Контакт

Македонија

Медиа-планови за кампањата за референдумот се доставуваат на дневна основа, информираат од Собранието

Објавено пред

Согласно со законските одредби, како и Правилникот за подготовка, организирање и спроведување референдум на државно ниво, Собранието на Република Македонија е единствен носител на јавната пропаганда за референдумот 2018, односно на времето определено од страна на радиодифузерите за јавната пропаганда за референдумот, и постапува според законските прописи и според правилата донесени од страна на Координативното тело на Собранието, информираат од законодавниот дом.

„Во согласност со одлуката на Државната изборна комисија, предвидениот медиумски простор за пропаганда се однесува на овластениот предлагач, односно Собранието на Република Македонија“, велат од Собранието.

Координативното тело, додаваат, утврдува општ медиа-план за јавна пропаганда, со определување на времетраењето на медиумското претставување, согласно со пропорционалната застапеност на пратениците во Собранието кои се изјасниле позитивно за учество во јавната пропаганда, и е во сооднос 59 отсто „за“ и 41 отсто „против“.

Јавната пропаганда се води преку медиумско претставување во националните и локалните радиодифузери и преку дневните весници. Поточно, медиумите кои доставија ценовници до Државната изборна комисија во предвидениот рок од страна на ДИК. Со нив се склучени договори и до нив, на дневна основа, од страна на Координативното тело се доставуваат медиа-планови, според процентот на искажаните ставови на пратеничките групи и на
пратеници кои не се организирани во пратенички групи, прецизираат од Собранието.

Македонија

Свечена aкадемија за денот на албанската азбука и 110-годишнината од Битолскиот конгрес

Објавено пред

Во организација на Секретаријатот за европски прашања, а во име на Собранието и Владата на Република Македонија, во просториите на Музејот на албанската азбука во Битола денеска се одржа свечена академија по повод 22 ноември – денот на албанската азбука и 110 годишнината од Битолскиот конгрес.

На настанот учествуваа еминентни претставници од Академија на науките на Албанија, Албанска Академија за Албанолошки студии, Албанолошкиот Институт на Косово; Институт на историјата на Косово, како и повеќе истакнати научни, општествени и политички претставници од Македонија.

„Прославата на еден од најважните јубилеи, 110 годишнината од Битолскиот конгрес и унификацијата на Албанската азбука продолжува со промоции на повеќе книги, научни трудови; предвидено е и научна конференција во Битола, додека централен настан ќе биде утрешниот настап на уметничкиот великан Шкелзен Доли со концерт на виолина во придружба на Македонската филхармонија, а под диригентската палка на Михаел Мацијашчик од Полска на кој ќе присуствуваат и претседателите на Албанија и Косово – Илир Мета и Хашим Тачи, со што овој историски јубилеј ќе биде одбележан на високо регионално ниво, со присуство на претставниците на Албанците од целиот регион“, се вели во соопштението од Секретаријатот за европски прашања.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Рот: Правото на азил е гест на хуманост за прогонетите, но не и за пријател на премиерот

Објавено пред

Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот, упати критики до унгарските власти кои му доделија азил на поранешниот премиер Никола Груевски.

„Правото на азил е човеково право. Тоа е спасоносен гест на хуманост за политички прогонетите, но не и за пријател на шефот на владата, за да ја избегне правдата. ЕУ мора да остане заедница на демократски и правни држави“, напиша Рот на „Твитер“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Италијански медиуми: Папата Франциско во мај ќе ја посети Македонија

Објавено пред

Папата Франциско во мај следната година ќе ја посети Македонија, објави римокатоличкиот интернет сервис „Религион дигитал“, повикувајќи се на извори од Ватикан. Папата ќе ги посети и Романија и Бугарија. Посетата најверојатно ќе се одвива од 3 до 7 мај.

Сервисот објавува дека ова ќе биде прва посета на еден Папа во Македонија.

„Во очекување на официјалната агенда за посетата, засега е позато дека Папата ќе ги посети Софија и Пловдив во Бугарија, Букурешт во Романија и Скопје во Македонија, која е четврта земја во Европа по бројот на муслиманско население“, објави „Религион дигитал“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ57 минути

В петок состанок на телото за помирување

В петок, најверојатно, ќе се одржи состанок на координативното тело за помирување и интеграција. Деталите околу новиот предлог за амнестија...

Бегството на Груевски3 часа

Рот: Правото на азил е гест на хуманост за прогонетите, но не и за пријател на премиерот

Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот, упати критики до унгарските власти кои му доделија...

Македонија3 часа

Италијански медиуми: Папата Франциско во мај ќе ја посети Македонија

Папата Франциско во мај следната година ќе ја посети Македонија, објави римокатоличкиот интернет сервис „Религион дигитал“, повикувајќи се на извори...

Свет5 часа

Турција: Не е можно ЦИА да не знае кој дал наредба за убиството на Кашоги

Турција ги обвини САД дека се обидуваат да го игнорираат убиството на новинарот Џамал Кашоги, што се случи во саудискиот...

Бегството на Груевски6 часа

Унгарскиот министер за правда: Унгарија не може да го екстрадира Груевски, тој може да добие патнички документи

Унгарскиот министер за правда, Ласло Трочањи, за телевизијата „Еко“ изјави дека Никола Груевски може да аплицира за патнички документи како...

Македонија7 часа

Сијарто: Унгарските дипломати не го шверцуваа Груевски преку границите, тој имаше документи

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска одржа прес-конференција, на која рече дека Груевски морал да премине преку три...

Македонија8 часа

(Видео) Апостолски: Недозволиво е да се одреди мерка притвор без да биде сослушан обвинетиот

Денеска, го добивме решението за мерката притвор на Сашо Мијалков. Без да се повика на сослушување, недозволиво е на обвинетиот...

Бегството на Груевски8 часа

Директорот на затворот „Скопје“: Мијалков е во ќелија со други затвореници, има право на посети и два часа прошетка

Нема наредба од судот за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, да биде спроведен на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ поврзан со...

Македонија8 часа

Хан очекува објаснување од Орбан за азилот на Груевски

Еврекомесарот за проширување, Јоханес Хан на Твитер објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски,...

Свет9 часа

(Видео) Американскиот Сенат преку писмо побара од Трамп втора истрага за Кашоги

ЦИА не успеа со сигурност 100 %, да утврди дали саудискиот престолонаследник го наредил убиство на новинарот Џамал Кашоги, изјави...

Македонија9 часа

МЗД: Да се разреши составот на Комисијата која утврди дискриминација кон Груевски

Со утврдувањето дискриминација кон Никола Груевски, Комисијата за заштита од дискриминација покажа селективно и непрофесионално работење, смета Мрежата за заштита...

Македонија19 часа

СЈО барало притвор за Мијалков поради оперативни информации дека ќе бега

Во решението на кривичниот суд за притворот на ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков, пишува дека мерката му е определена...

Македонија21 час

Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за...

Македонија23 часа

(Видео) Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат...

Македонија23 часа

Владата го одби предлог-законот за амнестија предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Владата на денешната владина седница донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април. „Владата донесе негативно...

Uncategorized1 ден

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија1 ден

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски1 ден

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија1 ден

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски1 ден

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Досие