Контакт

Македонија

Министерот Адеми заразен со коронавирус

Објавено пред

Министерот за образование, Арбер Адеми, е заразен со коронавирус.

Тој на социјалните мрежи сподели дека по неколку благи симптоми, се тестирал и неговиот резултат е позитивен.

Адеми апелира до граѓаните да ги почитуваат протоколите поради сопственото здравје, како и здравјето на најблиските.

Вчера, и министерот за економија, Крешник Бектеши, сподели дека е заразен со Ковид-19.

Македонија

Собранието им ги верификува мандатите на сите 120 пратеници

Објавено пред

Со 116 гласа „за“, без ниту еден воздржан ниту, пак, против, верифицирани им се мандатите на сите 120 пратеници, со што е избран новиот парламентарен состав.

Седницата беше прекината по изгласувањето на извештајот од Верификациската комисија, а продолжението ќе биде веројатно кога ќе бидат познати коалициите меѓу партиите, односно кога ќе се обезбеди парламентарното мнозинство. Тогаш ќе се избираат претседатели и потпретседатели на Собранието. До изборот на нов претседател со седницата ќе претседава претседателот во заминување, Талат Џафери.

Претседателката на Верификациската комисија, Јагода Шахпаска, посочи дека сите членови едногласно се согласиле да им се верифицираат мандатите на сите 120 пратеници.

„Разгледувајќи го извештајот од ДИК за предвремените парламентарни избори, Комисијата утврди дека тие се спроведени во согласност со решението за спроведување на изборите. Комисијата констатира дека нема основ за оспорување на изборот на ниеден од 120-те пратеници. Верификациската комисија предлага да им се верифицираат мандатите на сите пратеници“, рече Шахпаска.

На следната седница треба да се избере и нов владин состав, кој треба да биде составен од парламентарното мнозинство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Се обврзуваме да градиме независен и одговорен парламент

Објавено пред

Се обврзуваме да градиме независен и одговорен парламент, вистински дом на демократијата на сите граѓани, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев по повод конститутивната седница на новиот парламент којашто се одржува денеска.

„Нашиот парламент денеска ја одржува првата, конститутивна седница со учество на народните пратеници кои ја изразуваат волјата на граѓаните кои гласаа на парламентарните избори на 15 јули.

Денес се обврзуваме да градиме независен и одговорен парламент, вистински дом на демократијата на сите граѓани на Северна Македонија“, порача Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

42-годишен маж спасен на Клиниката за кардиологија со стентирање на трауматска трансекција на торакалната аорта

Објавено пред

Маж на возраст од 42 години е спасен од сигурна смрт кога на Клиниката за кардиологија му било извршено стентирање на трауматска трансекција на торакалната аорта, повреда што носи ризик од масивно крвавење, без можност за прекин. Ваква интервенција првпат самостојно е изведена на Клиниката од страна на тимот кардиолози, заедно со хирург и анестезиолог.

„Смртноста од ваква повреда е речиси 100 проценти. Итно беше организиран тим од двајца интервентни кардиолози, а тоа се Жан Зимбаков и Оливер Бушљетиќ, потоа васкуларниот хирург Мишел Андов и анестезиологот Стефанија Ханџиска. Кај пациентот, со целосна анестезија, беше направена хируршка препарација на артерија на ногата, со што се отвора место во артеријата за да се внесе посебен вид стент обложен со материјал. Сложеноста на оваа процедура е позиционирањето на стентот. Тој треба да го покрие раскинувањето на ѕидот на аортата, кое беше на самиот отвор на артеријата за раката, но притоа стентот да не го прекине протокот на крвта за раката и главата“, велат од Клиниката за кардиологија и додаваат дека интервенцијата била изведена успешно.

Директорот Зимбаков вели дека со големиот број интервенции и опременоста Клиниката за кардиологија е водечки центар во земјата и на ниво со европските центри.

„Стентирањето на аортата успешно го изведуваме при проширувања на дел од градната и стомачната аорта. Тоа ни овозможи да ја примениме оваа техника и кај вакви итни состојби, кои се со висока смртност. Овие процедури, заедно со ТАВИ-процедурите (нехируршко поставување аортна валвула), стентирањето на артериите на вратот и нозете, се дел од секојдневната работа на Клиниката, со голема бројка на интервенци. Тоа е неопходно и основно пред многу други работи за да се постигне висок квалитет и успех кај овие процедури. Со високиот број интервенции и целосната материјална опременост што ја имаме нашиот центар е единствен и водечки во земјата и е на ниво на најголемите европски центри“, изјави доктор Жан Зимбаков.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Собранието им ги верификува мандатите на сите 120 пратеници

Со 116 гласа „за“, без ниту еден воздржан ниту, пак, против, верифицирани им се мандатите на сите 120 пратеници, со...

