Контакт

Македонија

Мејлови и телефонски линии за пријавување непочитување на мерките против Ковид-19

Објавено пред

Владата и Инспекцискиот совет апелираат до граѓаните да ги пријавуваат затекнатите неправилности и непочитување на владините мерки и препораки за спречување на ширењето на заразата од Ковид- 19.

За поефикасно дејствување и одговор на прекршувањата инспекторатите отворија нови адреси на е-пошта, а ставени се во функција и бесплатни телефонски линии.

Неправилностите и поплаките може да се пријавуваат на следните адреси и броеви:

-Државан инспекторат за труд [email protected]
151 31

-Државен пазарен инспекторат [email protected]
191

-Државен санитарен и здравствен инспекторат [email protected]
0800 255 55

-Агенција за храна и ветеринарство [email protected]
0800 3 2222

-Државен инспекторат за транспорт [email protected]

-Агенција за лекови и медицински средства [email protected]

„Инспекциските служби со сите свои капацитети продолжуваат интензивно да работат на терен. Без исклучок секој кој нема да се придржува до мерките на Владата ќе биде санкциониран. Овие мерки се донесени во интерес на здравјето на граѓаните и на јавното здравје и мора да се почитуваат. Повикуваме на одговорност од секое правно лице, од секоја индивидуа во нашето општество. Јавното здравје зависи од сите нас“, велат од Владата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

МТСП: Домаќинствата без приходи да поднесат барање за гарантирана минимална помош во центрите за социјална работа

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика ги информира домаќинствата кои останале без приходи или биле дел од неформалната економија за правото на гарантирана минимална помош. Со цел олеснување на последиците од здравствено-економската криза, со Уредба со законска сила за примена на Законот за социјалната заштита за време на вонредна состојба, овозможен е брз пристап во системот на социјална заштита.

За добивање минимална гарантирана помош, материјалната необезбеденост ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи, сметано од последниот месец, наместо досегашните три месеци.

Износот на правото зависи од бројноста и структурата на домаќинството и се движи од 4.000 денари за едночлено домаќинство до 10.000 денари за домаќинство сочинето од 5 возрасни членови.

Домаќинствата кои користат гарантирана минимална помош, ќе остварат и паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството и за месеците април и мај 2020 година.

Барањето за добивање гарантирана минимална помош се поднесува до надлежниот центар за социјална работа.

Информации за центрите за социјална работа, на следниот линк:
http://www.mtsp.gov.mk/institucii.nspx

Прикажи повеќе...

Македонија

И полицајците приправници ќе бидат активирани во редовите на МВР

Објавено пред

Владата донесе Уредбата со која заради прогласената вонредна состојба во државата се наложува ангажирање на целокупниот капацитет на организациските единици во рамки на Министерството за внатрешни работи, вклучително и полицајците – приправници.

Со оваа Уредба се врши прецизирање на периодот кога полицаецот-приправник ќе го полага посебниот односно приправничкиот испит и се утврдува дека испитот ќе се спроведе по завршувањето на вонредната состојба, а со цел овозможување редовно функционирање на државата и заштита на јавното здравје, а воедно спречување на ширење на вирусот корона (КОВИД-19).

Владата денеска ја донесе Уредбата со законска сила за примената на Законот за извршување на санкциите за време на вонредна состојба, согласно која се одлага извршувањето на упатните акти за извршување на казната затвор на лица осудени на казна затвор до три години и тоа до 01 септември 2020 година, освен за предметите каде постои опасност за застарување на казната. Исто така, до 01 септември 2020 година се одлага извршувањето на упатните акти кои се веќе доставени до казнено-поправните установи, освен за упатните акти за кои се веќе издадени меѓународни потерници. Додека, лицата кои се наоѓаат на издржување на мерка притвор по правосилноста на пресудата веднаш се упатуваат на издржување на казната затвор. Предлог Уредбата се донесува заради заштита од ширењето на болеста Ковид-19 во казнено-поправните установи.

На оваа седница е донесена и Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за нотаријатот за време на вонредна состојба во земјата во делот на обврската за одржување на испитите за нотари, со одредби за продолжување на мандатот на органите на Нотарската комора.

На предлог на Министерството за правда, Владата денеска донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за судска служба за време на вонредна состојба, со која вработените во судска служба кои се работно ангажирани за времетраењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус Ковид-19, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година може да го искористат до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и врз основа на одобрение од претседателот на судот.

На вработените во судска служба кои се ослободени од извршување на работа и работни задачи, согласно мерките за заштита од ширење и превенција од коронавирус Ковид-19, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година им се смета за искористен.

Истите овие одредби за користење на годишниот одмор, Владата ги донесе и во Уредбата со законска сила за примена на Законот за јавнообвинителска служба за време на вонредна состојба.

Прикажи повеќе...

