Контакт

Македонија

Меркел жали што не е постигнат консензус за влез во ЕУ

Објавено пред

Ангела Меркел изрази жалење што не постигнато единство околу датумот за преговори со Северна Македонија и Албанија на самитот на ЕУ. Германија смета дека со исполнување одредени услови можеше да дојде до отворање преговори, но немаше единствен став за тоа. Ќе се вратиме на ова прашање на Самитот за Западен Балкан во 2020 година, порача Меркел.

„Позицијата на СР Германија беше дека може да се дојде до отворање преговори под определени услови. Меѓутоа, ваквиот став не можеше да добие согласност од сите и поради тоа жалам многу. Дискусијата беше многу обемна и уште еднаш ја нагласи важноста на овие земји од геостратешки, но и од европски аспект. На оваа тема ќе мора и натаму да работиме. Се договоривме пред самитот за Балканот во време на хрватското претседателство, значи пред самитот за Балканот во Загреб, уште еднаш да се навратиме на оваа тема. Но, разликите во мислења сѐ уште не се надминати“, рече таа на прес-конференцијата по завршувањето на Самитот.

На прашањето дали стравува од скршнување на Северна Македонија и на Албанија од европскиот пат и дали навистина Франција беше толку изолирана на самитот, германската канцеларка рече дека не е тајна оти три земји имаат задршки: Франција, Данска и Холандија.

„Ќе се обидеме преку блиски контакти со овие земји да ги сведеме последиците на најмало можно ниво. Но, ќе има, се разбира, разочарување. Денеска разговарав со Зоран Заев во Северна Македонија. На една страна е желбата, француската желба која нагласено ја поддржувам, да ги направиме потранспарентни процедурите за приклучување, и да ставиме јасно до знаење дека отворањето преговори за приклучување не се сигурниот успешен крај, туку дека може да има и реверзибилност, за што исто така се залагам и тоа ќе го правиме во наредните месеци. Потоа, има различни проценки и за работите кои уште треба да се направат. Сите се на мислење дека уште нешто треба да се заврши, но некои, како на пример Германија, велат дека сепак досега е доволно направено за да се влезе во процесот на приклучување. Други велат дека не е доволно сторено“, рече Меркел.

Македонија

Четворица пациенти по инцидентот во Романовце се во животна опасност

Објавено пред

Во текот на денешниот ден во Клиничкиот центар во Скопје примени се седум пациенти со изгореници, повредени од експлозија на плинска боца во кумановското село Романовце, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Тој нагласи дека четворица од пациентите се во исклучително тешка состојба, со голем степен на изгореници и се наоѓаат во животна опасност.

„Од четворицата хоспитализирани, двајца мажи на 60 годишна возраст се наоѓаат на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. На одделот за Интензивна нега на клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување се примени две жени на возраст од 40 и 45 години.

Од тројцата пациенти во „Св. Наум Охридски-Скопје“ една од повредените е жена на 40-тина години и е во одделот за интензивна нега, а на 20 годишна пациентка, која е бремена, и` се вршат дополнителни испитувања.

Во Старата Градска болница е примено и дете со мал процент изгореници“ изјави Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров во Солун на конференција на високо ниво посветена на европската перспектива на Западниот Балкан

Објавено пред

Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре во Солун, ќе учествува на конференцијата на високо ниво посветена на европската перспектива на Западниот Балкан „Од Солун до Загреб”, на покана на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас.

На конференцијата, поканетите Министри за надворешни работи од регионот на Западен Балкан и од земји членки на ЕУ, кои граничат со Регионот, како и претставници на ЕУ институции, ќе имаат можност да разменат мислења околу предизвиците и перспективите за унапредување на европската интеграција на Западниот Балкан.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нормализиран сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод

Објавено пред

Од 14:00 часот сообраќајот на патот Прилеп – Македонски Брод, кај м.в. Црква е нормализиран, соопшти АМСМ.

Претходно, поради јавен собир на жителите на Суводол, патот беше блокиран.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа10 часа

Италија е трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Бројот на заразени со коронавирус во Италија значително се зголеми во последните три дена. До денеска се потврдени 152 случаи,...

Свет12 часа

Трет патник од бродот во Јапонија почина од коронавирус

Трет патник од крузерот „Дајмонд принцес“ во Јапонија почина од коронавирусот, објави денеска јапонското Министерство за здравство. 80-годишниот јапонски државјанин...

