Контакт

Македонија

Министерот Беким Сали учествува на 75. асамблеја на СЗО во Женева

Објавено пред

Министерот за здравство, д-р Беким Сали, учествува на 75. асамблеја на Светската здравствена организација во Женева, Швајцарија.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на своето обраќање, на тема „Здравје за мир и мир за здравје“, министерот Сали се осврна на реализираните активности и подготвеноста на здравствениот систем за што поуспешно справување со ковид-пандемијата, што е добра основа и за соочување со идни кризни состојби.

„Последните две години пандемијата на Ковид-19 беше предизвик за сите нас. За жал, пандемијата одзеде човечки животи и во Република Северна Македонија. Сето ова претставуваше вистински предизвик и ја подигна потребата од цврста основа за брзи и долгорочни мерки за подобрување на тековниот одговор на Ковид-19, како и за зајакнување на подготвеноста на Северна Македонија за разни кризни состојби воопшто“, рече министерот Сали.

Во однос на трагичните последици со човечко страдање и загуба на животи, како и лишување цели заедници од здравствена заштита во контекст на актуелната состојба со Украина, министерот Сали се осврна на принципите на Уставот на СЗО потенцирајќи ја потребата да продолжиме да го штитиме и унапредуваме здравјето како основна вредност за постигнување мир и безбедност, дури и во најтешките ситуации.

„Веруваме дека оваа иницијатива ќе придонесе за зајакнување на мостот што ги поврзува хуманитарната помош, долгорочниот одржлив развој и градењето мир, заклучи Сали, додавајќи дека здравјето и мирот треба да се градат неразделно бидејќи тие се единственото вистинско решение за секоја ситуација.

На маргините на асамблејата министерот Сали оствари билатерални средби со генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, со д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, со португалската министерка за здравство, Марта Темидо, како и со федералниот министер за здравство на Германија, Карл Лаутербах.

Македонија

Мицкоски одбил да учествува во работните групи за спорот со Бугарија, тврди СДСМ

Објавено пред

Лажна и лицемерна е наводната загриженост на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на француското претседателство. Иако во текот на процесот му беше понудено, Мицкоски одби ВМРО-ДПМНЕ да учествува во работните групи за спорот со Бугарија, велат од СДСМ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Секогаш кога државата е во клучни процеси за европската иднина, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ стојат отстрана, шират лажни вести и нанесуваат штети на државните позиции и интереси.

Така е и сега кога имаме предлог за почнување преговори со ЕУ со кој добиваме чиста формулација на македонскиот јазик, без фусноти, кога историските прашање веќе не се дел од преговарачкиот процес.

Кога во тек е широк и инклузивен процес на консултации, Мицкоски дава задоцнети предлози и организира насилни протести.

Одново на дело докажува дека за него воопшто не се битни интересите на државата и граѓаните, туку тој свесно дејствува за нечии туѓи интереси.

Граѓаните го гледаат и ќе го ценат таквото неодговорно антидржавничко однесување на Мицкоски“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Најмалку четворица полицајци се повредени на вчерашните протести

Објавено пред

Најмалку четворица полицајци биле повредени по синоќешните протести против францускиот предлог, тврди владејачкиот Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

dobivaj vesti na viber

„На Денот на независноста на САД, на Денот на борецот, на дело се виде насилството на анти НАТО и анти ЕУ коалицијата на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев.

Јавноста вчера виде обиди за повторување на крвавиот четврток, на 27 април 2017 година од страна на политички партии кои не и мислат добро на државата и граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица по секоја цена се обидуваат да ја дестабилизираат државата, да го попречат процесот на евроинтеграција, одработувајќи за туѓи интереси.

СДСМ, институциите и граѓаните нема да деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ја загрози европската иднина на државата, нема да дозволат општеството да се врати назад во изолација и поделби“, се додава во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи: Францускиот предлог и протоколот се два неповрзани процеси

Објавено пред

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во синоќешното гостување на Националната телевизија, истакна дека францускиот предлог и протоколот се два неповрзани процеси.

dobivaj vesti na viber

„Францускиот предлог ја утврдува рамката за преговорите за членство, додека протоколот е билатерален документ со кој редовно се следи имплементација на договорот. Коинцидираат временски, затоа што во дел од овој пакет на односи со Република Бугарија за да се даде согласност за европскиот, треба да се потпише и овој договор, меѓутоа тие два документа не се меѓусебно поврзани”, истакна Османи.

