Контакт

Македонија

Министерката Петровска се сретна со британските парламентарци Алекс Собел и Стивен Даути

Објавено пред

Денеска, во Министерството за одбрана, министерката Славјанка Петровска се сретна со претставници на Лабуристичката партија во британскиот Парламент, Алекс Собел и Стивен Даути, со кои разговараше за силната одбранбена соработка помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, видлива преку реализирани заеднички обуки и вежби со кои ја градиме интероперабилноста со партнерите и сојузниците на НАТО.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за неодамна одржаната вежба Swift Response 22, најголема одржана вежба на територијата на Северна Македонија, која е пример за планирање, тренинг и заедничко координирање и дејствување на НАТО-сојузниците и покажа дека нашите војници се подготвени да бидат домаќини и да демонстрираат подготвеност и интероперабилност.

Петровска порача дека Северна Македонија е кредибилен партнер посветен на западните вредности и дека со членството на нашата држава во НАТО, Балканот е постабилен и побезбеден, министерката додаде дека брзата интеграција во ЕУ дополнително ќе ги зајакне нашата стабилност и безбедноста.

Македонија

На Табановце и Богородица за влез и излез од државата се чека околу еден час

Објавено пред

Во 11:30 часот сообраќајот е нормализиран кај с.Тајмиште на магистрален пат Кичево – Гостивар и магистрален пат Гостивар – Кичево кој беше во прекин поради случена сообраќајна незгода, информира АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу еден час. На ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е од 30 минути до 1 час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 01.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не лаже, нема да има никаква цензура, токму таа партија лустрираше писатели

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува за состојбата во културата и за слободата на изразување, велат од партијата на власт.

dobivaj vesti na viber

„Токму оваа партија ја нарача срамната лустрација на Славко Јаневски славниот македонски писател и автор на првиот роман на македонски јазик. Токму ВМРО-ДПМНЕ еден од кодификаторите на македонскиот јазик, Блаже Конески, го нарекуваше ’џуџето од Небрегово’. Денес ВМРО-ДПМНЕ извртува изјави и ја плаши јавноста со наводна цензура, што нема врска со реалноста“, реагираат од СДСМ.

Слободата на изразување, која ВМРО-ДПМНЕ за време на 11-годишниот режим постојано ја погазуваше, велат од владејачката партија, денес е загарантирана и никој не смее да ја загрозува.

„ВМРО-ДПМНЕ едноставно не се откажува од ширењето лажни вести и дезинформации кое им е единствен начин на политичко дејствување“, се посочува во реакцијата од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЗНМ: Малтретирани новинари од страна на службеници во Комунална хигиена – МВР итно да реагира

Објавено пред

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја осудува постапката на службеници од секторот за односи со јавност и од обезбедувањето на „Комунална хигиена – Скопје“ кои денеска, како што појаснуваат од таму, сериозно ги прекршиле правата на новинарите Фуркан Салиу и Авни Тахири, преку „насилно одземање на нивната опрема и нивно незаконско задржување против нивна волја“.

dobivaj vesti na viber

„Според колегите, овој скандалозен настан се случил денеска во просториите на ова јавно претпријатие во Скопје. Во овој инцидент службеничка која се претставила како одговорна за односи со јавност, по претходна вербална расправа со двајцата новинари, на колегата Салиу му го одзела телефонот и одбивала да го врати. Истовремено, тројца членови на обезбедувањето од Дирекцијата на ’Комунална хигиена – Скопје’, против волја на двајцата новинари ги задржале во просториите на оваа институција и истите биле ослободени дури откако пристигнале припадници на МВР, кои дошле набргу по претходна пријава од новинарот Тахири“, информираат од Здружението.

Инцидентот, додаваат од таму, претставува тешка повреда на правата на новинарите и попречување во нивната работа како и правото на слободно движење.

„Колегите Салиу и Тахири уредно закажале средба со претставници за односи со јавност за прилог поврзан со прашања од работните односи во оваа институција и истите имале обврска да одговорат на новинарските прашања, а не да ја одземаат нивната опрема како и незаконски да ги држат против нивната волја во просториите на јавното претпријатие. Затоа ЗНМ бара од Министерството за внатрешни работи веднаш да го истражи овој случај и да ја извести јавноста за оваа недозволива постапка кон новинарите од страна на службениците на Јавното претпријатие ’Комунална хигиена – Скопје’. Освен ова, бараме од страна на ново назначената директорка на оваа институција, Косана Мазнева, итно да ја испита постапката на вработените и да покрене дисциплински мерки во рамки на своите законски надлежности“, се наведува во напишаното од страна на Здружението на новинари на Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа42 минути

Бајден за активностите на Кина: „Загрижен сум“

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека не е загрижен за Тајван, туку дека е загрижен за Кина. Бајден открил...

