Контакт

Македонија

Миле Јанакиески останува да се брани од слобода, одбиено е барањето за нов притвор

Објавено пред

Миле Јанакиески останува да се брани од слобода. Кривичниот совет го одби барањето на обвинителката Вилма Русковска тој да биде спроведен во затворот во Шуто Оризари. Одлуката е донесена денеска, откако попладнево, Обвинителството ја побара оваа мерка за Јанакиески.

„Имено, Апелациониот суд Скопје со решение КЖ 605/21 од 18.11.2021 година на обвинетиот М.Ј., му ја укина мерката куќен притвор, определена за предметот КОК 53/17 во јавноста познат како „ТНТ“ и му определи мерки за претпазливост. Обвинителството денеска поднесе предлогот за определување мерка притвор за предметот со КОК 2/20 поврзан со настаните од 27 – ми април, а Кривичниот совет, при одлучувањето, ја имаше предвид одлуката на второстепниот, а воедно смета и дека во новиот предлог не беа понудени доволно аргументи кои ќе го поткрепат определувањето на построги мерки од они кои веќе опстојуваат против обвинетиот. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд во рок од 3 дена по приемот на решението“, соопшти Кривичен суд.

Одлуката за Миле Јанакиески доаѓа по барањето на Вилма Русковска да му биде определен ефективен притвор, пет дена откако Апелација го ослободи од куќен притвор. Без многу детали, таа смета дека постои страв тој да избега и затоа бара определување на мерката.

„Повеќето кривични постапки што се водат против обвинетиот, околностите што укажуваат на неговите познанства како поранешен министер, реалната можност за изрекување на други пресуди во кои би бил огласен за виновен, како и фактот што за останатите обвинети во предметот е определена мерка куќен притвор го оправдува предлогот на обвинителството“, кажаа од Обвинителство.

Инаку, до укинувањето на мерката во четвртокот, Јанакиески помина три години во домашен притвор. Последниот му беше определен за случајот „ТНТ“, а тогаш обвинителот Бурим Рустеми кажа дека го бара без сознанија за бегство.

Македонија

Комисијата за заразни болести со препорака периодот за изолација да се намали на 7 дена

Објавено пред

Намалување на периодот на изолција од 10 на 7 дена за ковид-позитивните пациенти е ставот што произлезе од денешната вонредна седница на Комисијата за заразни болести.

Конечната одлука ја носи Владата на предлог на Министерството за здравство, а врз основа на препораките на Комисијата.

„На состанокот на Комисијата не стана збор за укинување на сертификатите и за носењето заштитни маски од учениците со започнувањето на второто полугодие од учебната година. За овие прашања ќе се разговара дополнително на некои од наредните состаноци“, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Анализите во моментот укажуваат на тоа дека сè уште има капацитет за сместување во болниците, но доколку сликата се смени и болниците се преполнат, Министерството за здравство веднаш би ги ставило во функција останатите капацитети на јавно-здравствените установи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Фон дер Лајен до Ковачевски: Лично сум подготвена да помогнам во процесот со Бугарија

Објавено пред

Премиерот Димитар Ковачевски попладневно остварил телефонски разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која му го честитала изборот за претседател на Владата.

Ковачевски се заблагодарил на честитката и на поддршката што Фон дер Лајен ја дава на Северна Македонија.

Како што информираат од владината прес-служба, Ковачевски ја известил претседателката на ЕК дека европските интеграции остануваат еден од врвните приоритети на новата Влада.

Исто така тој ја запознал со активностите на Владата во периодот што следи, мерките и политиките што се преземаат во правец на надминување на енергетската криза, како и економските мерки.

„Во телефонскиот разговор стана збор и за неодамнешната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје, што соговорниците заеднички ја оценија како позитивен чекор во надминување на разликите и го поздравија фокусот во проекти и активности кои се важни за иднината“, се наведува во владиното соопштение.

Ковачевски, воедно, уште еднаш ги реафирмирал македонските позиции за македонскиот јазик и идентитет.

Фон дер Лајен го поздравила воспоставениот дијалог на ниво на премиери меѓу двете земји и истакнала дека Брисел силно го поддржува процесот и дека таа лично, но и целата Комисија се спремни да помогнат со цел што побрзо одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија.

Ковачевски и претседателката на ЕК исто така се договориле многу скоро да имаат директна меѓусебна средба во Брисел.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасност од одрон на карпа тешка 20 тони врз кањонот Матка – од ЦУК велат нема простор за паника

Објавено пред

Центарот за управување со кризи доби известување од ЕВН за опасност од одрон на голема карпа над кањонот Матка.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција ја образложи состојбата со карпата. Тој објасни дека карпата се наоѓа во ваква позиција долго време.

„Според добиените фотографии, може да се забележи одредена нестабилност, а ние како институција испративме барање до повеќе релевантни установи што треба да излезат на терен“, информира денеска директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

При паѓање на карпата би била предизвикана лавина од други камења и карпи и таа би паднала на местото каде што се испушта вода, која оди во хидроелектраната.

