Контакт

Македонија

Милошоски: НАТО-сертификат не добиват оние кои биле вмешани во криминал или соработувале со непожелни служби

Објавено пред

Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, при денешната посета на Велес зборуваше за министрите Спасовски и Маричиќ кои, како што кажа, немаат безбедносни сертификати и потенцираше дека тоа што двајцата министри немаат вакви сертификати ја прават државата хендикеп.

„Во дипломатијата и во безбедносните служби, НАТО-безбедносен сертификат или се добива или не ви го даваат без образложение. Оправдувањето од страна на Владата дека никој не е одбиен писмено за НАТО-безбедносен сертификат е релативизација на проблемот во којшто се гледа двајца министри, едниот за внатрешни работи, другиот за правда не добиле безбедносни сертификати“, посочи Милошоски.

Според него, лага е дека некој писмено треба да образложува зошто не сте добиле сертификат, бидејќи, како што рече, таква обврска НАТО нема.

„За жал, Македонија е хендикеп ако двајца високи функционери немаат безбедносни сертификати, тоа ја става државата во една подредена положба да не може да ги користи информациите од НАТО. Експертите коишто ја познаваат областа на безбедносните сертификати, особено во северно-атлантската алијанса, говорат дека може да бидете одбиен или да не ви се даде безбедносен сертификат, ако сте соработувале со служба која не му е наклонета на НАТО или ако сте вмешан во криминал или корупција. На владата е, на Министерствата за внатрешни работи и правда да одговорат која е причината зошто овие министри немаат безбедносни сертификати“, рече претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија

Меморандум за соработка меѓу СОС Детско село и М6 Едукативен центар

Објавено пред

Потпишан меморандум за соработка меѓу СОС Детско село и М6 Едукативниот Центар, целта е како што информираат од таму, соработка и зајакнување на заедничките активности.

„Соработката меѓу овие две институции ќе биде насочена кон подобрување на севкупната социо-економска состојба во државата особено на децата, младите луѓе и семејствата, преку создавање можности за континуирано учење и унапредување на професионалниот развој на поединци и групи, спојување со бизнис секторот, поттикнување општествена и индивидуална одговорност и филантропија“, известуваат институциите.

Објаснуваат дека, преку ваквата соработка, младите поддржани преку програмите и проектите на СОС Детското село ќе бидат вклучени во програми за практикантство и вработување во компании со кои соработува М6, бесплатни обуки, креирање на семинари, размена на искуства и други практики проекти.

Од СОС Детско село објаснуваат, дека оваа институција во нашата земја веќе 20 години ги поддржува децата и младите без родителска грижа и посветено работи на полето на социјалната превенција зајакнувајќи ги семејствата во социјален ризик.

„M6 Едукативниот центар работи на креирање на силна врска помеѓу бизнисот, студентите и стартап заедницата со цел градење на долгорочна и ефективна соработка. Со своите нови програми М6 Едукативниот центар работи на поврзување на студентите со бизнис и стартап заедницата“, информираат од центарот.

Прикажи повеќе...

Македонија

CREDISSIMO донира топол оброк на Клиниката за инфективни болести

Објавено пред

Пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, која трае веќе една година, со сигурност наметна нови предизвици и тешкотии во секојдневното функционирање, но сепак најголемиот товар го носат здравствените работници, а со тоа и здравствениот систем.

Во време на криза која е резултат од пандемијата, како знак на поддршка на здравствениот систем и на здравствените работници, финтек-компанијата Credissimo која применува општествено одговорни практики, во период од две недели ќе донира вкусен топол оброк за сите вработени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, под мотото „Топол оброк навреме“. Ваква иницијатива компанијата спроведе и во другите држави каде што е присутна: Бугарија, Полска и Колумбија.

На овој начин, компанијата сака да оддаде почит за трудот и работата на лицата кои и покрај директната изложеност на вирусот и големиот ризик за сопственото здравје и здравјето на своите блиски, безрезервно се борат за здравјето на своите граѓани. Со оваа иницијатива, Credissimo ќе даде свој удел во намалување на последиците од вирусот Kовид-19.

Денес на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, тимот од Credissimo лично се погрижи за ручекот на вработените, искажа благодарност за трудот што медицинскиот персонал несебично и секојдневно го вложува и им посака да продолжат со одличната работа.

Верувам дека со оваа наша постапка ќе му помогнеме на персоналот на Клиниката кој е на првата борбена линија со вирусот Ковид-19 и ќе ги мотивираме да продолжат неуморно и професионално да ја работат својата работа како и досега. Се надевам дека ќе ја почувствуваат нашата безрезервна поддршка, бидејќи во моментов, тоа е и најпотребно, изјави Георги Руков, директорот на ФД Кредисимо.

Credissimo е веќе 5 години присутен во Македонија и со оваа донација го означуваме почетокот на голем број на активности од општествена одоговорност, изјави Георги Руков, директорот на ФД Кредисимо.

Со цел одржување на оперативната одговорност и подготвеност на здравствениот систем во земјава, од 22 февруари, па сè до 7 март, вработените ќе бидат обезбедени навреме со топол оброк за својата пауза.