Македонија

Отстапки од забраната за движење за лицата со попреченост

Објавено пред

Владата на денешната 38-ма седница дозволи посебен режим на движење за лицата со попреченост.За овие наши граѓани нема да важи забраната за движење во периодот од 19 до 20 часот, од понеделник до петок, а во деновите на викенд од 11 до 13 часот.

Оваа мерка за дозвола на движење за лицата со попреченост се однесува и на лицата што ги придружуваат овие граѓани за време на дозволеното движење во наведените временски периоди.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија49 минути

Почина родилката од Куманово заразена со коронавирус

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска починала 27-годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19. Таа на 30 март...

Македонија2 часа

Кавадарчанец кој починал во својот стан посмртно позитивен на вирусот

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминативе 24-часа починалo едно лице од Куманово...

Свет2 часа

Стапката на смртност од коронавирус е шест пати помала во земјите коишто ја користат БСЖ-вакцината

Земјите кои имаат широко распространета програма за вакцинирање со БСЖ имаат стапка на смртност од коронавирус речиси шест пати пониска...

Економија2 часа

Од 10 до 12 часот приоритет во банките ќе имаат лицата над 67 години

Народна банка заради заштита на јавното здравје апелира филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат само кога тоа е...

Свет6 часа

Сопственикот на „Твитер“ издвои една милијарда долари за борба против коронавирусот

Основачот и сопственик на „Твитер“, Џек Дорси, ќе даде 1 милијарда американски долари за борба против пандемијата на коронавирус. Во...

Свет6 часа

ЕУ: Лажните вести за коронавирусот доаѓаат од Русија

Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, вели дека Европската Унија идентификувала лажни информации за пандемија на коронавирус коишто доаѓаат од...

Македонија7 часа

Скопјанец потпишал изјава за изолација, па отишол да пазари во маркет

Скопското основнo јавно обвинителство предлага казна за човек кој ја прекршил мерката за самоизолација, откако од Словенија се вратил во...

Свет7 часа

Главниот научник во ЕУ поднесе оставка

Главниот научник во Европската Унија поднесе оставка, обвинувајќи го Брисел поради одговорот на кризата со коронавирусот, нарекувајќи го „разочарувачки“, објави...

Свет7 часа

Борис Џонсон е во стабилна состојба

Британскиот премиер Борис Џонсон ја помина и втората ноќ на интензивна нега, каде прима соодветна терапија поради коронавирусот. „Господинот Џонсон...

Свет7 часа

(Видео) Вухан излезе од изолација, луѓето ја пееја химната на мостовите

По речиси 11 недели или точно 76 дена, кинескиот град Вухан, каде почна пандемијата на коронавирусот, излезе од изолација. Кинеските...

Свет8 часа

Трамп ги шокира Американците: Ќе го прекинеме финансирањето на СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа одржа ретко видена прес-конференција во Белата куќа, на која се пресмета со противниците на најлошиот...

Регион8 часа

Вучиќ: Полициски час преку цел викенд, вонредна состојба уште еден месец

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека вонредната состојба во Србија поради пандемијата на коронавирусот, би можела да биде укината во...

Македонија19 часа

Вработените во јавниот сектор, кои се ослободени од работа, нема да имаат лански одмор

На оваа седница Владата ја донесе уредбата со законска сила за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за...

Македонија20 часа

45-годишен скопјанец почина од коронавирус на пат кон болница

Четириесет и петгодишен пациент од Скопје заболен од коронавирус починал на пат кон болницата „8 Септември“. Според информација од Институтот...

Економија20 часа

Македонската банкарска асоцијација апелира: Плаќајте преку интернет, користете картички место кеш

Македонската банкарска асоцијација информира дека банките и штедилниците интензивно преземаат активности за заштита на здравјето на клиентите. „Апелираме до граѓаните,...

Економија22 часа

ССМ: Поради солидарност, старите одмори да ги искористат сите вработени во приватниот сектор

Сојузот на синдикатите на Македонија и Државниот инспекторат за труд не ја толкуваат исто уредбата за користење на годишните одмори...

Свет22 часа

Крај на блокадата, Вухан отворен по 76 дена изолација

Кинеските власти ја укинаа блокадата на Вухан и ги одблокираа сите излези од градот кој беше жариште на епидемијата од...

Македонија22 часа

Коронавирусот и кај нас ќе се лекува со крвна плазма од оздравени пациенти

Изготвен е протоколот за лекување заболени од коронавирус со крвна плазма од излекувани пациенти, информира министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија23 часа

Филипче: Се влошува состојбата на родилката од Куманово

Се влошува состојбата на родилката од Куманово, која е заболена од коронавирусот, а чие бебе е негативно на Ковид-19, информира...

Македонија1 ден

Пендаровски-Столтенберг: Со здружени сили за справување со пандемијата на коронавирусот

Претседателот Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Во телефонскиот разговор претседателот Пендаровски му се...

Досие