„Во овој момент нема место за кревање никаква паника, но воедно ја известуваме фирмата што стопанисува со чамците што пловат во кањонот Матка полни со туристи и до нив препорачуваме и апелираме местото на предниот дел, блиску до браната, да не го користат поради оваа многу мала можност од одрон на оваа огромна карпа. Иако ризикот е многу мал, како сериозна институција, на која безбедноста на граѓаните ѝ е на прво место, сакаме да дејствуваме превентивно и повикуваме овој дел блиску до ѕидот на браната да не се користи“, изјави Ангелов.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Комисијата за заразни болести со препорака периодот за изолација да се намали на 7 дена

Намалување на периодот на изолција од 10 на 7 дена за ковид-позитивните пациенти е ставот што произлезе од денешната вонредна...

Македонија2 часа

Фон дер Лајен до Ковачевски: Лично сум подготвена да помогнам во процесот со Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски попладневно остварил телефонски разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која му го честитала...

Македонија3 часа

Опасност од одрон на карпа тешка 20 тони врз кањонот Матка – од ЦУК велат нема простор за паника

Центарот за управување со кризи доби известување од ЕВН за опасност од одрон на голема карпа над кањонот Матка. Директорот...

Регион4 часа

Петков: Бугарија сама одлучува за својата одбрана

Бугарија сама ќе одлучува за плановите за одбрана во координација со партнерите од НАТО, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков....

Свет5 часа

Лавров по средбата со Блинкен: Следната недела од САД ќе добиеме писмени одговори

САД ќе ѝ дадат писмени одговори на Русија на барањата за безбедносни гаранции следната недела, изјави рускиот министер за надворешни работи,...

Македонија7 часа

Плевнелиев: Не сакаме да ги внесеме Тито и Сталин во ЕУ

Северна Македонија не ги спроведе потребните реформи за почеток на преговорите со Европската Унија. Македонските тајни служби се разгранок на...

Топ8 часа

Нова трагедија кај Струма: возач загина во сообраќајна несреќа со македонски камион

Возач на автомобил загина по сообраќајна несреќа што се случила со македонски камион на патот помеѓу Благоевград и граничниот премин...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ и натаму инсистира на предвремени избори, од СДСМ велат дека барањето е од пуста желба за власт

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска порача дека е неопходно да се одржат предвремени парламентарни избори. Тие инсистираат на брзи избори, без...

Македонија9 часа

Снег и забрана за товарни возила на дел од патиштата

Утрово, поради обилни врнежи од снег, воведена е забрана за тешки товарни возила кај планинскиот премини Стража, патниот правец Деве...

Свет10 часа

Властите во Калифорнија предлагаат тинејџерите да се вакцинираат без согласност од родителите

Калифорнија треба да дозволи вакцинација на деца на возраст од 12 и повеќе години без согласност од родителите, предложи синоќа...

Македонија22 часа

Загина 24-годишна девојка – автомобил ја прегази на пешачки пред Сити мол

Загина 24-годишна девојка откако вечерва беше прегазена на пешачки премин во близина на Сити мол во Скопје. Девојката преминувала улица...

Економија23 часа

ЕСМ ќе управува со БЕГ заради континуирано обезбедување топлинска енергија

Владата донесе одлука за обезбедување дополнителни количини топлинска енергија во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија. „...

Свет24 часа

Бајден со нова закана кон Путин: Русија ќе плати висока цена

Американскиот претседател Бајден рече дека јасно му кажал на рускиот претседател Владимир Путин дека секое движење на руските воени сили...

Свет1 ден

Шведска ги менува препораките – лицата со слаби симптоми на настинка не мора ни да се тестираат

Под силен притисок од ширењето на омикрон и зголемениот број на заразени и здрави, но изолирани, кои почнаа да ги...

Македонија1 ден

Нови 13 починати и 1.172 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.021 тестови,...

Македонија1 ден

(Видео) Катица Јанева сака лично да ги следи судењата во кои Камчев ѝ бара да му врати дел од милионот

Експецијалната јавна обвинителка, Катица Јанева, има желба и самата да присуствува на судењата против неа, Бојан Јовановски-Боки 13, Зоран Милески-Кичеец,...

Македонија1 ден

Камчев не сака Кичеец да му врати дел од милионот, парите ги бара од Јанева, Боки-13 и државата

Бизнисменот Орце Камчев нема да бара од Зоран Милевски-Кичеец, осуден во случајот „Рекет“, да му врати дел од 1,5 милион...

Свет1 ден

Си-ен-ен: Папата Бенедикт XVI знаел за злоупотребата на деца во Црквата

Папата Бенедикт Шеснаесетти знаел за свештеници што злоупотребиле деца додека тој бил надбискуп во Минхен од 1977 до 1981 година,...

Македонија1 ден

Бектеши: Нема да се намалува топлината на парното

Министерот за економија, Крешник Бектеши, тврди дека нема да се скратат часовите во кои скопјани ќе добиваат топлинска енергија. Од...

Македонија1 ден

Радев: Има позитивни сигнали од посетата на Кирил Петков во Скопје, но да не ги заборавиме главните прашања

Секој чекор што ја продлабочува нашата врска мора да биде поддржан, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, прашан за посетата на...

Досие