Контакт

Македонија

Меркел: Не би било добро да нема ЕУ-перспектива за Северна Македонија и Албанија

Објавено пред

Германската канцеларка, Ангела Меркел, во Загреб порача дека Германија е спремна за разговори за она што би можело да се смени во методологијата на преговорите во процесот на проширување на Европската Унија.

На прашањето што ќе се случува понатаму со процесот за приклучување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, како и тоа кога Хрватска би можела да влезе во шенген-зоната, Меркел рекла дека не може да се случи да нема европска перспектива за сите земји.

„Тоа не би било добро“, рекла Меркел.

На заедничката прес-конференција со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, таа изразила жалење затоа што на минатиот состанок на Советот на ЕУ не беа отворени преговори со Северна Македонија и Албанија.

Македонија

Осум возила за МВР донација од Германија

Објавено пред

Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска во Mинистерството за внатрешни работи од заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија, Ото Граф, прими дел од донацијата од Договорот за донација меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Сојузното министерство за внатрешни работи, градежништво и татковина на Сојузна Република Германија потпишан на 10.10.2019. Станува збор за осум возила „дачиа дастер“, во вкупна вредност на од 129.200 евра, со што вкупната вредност на донирани средства досега изнесува 1.082.285 евра.

,,Би сакал да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на Сојузна Република Германија за поддршката на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во вид на донации на техничка помош и возила, со кои значително се подобри операбилноста на нашата полиција, а особено на граничната полиција во вршењето надзор и унапредување на безбедноста на државната граница, како и во насока на успешно справување со предизвиците од илегалната миграција“, рече заменикот Нухиу на состанокот по повод примопредавањето на донацијата.

,,Со тоа уште еднаш се потврдува нашата одлична соработка, како и заедничките заложби за справување со предизвиците од заканите по јавната безбедност, како и справување со предизвиците од илегалната миграција, што се поедноставува со потпишувањето на Договорот за соработка во борбата против криминалот помеѓу нашите две држави. Тоа е од особена важност за нас како држава, но и за регионот на Западен Балкан и Европа воопшто“, истакна заменикот Нухиу.

Прикажи повеќе...

Македонија

Манчевски: Со новиот закон се гарантира целосна професионализација на раководните позиции во 130 институции

Објавено пред

Со Законот за висока раководна служба, кој беше усвоен на владина седница, се гарантира целосна професионализација на раководните позиции во 130 институции, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

„Досега, не постоеше единствен закон во кој се уредени правилата за именување, односно назначување на високата раководна служба. За секретарите имаше регулација во Законот за админситративни службеници, додека за директорите во 123 посебни закони. Овие закони беа нецелосни, односно не содржеа одредби за постапката за отворен и фер натпревар, за селекција ниту пак критериуми за избор на најкомпетентен кандидат за раководна позиција, со што беа доведени во прашање начелата на заслуги и родова рамноправност. Од тука, во законот е предвидено дека ако има кандидати со ист број на бодови, предност ќе има кандидатката. На овој начин се обидуваме да го зголемиме бројот на жени на раководни позиции во државата“, информираше министерот Манчевски.

Тој појасни дека со Законот се формира комисија со статус на самостоен државен орган, составена од пет члена со мандат од пет години. Изборот на членовите на Комисијата ќе биде инклузивен, отворен и јавен, а ќе го прави комитет, составен од единаесет члена. Комитетот ќе организира јавно претставување на квалификуваните кандидати за членови на комисијата, кое ќе се снима и емитува на собраниски канал.

Како што посочи министерот Манчевски, за секоја поединечна селекција за високо раководно место ќе се формира посебен одбор, кој го сочинуваат претседател и четири члена, од кои: претседателот и еден член од редот на членовите на Комисијата за ВРС; еден член кој е стручно лице во областа на надлежност на институцијата; еден член од базата на стручни лица за управување со човечки ресурси и еден член од базата на раководители.

Постапката за избор на високи раководители се состои од три задолжителни фази: административна селекција, тестирање и структуирано интервју. По завршувањето на интервјуто, Одборот подготвува конечна листа со најмногу тројца најуспешни кандидати, поединечно мислење за секој кандидат и извештај за спроведената постапка на селекција.

Дополнително, за првпат со овој Закон, се предвидува дисциплинска одговорност за лицата на раководни позиции.

Законот нема да се применува во: судството, јавното обвинителство, институциите од областа на безбедноста, следењето на комуникациите, разузнавањето, одбраната и Армијата на Република Северна Македонија, Дипломатско – конзуларните претставништва, општините, градот Скопје или општините во градот Скопје и од нив основаните јавни претпријатија, јавните установи и регулаторните тела.

Прикажи повеќе...

Македонија

Хуманитарен концерт за лекување на Јана Арсовска во Скопје

Објавено пред

Утре, во „Арената A1“ во Скопје, ќе се одржи хуманитарен концерт на Бона и Мили од соседна Србија, а дел од собраните средства ќе биде дониран за лекување на Јана Арсовска од Охрид. Билетите се со цена од 450 и 800 денари, а почетокот на концертот е закажан за 20.30 часот.

Јана (33) боледува од премногу редок тип на канцер и по двете трансплатации на коскена срцевина, ѝ беше предложено итно лекување со имунотерапија. Ова барање беше одбиено од Фондот за здравство, а пресудата од Управниот суд, ФЗО повторно да го разгледа случајот, беше обжалена од Фондот, со што на Јана ѝ се одмага наместо да ѝ се помогне од институциите. Со месеци се чека одлуката од Вишиот управен суд на Република Македонија, а Јана во меѓувреме е на клиника во Солун бидејќи по 10 месеци без никаков третман и терапија, мораше да почне со големата битка за консолидирање на нејзината здравствена состојба.

