Контакт

Македонија

Меморијален марш за двегодишнината од трагедијата кај Ласкарци

Објавено пред

Со Меморијален марш утре ќе биде одбележана двегодишнината од автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица.

Маршот ќе почне кај наплатната рампа во Гостивар во 16 и 30 часот, а ќе заврши во 17:45 часот на градскиот плоштад, каде [to ќе се одржи симболична церемонија во спомен на жртвите и солидаризирање со семејствата на починатите.

Општина Гостивар ги поканува граѓаните да бидат дел од овој настан, строго придржувајќи се кон мерките за заштита од Ковид-19.

Автобуската несреќа се случи на 13 февруари 2019 година околу 17 часот. Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќал на релација Скопје – Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар. Автобусот излета од автопатот Тетово – Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот.

За несреќата се води судска постапка.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

11 починати и 843 новозаразени од Ковид-19

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени вкупно 3.519 тестирања, а регистрирани се 843 нови случаи на Ковид-19: во Скопје – 360, Прилеп – 66, Неготино – 54, Куманово – 51, Кавадарци – 44, Струмица – 33, Велес – 30, Тетово – 26, Охрид – 25, Гевгелија – 22, Крива Паланка – 20, Гостивар – 18, Кочани – 16, Штип – 12, Богданци – 11, Битола – 9, Крушево – 8, Кичево и Пробиштип по 6, Струга – 5, Ресен и Демир Капија по 4, Валандово и Демир Хисар по 3, Свети Николе, Берово и Кратово по 2 и еден во Македонски Брод.

Регистрирани се 333 оздравени пациенти од Скопје – 115, Кавадарци – 64, Неготино – 26, Прилеп – 25, Тетово – 18, Куманово – 15, Велес и Гевгелија по 10, Штип и Струмица по 9, Гостивар, Битола, Дебар и Берово по 4, Кочани и Крушево по 3, Кичево и Кратово по 2 и по еден во Охрид, Ресен, Делчево, Валандово, Богданци и Демир Капија.

Пријавени се вкупно 11 починати лица. Починати се по 5 пациенти од Скопје (77, 73, 63, 63 и 39 години), по 2 пациенти од Кавадарци (77 и 71 година) и Неготино (77 и 63 години) и по еден пациент од Куманово (75) и Кочани (72). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Направени се 3.519 тестови преку: ИЈЗ-818, ЦЈЗ Скопје-75, Авицена-308, Биотек-306, Жан Митрев (Филип Втори)-176, Систина-306, лабораторија Лаор–248, Судска медицина-12, ЦЈЗ Битола-98, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Синлаб-59, Ремедика-21, лабораторија болница Козле-18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.056, УК Пулмологија со алергологија–2 и ГОБ 8-ми Септември-15.

Досега во земјата се направени вкупно 537.024 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 106.110, бројката на оздравени пациенти е 94.275, на починати е 3.176, а бројот на активни случаи изнесува 8.659.

Според досега завршените епидемиолошки анализи ова е статистиката по градови. За секој град прво се наведени бројките на нови случаи, а потоа и вкупниот број на активни случаи:

Скопје 360, активни 3.988
Куманово 51, активни 349
Прилеп 66, активни 704
Тетово 26, активни 254
Гостивар 18, активни 159
Штип 12, активни 105
Велес 30, активни 243
Кавадарци 44, активни 539
Битола 9, активни 188
Охрид 25, активни 428
Струмица 33, активни 182
Струга 5, активни 168
Кочани 16, активни 100
Кичево 6, активни 44
Неготино 54, активни 305
Гевгелија 22, активни 255
Свети Николе 2, активни 21
Крива Паланка 20, активни 126
Ресен 4, активни 50
Дебар, активни 17
Делчево, активни 65
Радовиш, активни 10
Берово 2, активни 28
Пробиштип 6, активни 37
Виница, активни 23
Валандово 3, активни 35
Крушево 8, активни 81
Богданци 11, активни 62
Кратово 2, активни 26
Демир Хисар 3, активни 25
Македонски Брод 1, активни 5
Демир Капија 4, активни 30
Македонска Каменица, активни 2
Пехчево, активни 4
Дојран, активни 1

Прикажи повеќе...

Македонија

Убиецот на Мартин Нешкоски од Бугарија спроведен во затворот „Идризово“

Објавено пред

За помалку од месец по апсењето, Бугарија го екстрадира специјалецот Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски.

Пред 25 дена тој беше уапсен во Софија, а денеска бугарските власти го испорачаа на граничниот преми Деве Баир. Од таму го презеде македонското МВР и го спроведе во затворот „Идризово“.

При преземањето на гриничкиот премин имаше засилено полициско присуство. Постапката за екстрадиција ја водеше Министерството за правда, а кога, по потерница од МВР, бегалецот Игор Спасов беше уапсен во соседна Бугарија. Тој треба да доиздржи затворска казна од седум години и три месеци во „Идризово“, според веб-страницата на МВР.

За Спасов имаше меѓународна потерница повеќе од една година за доиздржување на затворската казна.

Тој беше пуштен од затворот „Идризово“ на лекување со одлука на штипскиот суд поради лоша здравствена состојба во 2018 година. Кон крајот на септември 2019 година од затворот беше испратено известување до судот дека Спасов не се јавил на доиздржување на затворската казна.

Спасов беше уапсен на почетокот на февруари во софиската населба Младост од страна на бугарската полиција по добиена пријава за семејно насилство. По неговото пронаоѓање, беше известена Македонија, а Министерството за правда за осум дена испрати барање за екстрадиција со сите придружни документи.

Поранешниот специјалец Спасов е осуден на казна затвор од 14 години за убиството на Мартин Нешкоски, а кое се случи вечерта по прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори во 2011 година. Казната затвор ја издржуваше од 2011 година.

По неговото бегство, кружеа шпекулации дека тој е во Турција, но и дека во акцијата се вмешани полициски службеници. Јавното обвинителство во Штип во 2019 отвори и истрага за да утврди кој сè е вмешан, но и како Спасов успеал да ја напушти државата. До сега резултати од неа нема.

Прикажи повеќе...

Македонија

Битола доби парк наменет за домашните миленици

Објавено пред

Во долниот дел од Градскиот парк во Битола од денес граѓаните ќе може да ги носат своите домашни миленици во посебен парк, во кој се сместени реквизити за забава на кучињата и клупи за сопствениците, како и специјални канти наменети за отпад од милениците.

„Многу од нашите сограѓани имаат домашни миленици, но во зависност од нивниот простор на живеење досега немале можност да имаат огранизиран простор, каде што ќе ги носат своите миленици. Придобивката е двојна бидејќи милениците имаат каде да се растрчаат и да имаат свои активности, а од друга страна, со самата ограденост, заштитени се другите граѓани. По согледувањата на граѓаните, барање за ваков простор постои и во горниот дел од градот, во Нова Битола. Идејата е добра и ќе даде можност повеќе бидејќи оддалеченоста од оваа локација е голема“, истакна битолската градоначалничка Наташа Петровска.

Паралелно со акцијата за поставување на паркот, ЈП „Комуналец“ обезбеди дополнително осветление на овој простор со цел граѓаните да може да остануваат и подоцна во вечерните часови.

„Би сакал да укажам на правилата што се запишани на поставените табли на двата влеза, да се чува инвентарот, а отпадот од кучињата граѓаните да си го ставаат во кантите за таа намена за да можеме паркот да го одржуваме во добра кондиција“, истакна директорот на ЈП „Комуналец“, Панде Богоевски.

Бранко Тасевски, вработен во ЈП „Комуналец“ и претседател на битолското Кинолошко друштво, посочи дека Битола е трет град во државата кој има специјален парк наменет за домашните миленици – кучињата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

11 починати и 843 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени вкупно 3.519 тестирања, а регистрирани се 843 нови случаи...

