Македонија
Милевски: Процесот на децентрализација треба да продолжи без одлагање

Првиот состанок на работната група за продолжување на процесот на децентрализација се одржа во просториите на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.
„Потребно е да се изготви предлог-програма за продолжување на процесот на децентрализација со акциски план, како и предлози за потребата од изготвување соодветни измени, што ќе обезбедат трансфер на надлежностите и ресурсите од централна во локалната власт“, рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.
Тој вели дека заеднички заклучок е дека процесот на децентрализација треба да продолжи без одлагање и дека на следната владина седница треба да се одобрат информациите за унапредување на фискалната децентрализација, како и ревизијата на нацрт-документот на работната група за проширување на процесот на децентрализација.
Со работната група претседаваше првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, а присутни беа и министерот за финансии, Фатмир Бесими, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, и шефицата на кабинетот на премиерот Заев, Мирјана Јанева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево време со температура до 21 степен

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и потопло.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната од 14 до 21 степен, јави УХМР.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 19 степени.
И во понеделник времето ќе се задржи стабилно со дополнителен пораст на дневната температура. Од вторник ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи.
Од среда ќе дува и умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови повторно намалување на температурата.
Македонија
Филипче: До колективен имунитет само со вакцинација на голем број граѓани

Процесот на имунизација е пред нас и само со вакцинација на голем број граѓани ќе успееме да стекнеме колективен имунитет, истакна министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој е уверен дека сега е време да се надмине пандемијата на коронавирус, и порача граѓаните да се пријават на страната vakcinacija.mk.
Инаку, следната недела ќе почне вакцинирањето на вработените во обвинителството, судовите, инспекциските служби, новинарите и медиумските работници, со што се очекува да заврши вакцинацијата на приоритетните групи од т.н. критична инфраструктура – луѓе кои имаат многу контакти во работата.
Во А1 Арената „Борис Трајковски“, од почетокот на оваа недела со „Спутник“ се вакцинираат припадниците на Армијата и МВР, дел од здравствените работници, наставниците и воспитувачите во градинките.
Паралелно, во тек е и вакцинацијата на лица над 77 години со вакцината „Астра Зенека“.
Власта најави дека месецов се очекува да пристигнат првите вакцини од Европската Унија наменети за Западен Балкан. Од нив, за Македонија се издвоени 100 илјади дози, од кои првично би требало да стигнат 20-25 илјади. Понатаму, се очекува да пристигне и првата пратка од вакцините од „Фајзер“, како и втората пратка од вакцините на „Астра зенека“ преку Ковакс-механизмот. Според најавите на претставниците од власта, месецов се очекува испораката на 200 илјади кинески вакцини, како и значителна количина „спутник В“, за кои има договор за 200 илјади дози.
Македонија
Ѓорѓија Сајкоски ќе биде на чело на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го назначи генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори.
Воедно, извршниот комитет разговараше и за актуелната политичко-економска ситуација и заклучи дека државата тоне во секој поглед, институциите се крахирани со изгубена доверба кај граѓаните, а пандемијата ги коси граѓаните заради неспособноста на власта.
„Во Република Македонија владее непочитување на правото и заштита на криминалот од страна на власта, додека пак наместо криминалците, во затворите гнијат неправедно затворени граѓани. Извршниот комитет донесе заклучок да го поддржи настанот најавен на 25 април, кој не е во наша организација, а по повод неправедно затворените уставобранители со драконски казни. Овој настан треба да помине во демократски и мирен чин. Воедно и потенцираме дека се оградуваме од секакви инциденти доколку произлезат од уфрлени провокатори на истиот настан“, наведе ВМРО-ДПМНЕ.
Извршниот комитет најостро ги осудува последните случувања, потенцирајќи ја аферата „Мафија“. Оттука велат дека власта на СДСМ од Република Македонија направила мафијашка држава, а на чело на државата владее картелот Заеви кој е вмешан во секој криминал кој се случува. Оставките се неизбежни, а кривичната одговорност треба да биде испорачана, смета ВМРО-ДПМНЕ.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет4 недели
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш