Македонија
Милошоски: За интерпелацијата на Венко Филипче имаме поддршка и од другите опозициски партии

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денеска нагласи дека во врска со аферата за набавката на кинеските вакцини наговата партија поднела интерпелација за министерот за здравство, Венко Филипче, и додаде дека за неа поддршка даваат и другите опозициски партии.
Тој изрази и надеж дека интерпелацијата бргу ќе се најде на дневен ред на собраниска седница.
„Интерпелацијата на министерот за здравство ја побаравме во Собранието, поддршка за интерпелацијата даваат и другите опозициони партии и се надевам дека г. Џафери ќе ја стави интерпелацијата што побргу на дневен ред затоа што цениме дека бројот на заразени, бројот, за жал, на починати граѓани, бројот на невработени, што се создадоа во државата како резултат на лошото менаџирање со пандемијата и трчањето по провизии со фантом-фирма од Хонгконг наместо набавка на вакцини за имунизација на населението, се големи причини за еден министер сам да си поднесе оставка или ако не е доблесен да го направи тоа, тогаш пратениците и Собранието да му изгласаат недоверба“, посочи Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Вело е кога има сѐ“ – Град Скопје со кампања за промовирање на велосипедизам

Како една од активностите предвидени со Планот за унапредување на велосипедскиот сообраќај 2019 – 2021, Градот Скопје спроведува кампања за промоција на велосипедскиот сообраќај, преку која ги потсетува граѓаните за придобивките од користењето на велосипедот како превозно и рекреативно средство.
Кампањата се реализира под мотото „Вело е кога има сѐ – најздраво, најбрзо и најпаметно“.
На повеќе локации во Скопје деновиве се поставени билборди кои ги поттикнуваат граѓаните да го изберат велосипедот како најздраво, најбрзо и најпаметно превозно средство во градска средина.
„Градот Скопје во континуитет работи на подобрување на велосипедската инфраструктура во Скопје, а годишно се градат над 15 километри нови или се реконструираат постојни велосипедски патеки. Како резултат на посветената работа, годинава ја надминавме должината од вкупно 100 километри велосипедски патеки во Скопје. Особено внимание се посветува и на ослободување на просторот на пешачките и на велосипедските патеки, преку поставување заштитни столпчиња. Дополнително, во голема акција, целосно се отстранети несоодветно поставените билборди и реклами од велосипедските патеки во Малиот ринг, со што се стимулира користењето на велосипедот“, велат од Град Скопје.
Како една од мерките за стимулирање на користењето велосипед е доделувањето субвенции за граѓаните за купување велосипеди, што ќе се реализира и оваа година, а јавниот повик треба да се распише во наредниот период. И годинава граѓаните ќе можат да доставуваат фискални сметки за купен велосипед од почетокот на годината, поточно од 01.01.2021 година. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, а јавниот повик ќе се спроведува по принципот „прв дојден – прв услужен“.
Во Буџетот на Град Скопје за 2021 година за оваа намена се предвидени 8,5 милиони денари, со што и годинава ќе се доделат субвенции за околу 2.800 велосипеди. Во 2018, 2019 и во 2020 година, Град Скопје додели над 10.000 субвенции за граѓаните што купија велосипед.
Македонија
Вработени во обвинителството, медиумите и инспекциските служби ќе се вакцинираат следната недела

Следната недела ќе почне вакцинирањето на вработените во обвинителството, судовите, инспекциските служби, новинарите и медиумските работници.
Со нив, се очекува да заврши вакцинацијата на приоритетните групи од т.н. критична инфраструктура – луѓе кои имаат многу контакти во работата.
Во А1 Арената „Борис Трајковски“, од почетокот на оваа недела со „Спутник“ се вакцинираат припадниците на Армијата и МВР, дел од здравствените работници, наставниците и воспитувачите во градинките.
Досега се вакцинирани 18 261 граѓанин.
Во тек е и вакцинацијата на лица над 77 години со вакцината „Астра Зенека“.
Премиерот Зоран Заев пред два дена најави дека околу 300 илјади вакцини од различни производители се очекува месецов да пристигнат во земјата. Тој образложи дека станува збор за првите вакцини од Европската Унија наменети за Западен Балкан, од кои за Северна Македонија се издвоени 100 илјади дози. Првично, од нив би требало да стигнат 20 – 25 илјади, рече Заев.
Понатаму, се очекува да пристигне и првата пратка од вакцините од „Фајзер“, како и втората пратка преку Ковакс-механизмот. За месецов, планирана е и испораката на 200 илјади кинески вакцини, како и значителна количина „спутник В“, за кои има договор за 200 илјади дози, додаде премиерот.
Македонија
Полицискиот час го прекршиле 36 лица

Синоќа 36 лица не ја почитувале забраната за движење, соопшти МВР.
Во однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 434 прекршоци во изминатото деноноќие.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширењето на Ковид 19.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет4 недели
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш