Контакт

Македонија

МВР за скандалот со Африм Гаши на Блаце: Покрената е дисциплинска постапка за шест полицајци

Објавено пред

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР го расчисти случајот од 17 август на граничниот премин „Долно Блаце“ кога делегација на претседателот на Собранието, Африм Гаши ја помина косовската граница без проверка додека со службеното возило патувале на свадба.

Од МВР информираа дека по извршен увид во службените материјали, анализа на видео надзорот и извршени разговори со полициски службеници, поради сторена повреда на работниот ред и дисциплина утврдено во член 187 став 1 алинеја 10 од Законот за внатрешни работи, и член 210 став 1 алинеја 10 од Колективниот договор на МВР, од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе бидат изготвени предлози за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полициските службеници Н.Р., М.С., А.Б., Б.А, Н.Б. и Б.С..

„ОВККИПС констатира дека, откако делегацијата, во која како носител се јавува претседателот на Собранието, ја поминува државната граница на граничниот премин Долно Блаце на лентата за Излез бр. 1, по неа поминуваат шест цивилни возила, кои во меѓу просторот на граничните премини се приклучуваат на делегацијата, без да се изврши контрола на патниците и возилата, а во одреден временски интервал сите ленти за излез од државата се затворени, при што во тој период од страна на Н.Б. (полициски службеник од обезбедувањето на претседателот на Собранието) и Б.А. (полициски службеник од ПС за ГП Долно Блаце), се извлекува возило кое е заглавено во лентата за Излез бр.3 и истото се насочува кон Излез бр.1 и возилото ја поминува граничната линија без да се изврши контрола на патниците и возилото.

Утврдено е дека Н.Б. наместо да врши непосредно физичко обезбедување на претседателот на Собранието, врши дејствија на граничниот премин кај кабините за излез и царинските кабини, со кои овозможува цивилни возила да се приклучат кон делегацијата, како и да се даде приоритет цивилно возило да ја помине државната граница. Со наведените дејствија Н.Б. сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина предвидена во член 187 став 1 алинеја 3 и 4 од Законот за внатрешни работи и член 210 став 1 алинеја 3 и 4 од Колективниот договор на МВР. Исто така и Б.А. сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина предвидена во член 187 став 1 алинеја 3 и 4 од Законот за внатрешни работи и член 210 став 1 алинеја 3 и 4 од Колективниот договор на МВР.

Во однос на утврдување на неправилности во конкретниот настан, наместо да бидат преземени соодветни мерки од страна на главен инспектор М.С. во содејство со началникот на РЦ за ГР Север Н.Р., согласно дотогашните констатирани пропусти, не се преземени соодветни мерки туку е испратен акт со кој се задолжува командирот на ПС за ГП Долно Блаце да го доиспита целосно случајот и да преземе соодветни мерки. Со наведените дејствија М.С. сторила потешко кршење на работниот ред и дисциплина предвидена во член 187 став 1 алинеја 3 од Законот за внатрешни работи и член 210 став 1 алинеја 3 од Колективниот договор на МВР. Исто така, Н.Р., началник на РЦ за ГР Север сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина предвидена во член 187 став 1 алинеја 3 од Законот за внатрешни работи и член 210 став 1 алинеја 3 од Колективниот договор на МВР. Согласно описот и пописот на работните места, началникот на РЦ за ГР покрај другото, раководи, планира, ја организира и контролира работата на Регионалниот центар.

Патните исправи на претседателот на Собранието и членовите на неговото семејство, како и другите припадници на МВР кои требало да патуваат во странство, биле навремено доставени до раководителот на смена А.Б. заради соодветно евидентирање, но тоа не е сторено, односно лицата не се евидентирани. Согласно описот и пописот на работни места, меѓу другото, раководителот на смена во Регионален центар за гранични работи, ја организира работата на службите по време и место, ги одредува приоритетите во работењето, се грижи за вршењето на квалитетна пасошка и друг вид контрола, врши контрола во работењето на полициските службеници и дежурната служба во полициската станица и непосредно е одговорен за нивната работа, координира и учествува во извршувањето на мерките и задачите кои се однесуваат на оперативното работење. Во конкретниот случај А.Б. постапил спротивно на чл. 8 (на граничниот премин, сите сервисни информации и секоја друга особено важна информација се регистрираат рачно или електронски во дневникот за настани) с.2 (Информацијата од став 1 на овој член ги содржи следните податоци) т.2 (секое пропуштање во режимот на гранични проверки) од Правилникот за начинот на извршување на граничните проверки и граничен надзор со што сторил потешка повреда на работниот ред и дисциплина утврдена со член 187 став 1 алинеја 3 и 10 од Законот за внатрешни работи и член 210 став 1 алинеја 3 и 10 од Колективниот договор на МВР“, велат од МВР.