Македонија44 минути

42-годишен маж спасен на Клиниката за кардиологија со стентирање на трауматска трансекција на торакалната аорта

Маж на возраст од 42 години е спасен од сигурна смрт кога на Клиниката за кардиологија му било извршено стентирање...

Македонија1 час

Јагода Шахпаска избрана за претседател на Верификациската комисија на Собранието

Со интонирање на химната почна првата седница на новиот парламентарен состав, која се одржува во салата Голема купола, со засилени...

Свет3 часа

В година Русите ќе ја тестираат вакцината против коронавирусот врз деца

Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ во Русија планира да почне со тестирање на вакцината против коронавирусот врз деца во јануари-февруари в...

Регион3 часа

Грчките премини Дојрани и Ники ќе се отворат по 15 август

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека грчките гранични премини Дојрани и Ники ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.8.2020...

Топ4 часа

Прегазена жена во Охрид

Деветнаесетгодишен скопјанец со „мерцедес“ на улицата Сирма Војвода во Охрид удрил во пешакот М. Т. (58) од Охрид. Жената била...

Свет5 часа

Гутереш: Коронавирусот ќе уништи генерации поради затворањето на училиштата

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди дека светот се соочува со генерациска катастрофа поради затворањето на училиштата во...

Свет6 часа

СЗО ќе распореди меѓународен тим експерти во Вухан

Светската здравствена организација соопшти дека тимот што го истражува потеклото на пандемијата на коронавирусот ја завршил својата мисија во Кина...

Европа6 часа

Расте бројот на тешко заболени од коронавирус во Франција

Бројот на пациенти заразени со коронавирус во одделите за интензивна нега во Франција денеска се искачи на 384, што е...

Македонија18 часа

Привремено е прекината потрагата по момчето кое се удави во Преспанското езеро

Потрагата по момчето кое исчезна во водите на Преспанското езеро е привремено прекината поради временските услови. Како што информираат од...

Регион18 часа

Преглед на состојбата во регионот: Во Албанија почина уште еден лекар, во Србија пад на бројот на новозаразени

Преглед на состојбата со коронавирусот во регионот во изминатото деноноќие. Уште еден лекар почина во Албанија од коронавирус Во болницата...

Македонија20 часа

Поранешни вработени во СЈО бараат од Пендаровски да им се извини: „Обвинителството не беше една личност“

Поранешни вработени во Специјалното јавно обвинителство реагираа на говорот на претседателот Стево Пендаровски во Пелинце. Тие велат дека СЈО не...

Топ21 час

Лекар од Итната помош физички нападнат од татко на починато лице

Taтко на момче кое починало во сообраќајна несреќа, нападнал лекар од Итната медицинска помош. Лекарот бил на интервенција по претходно...

Македонија22 часа

Досега 500 лица починаа од коронавирус во Македонија

Бројот на починати од коронавирус во земјава достигна 500 лица, откако денеска беа потврдени 3 нови смртни случаи. Тројцата починати...

Македонија22 часа

Гостивар со најмногу новозаразени во изминатото деноноќие

Гостивар е на врвот на листата со најмногу новозаразени од коронавирус во земјава во изминатите 24 часа. Според податоците на...

Свет23 часа

СЗО: Mајките да ги дојат своите деца и кога имаат ковид-19

Светската здравствена организација денеска предупреди дека наспроти големите надежи за пронаоѓање на вакцина, можеби никогаш нема да има чудотворено решение...

Македонија1 ден

Нови 74 заболени и тројца починати од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Свет1 ден

Германските ученици се вратија во училишните клупи во екот на пандемијата

Десетици илјади училишни деца денеска се вратија во училиштата во северна Германија. Мекленбург-Западна Померанија е првата од 16 германски држави...

Македонија1 ден

Џафери: Добро се чувствувам, јас ќе ја водам седницата

Претседателот на Собранието, Тала Џафери изјави дека утре тој ќе ја води конститутивната седница. Џафери денеска ја напушта Клиниката за...

Свет1 ден

Руски доктор: Пандемијата личи на проба за биолошка војна

Ситуацијата со пандемијата на коронавирус личи на проба за биолошка војна, изјави рускиот детски хирург, Леонид Рошаљ, пренесе „Спутник“. „...

Досие