Контакт

Македонија

Меѓународeн ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата

Објавено пред

Меѓународниот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија, 17 Мај, кој оваа година во светот се одбележува со мотото „Сојузништва за солидарност“, Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ-лицата ја изразува својата солидарност со ЛГБТИ-луѓето што преживеале разни видови стигматизација, дискриминација и насилство.

Меѓу другите партнери што го одбележуваат овој ден се и пратениците од Интергрупата за правата на ЛГБТИ-луѓето во Европскиот парламент, кои дале поддршка и честитале за формирањето на Интерпартиската група за правата на ЛГБТИ-луѓето во Собранието на Република Македонија.

„Како пратеници во Европскиот парламент кои се посветени на одбрана и унапредување на правата на ЛГБТИ-луѓето во ЕУ и пошироко, среќни сме што и нашите колеги го прават тоа. Македонија деновиве испишува историја со тоа што е првата земја во Западен Балкан која основала ваква група. Ова е силна и многу потребна порака дека ЛГБТИ-граѓаните треба да се еднакви со своите сограѓани во Македонија“, се вели во писмото со честитки од ЛГБТИ-групата на Европскиот парламент.

Од ЛГБТ-заедницата во Македонија велат дека и покрај остварениот важен напредок за правата на ЛГБТИ-лицата, нотиран и во извештајот на Европската комисија, сепак тие се соочуваат со сериозни предизвици.

„Дискриминацијата и насилството врз ЛГБТИ-луѓето сè уште се присутни и затоа не само што најостро го осудуваме говорот на омраза, насилството и дискриминацијата врз ЛГБТИ-луѓето во Македонија туку и во согласност со нашите надлежности активно работиме за подобрување на законската регулатива. Поднесовме амандмани на Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги за додавање сексуална ориентација и родов идентитет како дискриминациски основи, со што експлицитно ќе се забрани медиумските услуги да содржат програми што поттикнуваат или шират дискриминација, нетрпеливост и омраза“, велат од таму.

Целта, како што велат, е преку позитивни промени да се овозможи заштита од говор на омраза, насилство и дискриминација и развој на инклузивно општество што еднакво го почитува секој поединец, без разлика на која било различност, вклучително и различната сексуална ориентација и родов идентитет.

Македонија

MТСП воведува надоместок и за жените со обострана ампутација на дојка

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека со новиот правилник за листата за видовите телесни оштетувања, врз основа на кои се стекнува со правото на паричен надоместок и процентите на оштетувањата, воведува надоместок и за жените коишто имаат обострана ампутација на дојка.

Досега право на надоместок имаа само жените со еднострана и обострана радикална ампутација на дојка. Воведувањето на ова право од пензиско инвалидско осигурување е на барање на повеќе Здруженија на жени за борба против ракот на дојка.

Од министерството велат дека во новиот правилник којшто веќе е на сила се воведува и табеларно прецизно утврдување на острината на видот и процентите на телесно оштетување според острината на видот. Исто така е подобрен и целиот текст на самиот правилник.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Караџовски на распит во Обвинителството за покачените плати на Судскиот совет

Објавено пред

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски пристигна во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Тој е повикан на распит во Обвинителството да даде исказ за предметот со спорната одлука за покачените плати на членовите на Судскиот совет од минатата година.

Надлежниот обвинител за гонење организиран криминал и корупција истражува евентуална кривична одговорност за злоупотреба на службената положба и овластување и нанесена штета на Буџетот со исплата на додатоците кои не се пропишани со Законот за плати на членовите на Судскиот совет.

Oсновното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција декември минатата година оформи предмет по допрен глас по објавите на медиумите за донесените одлуки на Судскиот буџетски совет за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата, со кои за членовите на Судскиот совет се определува да се исплатат додатоци во висина од 35 отсто од основната плата.Како што соопшти тогаш ЈОРМ, Обвинителството ќе ја испитува основаноста на донесените одлуки за исплата на додатоци на плата за членовите на Судскиот совет и извршената исплата.

Надлежниот јавен обвинител истражува евентуална кривична одговорност за злоупотреба на службената положба и овластување и нанесена штета на Буџетот на Република Македонија со исплата на додатоците кои не се пропишани со Законот за плати на членовите на Судскиот совет.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нова герила-акција: Со табли маркирани 30 ѓубришта и депонии

Објавено пред

Во нова герила-акција наменета за поддршка на иницијативите кои се борат за справување со ѓубрето и ѓубриштата, во изминатите 10 дена со пригодни табли  се маркирани 30-тина ѓубришта и депонии во Скопскиот, Полошкиот, Кичевско-Охридско-Струшкиот и други региони низ Македонија.

Во рамките на акцијата за прогласување на депониите и ѓубриштата за автентично културно наследство посетени се над 200 депонии низ цела Македонија.

„Според сознанијата до кои дојдовме при подготовката на оваа акција на територијата на Македонија обитуваат преку 300 диви депонии и скоро 6 пати повеќе, односно над 1500 диви селски буништа и ѓубришта. Како најзагрозени и најбогати со депонии и ѓубришта можеме да ги посочиме Полошкиот регион, а зад него се Скопскиот и Кумановскиот регион, иако ниту еден регион не заостанува значително. Интересен е факот дека најголемото ѓубриште е долго преку 30 километри и се наоѓа по двата брега на течението на Вардар од Гостивар до Јегуновце, каде практично куповите ѓубре, шут, стар мебел и отпад, циклично се редат преку 30 километри, а најголемата раздалечина без ѓубре на овој терен е неполн километар“.

Фотографиите со детални локации од над 50 диви депонии и ѓубришта кои беа опфатени во оваа акција ќе бидат испратени и до надлежните во министерството за екологија.