За Б.С. е утврдено дека тој, како одговорен за обезбедување во планот за зајакнати мерки и активности од втор степен по повод делегација предводена од претседателот на Собранието, согласно планот, кој тој го изготвил и од истиот има обврска да презема мерки, не е на работа и не бил предвиден да биде на работа за време на поминувањето на делегацијата, при што од самото тоа произлегува дека планот е изготвен површно и несовесно. Со наведените дејствија сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина предвидена во член 187 став 1 алинеја 3 од Законот за внатрешни работи и член 210 став 1 алинеја 3 од Колективниот договор на МВР.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

„Лажниот патриотизам на ВМРО падна: европски пасоши за нив, изолација за народот“, велат од СДСМ

Објавено пред

„Со години ВМРО-ОКГ ширеше страв, хистерија и лажен патриотизам, убедувајќи ги граѓаните дека ние во СДСМ сме предавници кои го го загрозуваат македонскиот идентитетот, јазик и култура. Вистината излезе на виделина. Ниту СДСМ се предавници ниту е загрозен македонскиот идентитет“, велат од СДСМ.

„Тоа го призна и ВМРО-ОКГ. Мицкоски призна дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата, Силјановска призна дека македонскиот јазик, идентитет и култура се заштитени, Муцунски признаа дека НАТО е гаранција за безбедноста и добар за бизнис климата.

Паднаа лагите, падна и лажниот патриотизам на ВМРО. Токму тие што најгласно зборуваа за „предавства“ и „национални интереси“, тивко си обезбедувале бугарски пасоши за себе и за своите семејства. Последното признание на ВМРО само потврди дека Владата на Мицкоски е преполна со функционери со бугарски пасоши.

Кога СДСМ предложи закон со кој премиерот, министрите, вицепремиерите и членовите на Владата нема да можат да имаат двојни државјанства, ВМРО-ОКГ веднаш го одби. Зошто? Затоа што ако законот беше усвоен, половина Влада ќе требаше да си замине.

За нив може европски пасоши и резервна иднина во ЕУ, ама за народот – блокади, конфликти и изолација.

За нив може бугарски државајнства и Бугари, ама не може внесување на малцинствата во Уставот.

Ова е најголемото лицемерие на ВМРО-ОКГ. Додека Македонија намерно ја држат заглавена и оттурната од Европа, тие одамна си обезбедиле европска сигурност за себе. Една по една паѓаат сите лаги на кои со години ја темелеа својата пропаганда.

Граѓаните веќе јасно гледаат дека ВМРО-ОКГ никогаш не водеше битка за државните интереси, туку за власт, бизниси, тендери и лични привилегии. Лажниот патриотизам падна. Вистината излезе на виделина“, соопшти СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Левица: Зошто државниот обвинител Савески не ги користи своите овластувања за случајот „Мазут”

Објавено пред

„Додека ВМРО-ДПМНЕ одбива да го повика државниот јавен обвинител да постапи по скандалозното затворање на случајот „Мазут”, иако претходно Мицкоски од говорница повикуваше по кои предмети да постапи новиот државен јавен обвинител – за овој случај Савески одбира да молчи“, велат од партијата Левица.

„Иако ОЈО ГОКК ја запре истрагата, Законот за јавно обвинителство јасно му дава механизми на државниот јавен обвинител да постапи во оваа фаза од предметот, односно Савески може да побара увид во предметот со цел утврдување на законитоста на истрагата, како и да наложи нови вештачења или прибирање докази. Сепак, и покрај јасните законски алатки, државниот јавен обвинител воопшто не покажува волја да побара увид во предметот „Мазут“, ниту да отвори институционална проверка за начинот на кој е запрена истрагата.

Особено загрижува фактот што по именувањето на новиот државен јавен обвинител беа забележани експедитивни кадровски и процесни потези кои одат во прилог на политичките интереси на ВМРО-ДПМНЕ, како што беше случајот со предметот „Талир”. И покрај тоа што има законска обврска и овластувања да побара увид, да наложи дополнителни дејствија и да утврди дали постапката била водена законито, Савески останува пасивен и одбира да глуми ненадлежен.

