Контакт

Македонија

Меркел за првпат во посета на Македонија

Објавено пред

Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска за првпат доаѓа во посета на Македонија. Веста за нејзината посета пред неколку дена ја објави нејзиниот портпарол, Штефан Зајберт.

„Сè уште се работи на програмата, но сега можам да ви кажам дека канцеларката ќе се сретне со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев”, рече Зајберт најавувајќи го доаѓањето на Меркел и додаде дека во фокусот на средбата ќе бидат „регионалните случувања, билатералните прашања”. Тој исто така додаде дека канцеларката Меркел сака самата на лице место да формира впечаток во пресрет на референдумот за прашањето за името на земјата, којшто ќе се одржи на крајот од месецот.

Во пресрет на референдумот во посета на Скопје покрај Меркел, беа и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и австрискиот канцелар, Себастијан Курц.

Македонија

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Објавено пред

Владата соопшти дека ќе испрати барање за екстрадиција на експремиерот Никола Груевски, проследено со севкупната документација за процесите и пресудата.

„Владата на Република Македонија очекува дека властите во Будимпешта безусловно ќе го прифатат барањето за екстрадиција и во согласност со почитувањето на меѓународното право како земја членка на ЕУ и НАТО ќе овозможат враќање на Груевски во Македонија со цел да си ја отслужи казната затвор и да одговара за останатите дела за коишто е обвинет“, велат од Владата по потврдата дека Груевски добил азил во Унгарија.

Владата додава дека експремиерот е осуден со правосилна пресуда во јавен и транспарентен процес, а истовремено против него се водат уште неколку судски постапки, истраги и уште една предистражна постапка.

„Осудениот Никола Груевски беше под полициска заштита согласно со правата кои му следуваа како поранешен премиер и тој во ниту една ситуација нема пријавено закани по неговиот живот. Против Никола Груевски никогаш не бил воден никаков политички прогон и не се евидентирани никакви закани по неговиот живот, ниту пак која било владина институција вршела закани по неговиот живот. Оттука констатираме дека единствена цел на Груевски е избегнување на правдата“, се вели во соопштението на Владата.

Оттаму додаваат дека Македонија е правна држава во којашто владеат законите, а секој оној за којшто се докажало дека ги прекршил законите и секој оној за којшто има правосилна пресуда, ќе одговара за своите постапки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Притвор за пет лица поради физичката пресметка во Гостивар

Објавено пред

На тројца од петте лица осомничени за физичката пресметка што во Гостивар се случи минатата недела  судот им определи притвор во времетраење од 30 дена. За двајца од осомничените определен е куќен притвор, соопшти обвинителството.

Петмината осомничени учествувале во физичка пресметка во Гостивар, каде што на 14 ноември годинава, во 14 часот, во центарот на градот, на прометната улица Браќа Ѓиновски нападнале две лица употребувајќи физичка сила и дрвени палки.

Од обвинителството велат дека мотивот за нападот е предмет на натамошно утврдување во истражна постапка што  ја води надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

„Анима мунди“ со законски измени за Законот за заштита на животните

Објавено пред

Организацијата за заштита на животните „Анима мунди“ изготви и до надлежните институции достави коментари и предлог-законски измени на постојниот закон за заштита и благосостојба на животните со цел суштинско и квалитативно унапредување на законот и изнаоѓање трајно и хумано решение за проблемот со бездомните животни во Македонија.

Од „Анима мунди“ велат дека амандманите се изработени од нивното здружение и дека се поддржани од 11 македонски здруженија за заштита на животните. Предложените законски решенија, како што додаваат, се меѓусебно поврзани, лесно применливи и прават една сеопфатна правна и апликативна целина.

Во фокусот на предложените законски измени се:

1. Регулирањето на одговорното сопствеништво и дефинирање забранети постапки затоа што неодговорното чување миленици (неконтролиран расплод/напуштање/немање никаква евиденција) се причинител број 1 за постоење на овој проблем.