Македонија20 минути

Убиецот на Мартин Нешкоски од Бугарија спроведен во затворот „Идризово“

За помалку од месец по апсењето, Бугарија го екстрадира специјалецот Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски. Пред 25 дена тој...

Македонија3 часа

Руската вакцина ќе пристигне во Македонија оваа недела

Премиерот Зоран Заев соопшти дека, најверојатно, првите 3.000 вакцини „спутник в“ ќе пристигнат во земјата в недела. „Еве, јас знам...

Македонија3 часа

Медицинска сестра од Ортопедија за операција барала 300 евра, бонбониера и пијалак, во полиција ја пријавиле доктори

Медицинска сестра од Клиниката за ортопедија е обвинета дека за операција барала и добила 300 евра, бонбониера и пијалак. Во...

Македонија4 часа

Засилени инспекции во Маврово: голем број хотели директно ги испуштаат отпадните води во езерото

По претставка на граѓани, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖЗС) врши интензивен надзор врз правни субјекти на територијата на Националниот...

Топ5 часа

Прекината свадба во Тетово, притворен сопственикот на угостителскиот објект

Полицијата вчера прекинала свадба со 110 гости угостителски објект во Тетово. Приведен е сопственикот на угостителскиот објект. „По претходна пријава,...

Топ5 часа

Познат идентитетот на убиените во Топанско Поле

МВР со детали за пукањето ноќеска во скопската населба Топанско Поле. Како што се наведува, убиени се лицата А. Б....

Регион6 часа

„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг

Епидемиолошката состојба во српскиот град Врање е вонредна и исклучително тешка, предупредуваат експертите во земјата. Покрај наглото зголемување на бројот...

Европа6 часа

Молдавија прва во Европа доби вакцини преку „Ковакс“

Молдавија е прва европска земја што доби вакцини против коронавирусот од глобалната програма „Ковакс“, објави претседателката Маја Санду. Таа на...

Свет6 часа

(Видео) Во зоолошка во Сан Диего вакцинирани мајмуни против коронавирусот

Девет мајмуни во зоолошката градина во Сан Диего – четири орангутани и пет бонобо – се вакцинирани против Ковид-19, со...

Македонија6 часа

Ноќеска пукање во Топанско Поле, мртви две лица

Двајцата убиени, во кои ноќеска беше пукано, се од Скопје, на возраст од 24 и 28 години, велат од МВР...

Регион6 часа

Словенија ги заострува условите за влез во земјата поради новите видови коронавирус

Поради опасност од внесување нови варијанти на коронавирусот, Словенија ќе спроведе засилен надзор и ќе ги заостри условите за влез...

Свет7 часа

Папата ја почна историската посета на Ирак

Папата Франциско, утрово, на аеродромот во Рим полета со авион во историска посета на Ирак, пренесоа агенциите. Како што се...

Европа8 часа

Австралија бара од ЕК да ја преиспита одлуката за блокирање на вакцините од „Астра зенека“

Австралија бара од Европската комисија да ја преиспита одлуката за блокирање на испораката на вакцините на „Астра зенека“ во таа...

Свет8 часа

Во Мексико убиени над 60 политичари пред изборите во земјата

Најмалку 64 политичари се убиени во последните шест месеци во Мексико. Се претпоставува дека тоа има некаква врска со парламентарните...

Свет19 часа

90 проценти од Израелците примиле барем една доза вакцина или го прележале коронавирусот

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес објави дека Израел, Австрија и Данска ќе формираат заедничка основа за истражување, развој и...

Македонија20 часа

Нов силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, а потресот беше почувствуван и во Македонија. Според...

Свет22 часа

Путин: Руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот

Претседателот на Русија, Владимир Путин, рече дека руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот. Путин на состанокот...

Свет24 часа

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Нов Зеланд, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд. Според првичните проценки на emsc-csem.org, земјотресот бил со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата...

Македонија1 ден

Девет починати и 721 новозаболен од Ковид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нов случај на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Досие