Македонија
Милевски: За поквалитетен живот потребно е надминување на развојните разлики меѓу општините
Без човечки капитал сите политики се беспредметни затоа грижата на државата пред се треба да биде насочена кон луѓето, нивното здравје, образование, егзистенција. Ако се има предвид дека во услови на поширока децентрализација, општините се одговорни за имплементација на над 70% од законите, станува јасно колку е голема улогата на локалните власти и воопшто на локалната самоуправа во обезбедувањето на услугите за граѓаните, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски на Меѓународниот финансиски форум во Скопје во организација на Министерството за финансии на панелот „Човечки капитал и инклузивен раст“.
„Здравствената криза предизвикана од Ковид-19 уште повеќе ги потенцираше разликите. Развојните разлики меѓу урбаните и руралните општини се рефлектираат на квалитетот на живеење и на способноста за на граѓаните за брза адаптација на новите услови. Министерството за локална самоуправа во соработка со УНДП направи две истражување за тоа како Ковид кризата се одразува на функционирањето на општините“, рече тој.
Според него, Владата во Програмата за одржлив развој и децентрализација 2021-2026 година се определила за проширување на децентрализацијата со пренесување на нови надлежности и ресурси на општините и подобрување на системот на финансирање. Во процесот на програмирање, како што вели, тргнале од потребите на граѓаните и на општините, имајќи ги предвид и искуствата од здравствената криза. Од аспект од приходи и расходи во општините во вториот квартал на 2020 во однос на истиот период во 2019 година приходите се намалени во 26 општини а, а расходите се намалиле во 49 општини.
„Во наредниот период да се воспостави ефикасен и функционален национален систем за превенција, рано предупредување, одговор и опоравување од природни и од специфични кризи и катастрофи, во кој што општините ќе партиципираат според јасно дефинирани надлежности и одговорности и со доволно капацитети и ресурси. Во периодот на опоравување потребно е општините да ги намалат сите непродуктивни расходи кои не се директно поврзани со кризата предизвикана од Ковид-19, без притоа да се наштети на двигателите на економскиот развој и на критичните локални услуги. Мерките и активностите од хоризонталните програми на општинските буџети да се фокусираат на пост-кризна обнова покрај фокусот на превенција и заштита на населението од брза експанзија на болеста“, заклучи Милевски.
Тој додаде дека единиците на локалната самоуправа треба да продолжат да го поттикнуваат локалниот економски развој преку дигитализација на административните услуги, изградба на комунална инфраструктура, развој на економски зони, обезбедување мобилност, урбанистичкото планирање и уредување на градежно земјиште, преку соодветна финансиска поддршка од централната власт но и преку обезбедување на поправеден систем на финансирање на локалната самоуправа преку кој ќе се намалуваат развојните разлики меѓу урбаните и руралните општини и меѓу градот Скопје и другите делови од државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Идната влада ќе имплементира модел за намалување на цените и ограничување на маржите на лековите и медицинската опрема. Народот не смее да го преплаќа лекот.
Ќе се спроведе ревидирање и модернизирање на позитивната листа на лекови со вклучување на најголем дел од основните лекарства кои граѓаните ги користат.
Лековите мора да се издаваат согласно потребите на пациентот, со персонализирана и индивидуализирана терапија. ВМРО-ДПМНЕ има за цел да го крене здравството на сосема ново ниво“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Апасиев: Дали е вистина дека директорот на велешката болница забранил да им се дава инфузија на деца со температура 40 – за да заштеди
„Дали е вистина дека директорот на велешката Болница – Зоран Арсовски од СДС забранил да им се дава инфузија на Детското одделение, на деца со температура 40 – за да заштеди“, прашува претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев преку социјалните мрежи.
„И дали е вистина дека за операција на жолчка, во истава болница, докторите отворено си бараат мито од пациентите – од 500 евра ‘по тарифа’“, додава Апасиев.