2. Јасна децидна забрана за евтаназија како механизам за справување со бездомната популација затоа што откако знаеме се применува и не донела резултат, го продлабочила проблемот, дала можност на надлежните (општините) наместо трајно решавање, само да симулираат привидно намалување фокусирајќи се на краткорочни ефекти (на пример, само за времетраење на сопствениот мандат), а потоа драстично продлабочување на проблемот.
Рутинското убивање не само што не го решило проблемот, туку  ги изложил/ги изложува граѓаните на опасност. Во овој контекст не само земји како Романија, Бугарија, Унгарија, туку и Македонија е пластичен пример и показател за неуспех кој се должи на континуирана примена на погрешни мерки и стратегии.

3. Воведување нови законски одредби кои би овозможиле примената на законот да биде пофлексибилен, општините во недостиг на финансиски средства или инфраструктура или по процена на ефект да може да спроведуваат програма за намалување на бројката на бездомни животни во соработка со здруженија, ветеринарни станици, граѓаните (на пример, ваучер-систем или мобилни клиники што би опслужувале повеќе општини и сл.). Ова го сметаме за исклучително важно бидејќи досега Законот оневозможува сè друго, освен дејствување во рамките на стационари, што е скапо, непотребно, неодржливо.

Со законот да се дозволи здруженијата за заштита на животните да стерилизираат бездомни животни. Од здружението потенцираат дека ова досега не им било дозволиво со закон, иако сакале само да помогнат, инспекциски служби вршеле проверка дали стерилизираат противправно бездомни животни бидејќи, како што велат, тие не биле надлежни.

Бараат со законот да се дозволи соработка со меѓународни организации и нивно ангажирање во земјата со цел намалување на бројката на бездомни животни. Според здружнието, ова е неопходно со цел во иднина повторно да не се пропуштаат шанси, како понудите за помош од најсилни меѓународни организации, „Ворлд вет“ и ЕНПА.

4. Законско овластување на здруженијата за заштита на животни за спроведување одредени одредби на законот, вршење надзор, проверка на одговорното сопствеништво, т.е. измени од кои би произлегла  можноста за наменски овластена служба за заштита на животните формирана од претставници на здруженијата за заштита на животни. Во моментот единствено надлежна да постапува во случаи на мачење, злоупотреба, занемарување, неодговорно сопствеништво и напуштање на животните во Република Македонија е ветеринарна инспекција при Агенцијата за храна и ветеринарство. Меѓутоа, ветеринарна инспекција има десетици други надлежности и не е специјализирана за заштита на животните. Како последица на тоа, сведоци сме на неодговорно сопствеништво, кое е основен причинител за постоење бездомни животни на улиците; нелегална купопродажба на животните, борби со кучиња, пред сè, во руралните средини, при што повеќе “неупотребливите“ единки најчесто завршуваат на улица, како и исклучително многубројни и екстремни случаи на насилство врз животните во Р. Македонија, кои без двоумење укажуваат на агресија и насилство во македонското општество – девијантни појави кои е неопходно да се превенираат или кои доколку се случат, неопходно е да бидат строго санкционирани. Таквите случаи се најчесто истражувани, откривани и пријавувани од здруженијата за заштита на животните. За жал, фактичката состојба укажува дека по нив не се постапува соодветно, т.е. дека иако здруженијата ги евидентираат и пријавуваат, случаите не добиваат адекватна правна завршница.

Почитувани, имајќи ги предвид досегашните трагични и негативни случувања, како и заклучокот на Владата од 6 ноември, МЗШВ, АХВ и ЗЕЛС, во соработка со здруженијата за заштита на животните, да изнајдат законско решение за трајно решавање на проблемот со кучињата скитници, од „Анима мунди“ се надеваат дека конечно и сериозно ќе се земат предвид нивните предлози, кои, како што велат, се исклучиво во интерес на граѓаните и хуманиот третман на животните во Република Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека ќе испрати барање за екстрадиција на експремиерот Никола Груевски, проследено со севкупната документација за процесите и пресудата. „Владата...