Дали пасивноста на Савески доаѓа после телефонскиот разговор со Мицкоски, каде добил такви насоки?! Ако новиот државен јавен обвинител навистина не постапува по политички и партиски директиви, тогаш Савески треба да ги искористи законските механизми кои му стојат на располагање и да утврди како е затворена истрага за случај во кој државата била оштетена за 169 милиони евра“, соопшти партијата Левица.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Уште 10 дена до рокот за реформите кои Мицкоски нема да ги исполни“, велат од СДСМ

Објавено пред

„Владата се фали со пари кои ги добиваат сите кандидати на Балканот освен Србија, но не кажува колку пари загубивме. ЕУ ослободи само 65,7 милиони евра за Македонија а вкупната сума која требаше да се повлече само за периодот јуни 2025 – декември 2025 е 134 милиони евра“, велат од СДСМ.

„Молчи Владата за клучното прашање колку пари загуби Македонија поради тоа што нема продолжување на европскиот пат? Остануваат уште само 10 дена до рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на реформите и европските обврски.

10 дена до уште едно неисполнето ветување на Мицкоски. Без измени на Уставот и внесување на малцинствата, нема продолжување на ЕУ интеграциите, нема помрднување од мртва точка.

Без тоа нема отворање на следната фаза од преговорите. Значи нема ништо.

Самиот Мицкоски тврдеше дека има апсолутно мнозинство, самиот ја укина Техничката влада без консензус.

Сега нека не бара алиби кај СДСМ. Ние нема да му бидеме алиби за неисполнување на реформите и неговите ветувања.

Нека ги заврши реформите што ги вети, нека ги исполни обврските до 1 јуни, нека ги внесе малцинствата во Уставот затоа што без тоа нема продолжување на интеграциите, нема поместување од мртва точка.

Само така ќе покаже дека навистина сака Македонија да продолжи кон ЕУ.

Во спротивно ќе мора конечно да излезе пред граѓаните и да признае дека не сака ЕУ затоа што се плаши од европски стандарди, од реформи, од независно правосудство и од одговорност“, соопштуваат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт7 минути

Милитао нема да игра на СП – За повредата го обвини клубот и тренерот Чаби Алонсо

Бразилскиот дефанзивец, Едер Милитао заврши уште една сезона за заборав, трета по ред. За проблемите со повредата оваа сезона, Милитао,...

Култура11 минути

„Страв и надеж“ – претстава за современиот човек и неговите стравови на сцената на МНТ на 𝟣𝟩 јуни

На 17 јуни, со почеток во 20:00 часот, на сцената на Македонскиот народен театар ќе биде изведена претставата „Страв и...

Македонија11 минути

„Лажниот патриотизам на ВМРО падна: европски пасоши за нив, изолација за народот“, велат од СДСМ

„Со години ВМРО-ОКГ ширеше страв, хистерија и лажен патриотизам, убедувајќи ги граѓаните дека ние во СДСМ сме предавници кои го...

Спорт28 минути

Англичаните можат да имаат шест клуба во Лигата на шампионите

Астон Вила чекаше 44 години на европски трофеј, постот го прекина синоќа во Истанбул, со победата над Фрајбург (3:0) во...

Забава37 минути

Девет мали навики кои ќе ви помогнат полесно да ослабете

Кога станува збор за губење на тежината – процесот генерално мора да биде одржлив за да биде успешен. Се наоѓаме...

Македонија52 минути

Левица: Зошто државниот обвинител Савески не ги користи своите овластувања за случајот „Мазут”

„Додека ВМРО-ДПМНЕ одбива да го повика државниот јавен обвинител да постапи по скандалозното затворање на случајот „Мазут”, иако претходно Мицкоски...

Забава56 минути

(Фото) Тамара Калиниќ носеше чанта вредна повеќе од 100.000 евра во Кан

Српската инфлуенсерка Тамара Калиниќ избра внимателно стилизирани парчиња за својот престој во Кан, а едно особено ѝ го привлече вниманието....

Македонија1 час

„Уште 10 дена до рокот за реформите кои Мицкоски нема да ги исполни“, велат од СДСМ

„Владата се фали со пари кои ги добиваат сите кандидати на Балканот освен Србија, но не кажува колку пари загубивме....

Спорт1 час

Компани ќе ја засили одбраната со поранешниот соиграч

Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, има голема желба да го донесе во својот тим, поранешниот соиграч, Џон Стоунс. Англискиот...