за одбрана на Азербејџан во средата објави дека вооружените сили на земјата успеале да го деактивираат ерменскиот ракетен систем...

Македонија2 часа

Арсовски: Се разгледуваат сите можности и опции за импичмент на Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ не открива кога би можела да се очекува конечната одлука за импичмент на претседателот Стево Пендаровски, што беше навестена...

Регион3 часа

Границите со Грција остануваат затворени до 12 октомври

Грција ја продолжи забраната за патување државјани на трети земји до 12 октомври, пренесува МИА. Ограничувањата на копнените граници се...

Македонија4 часа

(Видео) Филипче побара разбирање и поддршка за одлуките во образованието

Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и, искрено, сите ги разбирам. Но, како здравствен работник...

Топ5 часа

Едно лице загина во сообраќајна несреќа меѓу мотор и машина за сечење дрва во Ченто

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер во скопската населба Ченто. Според информациите на МВР, во несреќата...

Македонија6 часа

МОН: На првиот училиштен час нема посериозни пречки за одржување на онлајн-наставата

Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образованието, кој...

Македонија7 часа

Почнува учебната година

Новата учебна 2020/2021 година почнува денеска, со еден месец одложување. Настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до...

Македонија20 часа

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Регион1 ден

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија1 ден

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија1 ден

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион1 ден

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ1 ден

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет1 ден

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија1 ден

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија1 ден

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет1 ден

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет1 ден

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет2 дена

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Досие