Акцијаат е дел од проектот Креативни заедници на Центарот за современи уметности (ЦСУ) – Скопје, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Текст од таблите Споменик на ѓубрето од прва категорија Ѓубриште бр. 0236, Категорија II – делумно загрозено Одлука за заштита бр. 12-34-7689 на интервладиното тело за заштита на ѓубришта и депонии. Депонијата е под заштита на законот како дел од движното а недвижно културно, историско и општествено наследство на Македонија.

Според преданието депонијата ја подигна Петко од Трајкота од долно маало ко ја рушеше плевната и ја реновираше ќуќата, со срдечна помош на брат му Ѕоне, неговиот баџанак Диљо и нивните комшии и пријатели. Според науката пак истата е во почетокот на 21-от век од страна не непознат неимар од околната населба а за нејзиното одржување и развивање се грижат граѓаните и селаните од околината како и надлежните инспекторати. Депонијата/ѓубриштето е дел од 1176-те диви депонии во Македонија, подигнати од граѓаните на Република Македонија како дел од проектот: Македо-депонија – Диво ѓубриште за секое село и град!

Прикажи повеќе...

Најново

Топ7 минути

Прегазена жена во Аеродром

Шеесет и деветгодишна жена од Скопје вчера била прегазена во Аеродром. Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера околу...

Македонија50 минути

(Видео) Караџовски на распит во Обвинителството за покачените плати на Судскиот совет

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски пристигна во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Тој е повикан на распит...

Свет59 минути

Идентификувани жртвите од масакрот во Нов Зеланд, најмладата имала само 3 години

Идентификувани се сите 50 жртви од терористичкиот напад на двете џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд, соопшти полицијата. Од...

Македонија2 часа

„Пуцко петрол“ на Јаоски го шири бизнисот – отвора бензинска пред „Континентал“

34-годишниот Асмир Јаоски, синoт на градоначалникот на општина Пласница и сопственик на бензинските станици „Пуцко петрол“, Исмаил Јаоски, од редовите на ДУИ, гради бензинска...

Европа15 часа

Туск: Можно е кратко одложување на датумот за брегзит, но под еден услов

Лидерите на Европската Унија се спремни да дозволат кратко одложување на датумот за излегување на Велика Британија од Унијата доколку...

Регион16 часа

Караџиќ: Ова нема врска со правдата

Ова нема врска со правдата, е првата реакција на првиот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, кој денеска во Хаг...

Регион17 часа

Брамерц: Караџиќ направил ужасни злосторства и уништил цела држава

Поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, е прогласен за виновен за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, изјави...

Македонија19 часа

(Видео) Невладините до власта: Потценувачка е сумата од 100 евра за издршка на лице со попреченост

Претставници на граѓанските организации за лица со попреченост и хендикеп го изнесоа револтот од законот за социјална заштита, кој, според...

Македонија19 часа

АВМУ: Вработувањата се итни и неодложни и се во согласност со Изборниот законик

Агенцијата за медиуми потврди дека ангажирала двајца правници по распишувањето на изборите, но тврди дека вработувањата се во согласност со...

Македонија19 часа

Почина 19-годишната девојка, жртва од автобуската несреќа кај Ласкарци

Почина 19-годишната девојка на која ѝ беше ампутирана ногата по автобуската несреќа што се случи на 13 февруари кај селото...

Свет20 часа

Радован Караџиќ осуден на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница

Апелациониот суд на ОН му ја зголеми казната на поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, на доживотен затвор поради,...

Македонија20 часа

(Видео) Пренџов: Јакимовски не е осомничен за криминал и корупција, туку затоа што премногу работел

Љупчо Пренџов од ГРОМ изјави дека претседателот на партијата, Стевчо Јакимовски, на кој вчера му беше одреден куќен притвор од...

Македонија21 час

(Bидео) Гувернерката одби да говори за судирот на интереси на директорката за супервизија

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежовска, не сакаше да даде изјава по завршувањето на промотивниот настан во НРБМ, на кој...

Македонија21 час

(Видео) Џамтоски: Заев вети мораториум за градење и забранет пристап до Али-пашината џамија

Жолта лента за забранет пристап до Али-пашината џамија и мораторум за градење, им ветил премиерот Зоран Заев на претставниците од...

Топ21 час

(Видео) ДКСК: Нема непотизам во случаите со пратеничката Александрова и градоначалникот на Берово

Два предмета од првите 18 кои антикорупциската комисија ги отвори за можен судир на интереси при вработувањето на роднините на...

Македонија23 часа

Досие „Маѓар телеком“: 7,5 милиони евра за „пријателите од Тетово“ и за страната „А“

Поранешниот министер за транспорт и врски од ДУИ, Џемали Мехази, еден час одговараше на прашања на обвинителката Лиле Стефанова, во...

Свет1 ден

Премиерката на Нов Зеланд повика на глобална антирасистичка борба

Премиерката на Нов Зеланд, Жакинда Ардерн, повика на глобална борба против расистичката идеологија на десното крило, по минатонеделните напади на...

Македонија1 ден

Хазби Лика со најмногу вработени роднини во државните служби

Функционерите ги пријавуваат во антикорупциската комисија роднините кои се вработени во државните служби, како и своите блиски кои имаат свои...

Регион1 ден

Денеска ќе биде изречена второстепената пресуда за Радован Караџиќ

Жалбениот совет на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови (наследник на Хашкиот трибунал) ќе ја изрече денеска, по три години...

Македонија1 ден

Се запали автомобил во движење кај старата железничка станица

Автомобил од марката „ситроен“ се запали сред улица во близина на старата железничка станица во Скопје. Очевидци за „Макфакс“ раскажуваат...

Досие