Голема благодарност до компанијата Credissimo кои покажаа голема хуманост како општествено одговорна компанија и дадоа свој придонес на нашата клиника. Со ваков потег со кој компанијата донираше топол оброк во период од 2 недели се укажува на едно признание кон работата на нашиот персонал кои цела година наназад напорно работи и се вложува, изјави директорката од Клиниката за инфективни болести -Др сци. Мирјана Пехчевска Поп Илиев.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Македонија

Мијалков со силно полициско обезбедување пристигна во судот

Објавено пред

Сашо Мијалков со засилено полициско обезбедување е спроведен во кривичниот суд во Скопје, каде што треба да биде соопштена пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“. Од домот на Водно, каде  што издржува куќен притвор, тој беше донесен со полициско комбе. Придружуван беше од десетина полицајци, кои го следеа комбето со три возила.

Мијалков молчешкум помина покрај новинарите, без да одговори дали очекува осудителна пресуда. Когa влезе во холот на судот, се поздрави со судската полиција, а во холот каде што стоеја бројни новинари и јавност која ќе го следи судењето настана молк.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

Мијалков со силно полициско обезбедување пристигна во судот

Сашо Мијалков со засилено полициско обезбедување е спроведен во кривичниот суд во Скопје, каде што треба да биде соопштена пресудата...

Свет1 час

Кина одобри уште две вакцини против коронавирус

Кина одобри употреба на уште две вакцини против коронавирус. За вакцината„Кансино е потребна само една доза и, како што е...

Свет2 часа

Бразил не знае што да прави со мутациите, калифорнискиот вид е најопасен

Бразил се соочува со нова фаза на пандемијата со мутирани варијанти на Ковид-19, три пати позаразни, рече министерот за здравство....

Свет2 часа

Воздушни напади во Сирија по наредба на Бајден

Американската армија изврши воздушни напади во источна Сирија по наредба на претседателот eо Бајден врз објекти за кои Пентагон вели...

Македонија3 часа

Затворени повеќе улици во Скопје поради протест за „Монструм“

Во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќај поради протест за пресудите во случајот „Монструм“. Роднини на осудените, во вторникот,...

Свет14 часа

Меркел најави дигитални сертификати за вакцинација во ЕУ

Германската канцеларка, Ангела Меркел, вели дека дигиталните сертификати за вакцинација, кои ќе им овозможат на луѓето да патуваат во Европа...

Македонија16 часа

Потврдени 582 нови случаја на коронавирус во Македонија, починаа 13 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на...

Македонија17 часа

(Видео) Заев за случајот со Мијалков: Испратена е порака дека системот функционира

Испратена е пораката дека системот функционира. Треба да знаат граѓаните дека сме на добар пат во јакнењето на правниот систем,...

Македонија19 часа

Тројца кумановци формирале терористичка група по примерот на Исламската држава

Тројца кумановци се обвинети за тероризам и формирање ќелија по примерот на познатата терористичка организација Исламска држава. Во терористичката група...

Македонија24 часа

Денеска и утре состаноци на мешовитата комисија со Бугарија, ќе се разговара за Гоце Делчев

Учебниците за седмо одделение и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се очекува да бидат ставени „на маса“...

Македонија1 ден

Почната постапката за набавка на 100.000 дози од руската вакцина

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека вчера Владата го овластила да потпише договор за набавка на руската вакцина. „Станува...

Македонија1 ден

Со британскиот вид се заразени 70 проценти од тестираните во „Жан Митрев“

Британскиот вид на коронавирусот е присутен во 70 отсто од случаите, покажале испитувањата на Клиничката болница „Жан Митрев’, кои денеска...

Македонија1 ден

Захариева: Нема да подлегнеме на притисок за Северна Македонија, ЕУ не е Југославија

Бугарија нема да подлегне на притисок за интеграциите на Северна Македонија, изјави за БТВ вицепремиерката и министерка за надворешни работи,...

Европа1 ден

ЕУ е поделена околу сертификатот за вакцинација

Европските лидери денес ќе одржат состанок со цел да се договорат за сертификатите за граѓаните на Европската Унија кои биле...

Регион1 ден

Бугарија ја критикувa „Астразенека“ за доцнењето со вакцините: „Ни ја зедовте надежта“

Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, ја критикуваше „Астразенека“ за неуспехот да ја испочитува договорената испорака на вакцини. Бугарија исто...

Европа2 дена

Истражување: Британскиот сој на вирусот 64 отсто ги зголемува шансите заразените да завршат во болница

Луѓето инфицирани со позаразната варијанта на коронавирусот, која првпат беше откриена во Велика Британија, имаат поголем ризик од хоспитализација, покажа...

Македонија2 дена

13 починати и 725 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на...

Македонија2 дена

Филипче: Немам информации дали Мијалков се тестирал и дали пријавил самоизолација

Министерот за здравство, Венко Филипче, нема информации за тоа дали поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков се тестирал за...

Топ2 дена

(Видео) Вработени во фабрика за канабис во Кочанско ја продавале дрогата нелегално

Тројца вработени во фабриката за канабис за медицински цели во кочанското село Уларци одгледувале марихуана за продажба на нелегалниот пазар....

Свет2 дена

Вакцината на „Синофарм“ е 72,51 процент ефикасна против коронавирусот

Подружницата на „Синофарм“ при Институтот за биолошки производи во Вухан денес објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 покажала дека во...

Досие