Контакт

Македонија

Мета : За името заедно да решат Македонците и Албанците

Објавено пред

,,Албанците и Македонците заеднички треба да го решат прашањето за името со Грција“, порача албанскиот претседател Илир Мета кој денеска ја посети Струга и имаше средба со градоначалникот Рамиз Мерко. Шефот на албанската држава ја изнесе оценката дека тоа е внатрешно прашање на Македонија и изрази оптимизам дека ќе се дојде до решение пред самитот на НАТО во јули во Брисел.

„Се надевам дека ќе има решение за сите и што ќе ги почитува и Македонците и Албанците и другите”, посочи Мета. Тој во врска со законот за јазици во Македонија, кој не е потпишан од страна на македонмскиот претседател Ѓорге Иванов, рече дека се надева дека ќе се надмине и тоа прашање.

„Ова прашање требаше да се реши од порано. Во секој случај мислам дека ова е многу добар закон што ќе се имплементира за многу брз период, бидејќи волјата на оваа гарнитура е голема и решителна е да го имплементира за да се оди напред за подобар соживот”, истакна Мета.

К.М.

Македонија

Боки 13 ѝ рече на судијката да не го деконцентрира

Објавено пред

Обвинетиот Бојан Јовановски во директно испрашување на сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана, ја праша дали се сеќава на гала-вечерите организирани во нивната, како што рече “велелепна палата”.

“Дали се сеќавате на гала-вечерите организирани во вашата велелепна палата”?, рече Јовановски.

Судијката не го дозволи прашањето и му се обрати на Јовановски да не се расправа со Камчева во судницата.

Сопругот на Камчева, Бојан Јовановски го нарече “вашиот сакан и ценет сопруг”. Судијката Васка Николовска Масевска која се обидува да стави ред во судницата и постојано се консултира со нејзината колешка во советот, го опомена да не дели квалификации.

Јовановски постави и следно прашање: “Дали за мене приготвувавте специјални вечери”, рече обвинетиот, а судијката не го дозволи одговорот.

Обвинетиот рече дека за Камчева ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело и откако повторно беше опоменат од судијката се пожали дека ништо не му е дозволено да ја праша Камчева.

“Па дајте осудете ме да не се мачиме. Ме деконцентрирате…”, рече Јовановски. Судијката го праша дали знае каде се наоѓа и дека ќе го отстрани од судницата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене

Објавено пред

Бојан Јовановски – Боки 13 во судницата го испитува сведокот Ана Камчева, а двајцата доаѓаат во конфликт па судијката ги опоменува да се смират.

„Ве толерирам, преќутувам, за да не дојде до сцена, ама вие двајца си правите муабет, наместо испитување“, им вели судијката Васка Николовска Масевска.

„Какви беа нашите средби“, ја праша Јовановски Камчева на што таа рече дека не се сеќава.

„Како што можев да видам вака памтењето добро ве служи така да ајде, кажете“, и рече Јовановски на Камчева.

Тој ја праша и дали нејзините средби со директорот на поранешната УБК Горан Николовски се одвивале во просториите на УБК, на што Камчева одговори “не”.

„Две средби имав, по мое барање беа надвор од МВР зошто таму беше Ременски и ми беше страв дека се ќе биде пренесено”, рече таа.

Дали се сеќавате на вечерите организирани во вашата велелепна палата, беше едно од прашањата што Јовановски и го постави на Камчева.

„Дали се сеќавате дека подготвувавте посебни вечери за мене, продолжува тој, но овие прашања не му се дозволени.
Тој го нарекува сопругот на Камчева, бизнисменот Орце Камчев “вашиот сакан и чесен сопруг”, а судијката повторно го прекорува дека дава квалификации.

Прикажи повеќе...

Македонија

Руте: Албанија не е подготвена, а Северна Македонија е поблиску до започнување преговори со ЕУ

Објавено пред

Холандија не се спротивставува на проширувањето на ЕУ, рече премиерот на Холандија, Марк Руте, кој верува дека Албанија во моментот не е подготвена да ги започне преговорите за членство и дека Северна Македонија е близу до таа цел.

Руте на маргините на неодамнешниот самит на НАТО во Лондон рече дека земјите што бараат членство во ЕУ треба да бидат подготвени, како што била подготвена Црна Гора кога ги започнала преговорите.

„Не веруваме дека Албанија е подготвена да ги започне преговорите со ЕУ во овој момент, а што се однесува до Северна Македонија, таа е поблизу до целта“, рече Руте за подгоричка „Победа“.

Тој додаде дека некои земји не сакале да биде разделен процесот на преговори на Северна Македонија и Албанија со Брисел.

„Некои други не го сакаат тоа, поради што на последниот Европски совет решивме да не напредуваме во однос на отворањето преговори со овие земји“, рече Руте, пренесува порталот РТЦГ.