Бегството на Груевски1 час

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Бегството на Груевски2 часа

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Бегството на Груевски2 часа

Исполнети се условите за Груевски да стане азилант во Унгарија, пишуваат унгарските медиуми

Експремиерот Никола Груевски и официјално е азилант во Унгарија, објавуваат унгарските медиуми повикувајќи се на се уште непотврдени информации кои...

Македонија5 часа

Сведокот ги препозна двајцата напаѓачи што го претепаа Никола Саздовски

На денешното рочиште за убиството на 20-годишниот навивач на групата „Комити“ повеќе од два часа сведочи сведокот Миле Алексовски, кој...

Свет5 часа

(Видео) Девојка со српско потекло меѓу убиените во Чикаго

Една од трите жртви на пукањето во болницата „Мерси“ во Чикаго е 25-годишна девојка со српско потекло, пишуваат српските медиуми....

Македонија5 часа

При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош

Денешното рочиште за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на претседателот на партијата ОМ, Љубе Бошкоски, продолжи со репродуцирање...

Афера „Банки“6 часа

(Видео) Афера „Банки“ – како банката му ја одзеде болницата на доктор Адил Мустафа!?

Приватната болница „Шендети“ во Мала Речица, Тетово, неколку години по отфрлената кривична пријава од Обвинителството, остана со катанец на вратата....

Бегството на Груевски6 часа

(Видео) Дескоска: Ќе бараме екстрадиција на Груевски и да му е доделен азил

Македонија, денеска, или најдоцна утре ќе го достави барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Министерката за правда, Рената...

Бегството на Груевски7 часа

Груевски добил азил во Унгарија?

Канцеларијата за имиграција и азил во Унгарија донела одлука за барањето на бегалецот Никола Груевски, но оттаму, нема детали дали...

Европа7 часа

(Видео) Избоден полицаец во напад во Брисел, напаѓачот повреден

Во историскиот центар во Брисел утрово непознат напаѓач со нож нападна еден полицаец кој се збоди со повреди. По нападот...

Македонија8 часа

Дисциплинска за полицаец кој употребил сила врз актерката Ирена Ристиќ

Одделот за внатрешна контрола при МВР поведе постапка за дисциплинска одговорност на полицаец од полициската станица Центар, кој пред два...

Македонија8 часа

Вучиќ: Груевски во Србија влезе со важечки документи, прашање е како ја напуштил Македoнија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави синоќа дека поранешниот премиер Никола Груевски со регуларни документи влегол во Србија, дека во...

Македонија20 часа

ДЗС: Спасени четири лица завеани на Пелистер

Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување од СВР Битола доцна синоќа, во 00:30 часот, добило известување дека...

Свет20 часа

Путин: Повлекувањето на САД од договорот не може да остане без наш одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Кремељ ќе има одговор доколку САД се повлечат од договорот за нуклеарните сили со...

Македонија22 часа

„Груевски е ВИП-мигрант на Орбан“ – унгарската опозиција постави транспарент на зградата на парламентот

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето  азил на поранешниот македонски премиер...

Македонија23 часа

МНР му врачи протестна нота на унгарскиот амбасадор поради бегството на Груевски

Во Министерството за надворешни работи денеска беше повикан амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс, на средба кај државниот...

Македонија1 ден

Министерот Филипче и градоначалникот Темелковски ќе се соочат со граѓаните за дислокација на Центарот за зависници

Решение на проблемот со Центарот за зависници е најдено, а на граѓаните заеднички ќе им го презентираат градоначалникот на општината,...

Регион1 ден

Дармановиќ: Кога Груевски помина низ Црна Гора, немаше потерница по него

Македонија не издаде никакви сигнали со кои на другите земји ќе им даде до знаење дека експремиерот, Никола Груевски, е...

Крвав четврток1 ден

Јане Ченто: Ме држите 11 месеци со препишани решенија за притвор

Во Апелациониот суд во Скопје се одржа јавна седница за продолжувањето на притворот на обвинетиот Јане Ченто за настаните од...

Досие