Европа13 часа

Десет градови во Италија во изолација поради коронавирусот

Десет италијански градови, претежно во Ломбардија, се ставени во изолација откако вчера беа потврдени два смртни случаи и речиси 80...

Македонија14 часа

Четворица пациенти по инцидентот во Романовце се во животна опасност

Во текот на денешниот ден во Клиничкиот центар во Скопје примени се седум пациенти со изгореници, повредени од експлозија на...

Топ16 часа

Три деца загинаа а шест луѓе се повредени во експлозија на плинска боца во куќа во Романовце

Три малолетни деца на возраст од 8, 9 и 11 години утрово загинаа во експлозија на плинска боца во семејна...

Свет17 часа

Во земјотресот меѓу Иран и Турција – седум загинати во Турција, има и затрупани

Најмалку седум луѓе загинаа, а некои се затрупани под урнатините од згради на југоистокот од Турција, по потресот со јачина...

Спорт17 часа

Шпанците го обвинуваат тетовскиот супер-агент Фаљи Рамадани за перење пари!

Фаљи Рамадани, еден од најмоќните фудбалски агенти на светот, е под истрага на шпанските власти за учество во шема за...

Македонија18 часа

(Видео) Милошоски објави нов аудио-материјал: Заев договарал одлуки со Врховниот суд

На прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Антонијо Милошоски објави нов материјал, кој рече дека како транскрипт му го доставил...

Топ18 часа

На автопатот „Пријателство“ во камион превезувани 43 мигранти од Бангладеш

Во близина на бензинска пумпа на автопатoт „Пријателство“, во правец од ГП Табановце- Куманово, синоќа полициски службеници од Полициска станица...

Свет19 часа

(Видео) Загина во ракетата што сам ја направи, сакаше да докаже дека Земјата е рамна

Американскиот авантуристички пилот, познат како „Лудиот“ Мајк Хјус, загина вчера обидувајќи се да ја лансира ракетата што сам ја направи,...

Свет19 часа

Русија негира дека шири дезинформации за вмешаност на САД во ширењето на коронавирусот

Русија строго ги негираше тврдењата дека шири дезинформации за појавата на коронавирусот на социјалните медиуми. Американски официјални претставници изјавија дека...

Свет20 часа

По грешка пуштиле 23 патници од крузерот без повторен тест за коронавирус

Владата на Јапонија дозволила да се симнат 23 патници од крузерот „Дајмонд принцес“ без повторно тестирање на коронавирус по истекот...

Топ2 дена

Тешко повреден градежен работник кој паднал во длабока дупка

Тешко повреден 52-годишен градежен работник од Скопје бил донесен вчера во Градската општа болница„Св. Наум Охридски“,откако паднал во дупка длабока...

Топ2 дена

Пронајдени 47 мигранти во камион кај Струмица

Четириесет и седум мигрнати биле пронајдени во паркиран камион кај Струмица, возачот на возилото избегал. Вчера околу 21 часот на...

Европа2 дена

(Видео) Археолозите со неверојатно откритие – пронајдена гробницата на Ромул во Рим

Италијанските археолози соопштија дека во центарот на Рим откриле древна гробница која речиси сигурно е посветена на основачот на Рим,...

Топ2 дена

Приведени двајца дилери на дрога во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава против А.Т.(42) од Неготино и М.А.(29) од село Корешница, демиркаписко за неовластено производство и пуштање во...

Европа2 дена

Прва жртва на коронавирусот во Европа, почина пациент во Италија

Пациент заразен со коронавирус во градот Падова, на северот на Италија, почина, со што стана прва жртва на вирусот во...

Свет2 дена

СЗО: Земјите мора да дејствуваат брзо пред да биде предоцна

Шансите за сузбивање на ширењето на епидемијата на коронавирусот во светот се намалени, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), нагласувајќи дека...

Топ2 дена

(Видео) Сеопфатното сексуaлно образование ќе превенира и скандали како „Јавна соба“

Порнографските материјали на малолетници дистрибуирани преку групата „Јавна соба“ на апликацијата „Телеграм“, бременост кај малолетнички, насилство базирано кон оние со...

Македонија3 дена

Спасовски: Владата разгледува две можни решенија за надминување на кризата со пасошите

Владата разгледува две можни решенија за надминување на пасошката криза, односно „Веридос“ што е можно побрзо да ги испорача обрасцирте...

Досие