Топ2 часа

Турски државјанин со живеалиште во Скопје осомничен за криумчарење на над 13 килограми злато на Табановце

Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по поднесена кривична пријава, донело наредба за спроведување истражна постапка против турски државјанин со живеалиште...

Економија6 часа

Се намалува цената на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните...

Македонија6 часа

(ВИДЕО) Иван, кој го преживеа Халкидик, во интервју за грчки медиум: Најлошиот роденденски подарок

Пред точно еден месец скопјанецот Иван (30) заедно со своите пријатели исчезна на отворено море од плажата Мити, на Халкидик....

Свет7 часа

Путин прави чистка: отпуштил шест генерали, меѓу кои и Месарот од Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин отпуштил шест генерали поради лошите резултати од борбените операции во Украина, јавуваат светските медиуми. Според информациите,...

Македонија8 часа

Ја нападнал екссопругата со тупаници и ѝ се заканил дека ќе ја убие ако не се смират

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 42-годишно лице за кое постои основано сомнение дека при вршење семејно насилство сторило...

Топ8 часа

Еден човек загина во тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево – Гостивар

Еден човек загина во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случи на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај т.н. тајмишка...

Свет8 часа

Уште два брода со храна ја напуштија Украина

Уште два брода, едниот со пченка, а другиот со соја, денеска ги напуштија украинските пристаништа, соопшти турското Министерство за одбрана....

Свет10 часа

Кина најави нови воени вежби околу Тајван

Кинеската војска за денеска најави нови вежби на море и на небото околу Тајван. Источната борбена команда на Народноослободителната војска...

Македонија10 часа

Пожарот кај селото Фурка сè уште активен

Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Струмица соопшти дека пожарот кај с. Фурка меѓу општина Дојран и Богданци сè...

Европа22 часа

(Видео) Експлозија во близина на аеродромот Хитроу во Англија

Силна експлозија одекна околу 17 часот по локално време во близина на аеродромот Хитроу во Англија. По експлозијата, чија причина...

Свет23 часа

Трамп: Америка повеќе никој не ја почитува, ние сме народ кој стана шега

Светската заедница ја загуби почитта кон американскиот народ и Америка, изјави Доналд Трамп. Тој исто така изрази загриженост дека другите...

Топ1 ден

Повредено дете во приватна градинка во Скопје, родителот не бил информиран

На 06.08.2022 во 21.50 часот во Полициската станица Карпош, Р.Т.(38) од Скопје пријавил дека на 03.08.2022 околу 17.00 часот откако...

Македонија1 ден

Почина жената од Неготино, која беше претепана од партнерот

Почина 46-годишната жена од Неготино која беше претепна од партнерот П.Н.(51) исто од Неготино. Таа беше во кома пет дена,...

Свет1 ден

Израел прифати хуманитарен прекин на огнот, но Исламски џихад одби

Израел се согласи на хуманитарен прекин на огнот на предлог на Египет, но палестинската организација Исламски џихад ја одби понудата,...

Македонија1 ден

(Видео) Каевски: СДСМ реализира стратешки цели, ВМРО-ДПМНЕ блокира и го дели народот

Преку успешните, одговорни, државотворни политики на СДСМ, државата ги исполнува стратешките цели поставени уште на Денот на независноста. Република Северна...

Македонија1 ден

(Видео) Арсовски: Оставка од министерката Стојчевска заради цензурата на културата која се обидува да ја направи

Бисера Стојчевска трет ден ниту им се извинува на граѓаните, ниту пак има намера да си даде оставка. Ставајќи се...

Регион1 ден

Првите проблеми во истрагата: Уништен е тахнографот и не може да се прочита брзината на возење на полскиот автобус

Уништен е тахографот на полскиот автобус, кој вчера излета од автоптот А4 кај Загреб при што загинаа 12 лица, објави...

Регион1 ден

Приведена па ослободена руската новинарка Дарија Асламова

Институциите во Приштина ја ослободија притворената новинарка на „Комсомолска Правда“, Дарија Асламова, која синоќа беше однесена на Косово и Метохија,...

Свет1 ден

Зеленски: Амнести интернешнл молчи за нуклеарниот терор на руската армија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја обвини Амнести Интернешнл дека молчи за нуклеарниот терор на руската армија. „ За жал,...