„По неколку месеци од почетокот на акцијата, беа собрани речиси половина од средствата поради што ги замолуваме сите хумани луѓе таа да продолжи и да ѝ овозможиме на Јана сè што е можно и најдобрата можна опција во битката против опасната за живот премногу ретка болест. Таа е многу храбра и одлучна да продолжи да живее, но имајќи предвид дека институциите потфрлија, повеќе од потребни ѝ се помошта и дадената надеж од сите хумани луѓе“, вели семејството на Јана.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Објавени аудиоснимки поврзани со „Рекет“: „Не знам, куферот со пари не е кај Заев“

На јутјуб-каналот U6e Big се појавија нови аудиозаписи поврзани со случајот „Рекет“. На нив се слуша глас кој личи на...

Македонија3 часа

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон. Ова го потврди досегашниот организатор Пецо Неданов, кој на „Фејсбук“ објави дека...

Свет3 часа

Разбиена мрежа на педофили, снимале силување бебиња, уапсени 33 лица во 11 земји

Заедничката акција на полициските сили во дури 11 држави доведе до апсење 33 лица осомничени за малтретирање деца, прикажување, добивање...

Македонија3 часа

Речиси половина милион жители во нашата држава немаат постојан пристап до храна

Честопати Северна Македонија е ставена на листата со рекордери во загуби на храна и отпад од храна, а истовремено се...

Свет5 часа

Шведска лекарка ја врати Нобеловата награда за мир како протест поради Хандке

Шведската лекарка и писателка Кристина Доктаре, која ја доби Нобеловата награда за мир во 1988 година како членка на мировните...

Свет5 часа

(Видео) Најмалку шест лица загинаа во пукање во Њу Џерси

Најмалку шест лица, меѓу кои и еден полицаец и двајца осомничени вооружени лица, загинаа во повеќечасовно пукање кај гробиштата и...

Регион5 часа

Шестмина мигранти починаа од студ на грчко-турската граница

Шестмина мигранти починаа од студ на грчко-турската граница. Тие се пронајдени во регионот Еврос, на грчко-турската граница, во периодот од...

Македонија18 часа

Владата даде рок до петок – на увид ги бара сите информации за зачувувањето на статусот на УНЕСКО

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за степенот на реализација на препораките на Реактивната мисија на УНЕСКО од 2017 година,...

Македонија18 часа

Предлог-законот за висока раководна служба оди во Собрание

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, Владата го утврди текстот на предлог – законот за висока раководна...

Свет20 часа

Се подготвува масовен каталонски протест во пресрет на дербито Барселона – Реал Мадрид

Каталонската платформа „Демократско цунами“ ги повика заговорниците за независност на Каталонија за масовни протести по осум дена пред стадионот „Камп...

Регион20 часа

Хрватските возачки дозволи во иднина ќе важат и во САД, Канада, Аргентина …

Парламентарците денеска го поздравија пристапувањето на Хрватска во Конвенцијата за патен сообраќај, односно Женевската конвенција, со која ќе се овозможи...

Македонија23 часа

Благајничката на Камчеви: Со обезбедување дојдов во менувачницата, а парите ги претворив во евра

По паузата во Кривичниот суд во Скопје, продожи судењето за предметот „Рекет“, сведочеше благајничката на семејството Камчеви, Мирјана Бошковска. Таа...

Македонија1 ден

„Екосвест“: ТЕЦ „Битола“ ги надминува дозволените вредности за емисии на токсични супстанции

Државите од Западен Балкан ги надминуваат граничните вредности за емисии во воздухот од термоелектраните на јаглен договорени со Енергетската заедница...

Македонија1 ден

Руте: Албанија не е подготвена, а Северна Македонија е поблиску до почнување преговори со ЕУ

Холандија не се спротивставува на проширувањето на ЕУ, рече премиерот на Холандија, Марк Руте, кој верува дека Албанија во моментот...

Македонија1 ден

Камчева: Боки 13 беше како специјален јавен обвинител, тој знаеше сè

Во продолжението на судењето за случајот „Рекет“, сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, рече дека 350 илјади евра за рекет...

Македонија1 ден

(Видео) Сведок во „Еразмус“: Шуклев бараше секс или пари од студентки за преодна оценка

Ексвработениот во бифето на Економскиот факултет, Дејан Трајковиќ, кој е сведок во случајот „Еразмус“, во судницата рече дека професорот Бобек...

Македонија1 ден

(Видео) Заев и Шекеринска: Овој носач на авиони веќе е дел од нашата одбрана

Претседателот на Владата, Зоран Заев, и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, оценија дека сме дел од најмоќната воена и политичка...

Македонија1 ден

(Видео) Камчева: Во стан во Капиштец ми бараа милиони евра за сопругот

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева, го почна сведочењето за случајот „Рекет“. Камчева рече дека на 9 ноември 2018...

Свет1 ден

Ардерн: Има прашања што мора да бидат одговорени, размерите на трагедијата се катастрофални

Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн, истакна дека има прашања што мора да бидат поставени и одговорени по ерупцијата на...

Свет1 ден

Военото воздухопловство на Чиле потврди дека авионот се урнал, во тек е потрага

Военото воздухопловство на Чиле соопшти денеска дека воениот авион, кој претходно синоќа исчезна од радарот, се урнал. Воздухопловството се огласи...

Досие