На прашањето дали 2025 година е навистина реален рок за пристапување на една од земјите од Западен Балкан во ЕУ, Руте одговори дека пристапувањето во ЕУ до одреден датум не е цел сама по себе.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Камчева: Боки 13 беше како специјален јавен обвинител, тој знаеше се

Во продолжението на судењето за случајот „Рекет”, сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, рече дека 350 илјади евра за рекет...

Македонија1 час

(Видео) Сведок во „Еразмус“: Шуклев бараше секс или пари од студентки за преодна оценка

Ексвработен во бифето на Економскиот факултет, Дејан Трајковиќ, кој е сведок во случајот „Еразмус“, во судницата рече дека професорот Бобек...

Македонија1 час

(Видео) Заев и Шекеринска: Овој носач на авиони веќе е дел од нашата одбрана

Претседателот на Владата Зоран Заев и министерка за одбрана Радмила Шекеринска оценија дека сме дел од најмоќната воена и политичка...

Македонија2 часа

(Видео) Камчева: Во стан во Капиштец ми бараа милиони евра за сопругот

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева го почна сведочењето за случајот “Рекет”. Камчева рече дека на 9 ноември 2018...

Свет2 часа

Ардерн: Има прашања што мора да бидат одговорени, размерите на трагедијата се катастрофални

Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн, истакна дека има прашања што мора да бидат поставени и одговорени по ерупцијата на...

Свет3 часа

Военото воздухопловство на Чиле потврди дека авионот се урнал, во тек е потрага

Военото воздухопловство на Чиле соопшти денеска дека воениот авион, кој претходно синоќа исчезна од радарот, се урнал. Воздухопловството се огласи...

Свет3 часа

Пукање во болница во Чешка, најмалку шестмина убиени

Шест луѓе се убиени во пукање во болница во Чешка, објави Би-би-си. Нападот се случил утрово околу 7 часот. Полицијата...

Свет4 часа

Заврши самитот на Нормандската четворка, сите се задоволни од состанокот

Во Елисејската палата во Париз синоќа заврши самитот на лидерите на Нормандската четворка, а францускиот претседател Емануeл Макрон оцени дека...

Македонија15 часа

(Видео) Заев, Шекеринска и Џафери на носачот на авиони ,,Хари Труман“ се сретнаа со адмирал Џејмс Фого

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и претседателот на Собранието Талат Џафери слетаа на носачот на...

Регион19 часа

Рама ги повика граѓаните да не ги оштетуваат намерно објектите

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска го достави првиот прелиминарен извештај за земјотресот што погоди делови од земјата на 26...

Топ20 часа

Пешак загина во сообраќајна несреќа во Штип

Пешак почина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Делчево – Штип, на влезот во селото Облешево. Од...

Македонија20 часа

Кривични за вработени во Бирото за метрологија поради злоупотреба на службената положба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, вработени во Бирото...

Македонија20 часа

Мицкоски: Ако не се одржат предвремените избори ќе ги преиспитаме односите со Пендаровски

Одложувањето на предвремените парламентари избори кои беа договорени да се одржат на 12 април, според ВМРО-ДПМНЕ ќе ја втурнат државата...

Македонија23 часа

Приведен 49-годишен скопјанец кој на Фејсбук му се заканувал на Заев

Секторот за компјутерски криминал ќе поднесе кривична пријава против 49-годишен скопјанец, поради објавени сериозни закани по животот на Фејсбук, насочени...

Регион1 ден

Градоначалникот на Нови Сад поднесе кривична пријава против претседателот Вучиќ

Градоначалникот на Нови Сад и потпретседател на владејачката Српска напредна партија, Милош Вучевиќ поднесе кривична пријава, со цел, како што...

Спорт1 ден

Русија исфрлена од Олимписките игри и светското фудбалско првенство

Извршниот одбор на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) го прифатил предлогот на независниот комитет на Агенцијата, руските спортисти поради кршење на...

Свет1 ден

(Видео) Веб-камера снимила туристи во кратер на вулканот, секунди пред ерупцијата

Веб-камера открила најмалку десет туристи во кратерот на вулканот на Вајт ајленд на Нов Зеланд, во момент пред ерупцијата, пренесуваат...

Македонија1 ден

Пронајдени 27 килограми марихуана, приведени две лица од Албанија 

Полицијата пронашла 27 килограми марихуана во автомобил кај селото Кажани-на патот за битолското село Ѓавато. Уапсени се две лица, возачот...

Свет1 ден

Избрана новата премиерка на Финска, најмлада во светот

Владејачката социјалдемократска партија на Финска ја избра новата премиерка 34-годишната министерка и пратеничка Сана Марин. Таа ќе биде најмладата претседателка...

Свет1 ден

Тежок понеделник во Франција, продолжува штрајкот и сообраќајните проблеми

И денеска продолжува штрајкот во Франција, а со тоа и хаосот во сообраќајот. Вчера, во четвртиот ден од штрајкот на...

Досие