Османи додаде дека протоколот може да ја пресликува динамиката на европскиот процес, но европскиот процес не смее да пресликува динамика на протоколот кој се однесува на билатерални прашања кои ние ги имаме во односите со Република Бугарија и обврските што ги имаат тие спрема нас во ЕУ.

Министерот Османи се уште не го достави протоколот на увид.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Мицкоски одбил да учествува во работните групи за спорот со Бугарија, тврди СДСМ

Лажна и лицемерна е наводната загриженост на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на француското претседателство. Иако во текот на...

Свет1 час

Членките на НАТО денеска ги потпишуваат протоколите за прием на Шведска и Финска

Членките на НАТО денеска ќе ги потпишат пристапните протоколи неопходни за покана на Шведска и Финска во воената алијанса на...

Свет1 час

Уапсен осомничениот за убиство на шест лица на парадата во Чикаго

Американската полиција уапси осомничен за убиството на шест лица во масовното пукање на парадата на Денот на независноста во Хајленд...

Македонија1 час

Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, синоќа го свика Стратешкиот совет за надворешна политика со цел одржување на консултации за...

Македонија2 часа

Шарл Мишел во посета на Скопје

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денес пристигнува во посета на Скопје. Се очекува Мишел во рамките на посетата да...

Македонија12 часа

(Видео) Летаат јајца кон Собранието, демонстрантите бараат оставки

Демонстрантите од владината зграда се упатија кон Собранието, каде што ја пробија оградата и навлегоа во дворот на законодавниот дом. На...

Македонија15 часа

Лидерите на ДОМ, Демократскиот сојуз и ЛДП со резерва за францускиот предлог на средбата со Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, и со...

Македонија15 часа

(Видео) Маричиќ: Со официјалниот француски предлог го добивме она за кое се бориме со години

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на денешната прес-конференција со министрите за европски прашања на Финска и...

Македонија17 часа

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Владата на својата официјална веб-страница го објави францускиот предлог интегрално преведен на македонски јазик. Oд Владата коментираат дека предлогот во...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски: Утре ќе биде владината седница, ако имаат разум да го слушнат народот

Утре ќе биде владината седница според нашите информации и затоа ја повикувам цела Македонија утре да дојде тука. Можностите се...

Свет20 часа

Близок соработник на Путин: Ако дојде до трета светска војна, прво ќе го гаѓаме Лондон

Близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Лондон може да биде првата стратешка цел во случај на трета...

Македонија20 часа

Преговорите со Бугарија не смеат да бидат тајни – подготвен документ на експертската јавност

Институтот за демократија и Институтот за европска политика подготвија заеднички документ како одговор на францускиот предлог за преговарачката рамка и...

Македонија21 час

И Села го поддржа францускиот предлог

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, изјави дека го поддржуваат францускиот предлог, по средбата со премиерот Ковачевски. „Не се...

Македонија22 часа

Движење Беса: Го прифаќаме францускиот предлог, за време на уставните измени, да се отстрани „20%“ и да пишува албански јазик

Движењето Беса будно ја следи актуелната политичка состојба во земјава, особено во насока на деблокирање на евроинтегративниот процес на земјата...

Македонија22 часа

Демократскиот сојуз за францускиот предлог: Да се промени преговарачката рамка

Претседателството на Демократскиот сојуз го разгледал модифицираниот Француски предлог (Преговарачката рамка, заклучоците на Европскиот совет) за започнување на преговорите со...

Свет23 часа

(Видео) Поплави во Сиднеј, се евакуираат илјадници луѓе – најавени се поинтензивни врнежи

Наредба за евакуација е издадена за десетици илјади жители на Сиднеј, откако обилните врнежи поплавија неколку населби во најголемиот град...

Свет24 часа

(Видео) Очевидци за крвавиот настан во Копенхаген: Ги мамеше луѓето да му се приближат

Напаѓачаот од Копенхаген се обидел да ги намами жртвите велејќи им дека неговото оружје е лажно, за да ги натера...

Свет1 ден

(Видео) Напад во трговски центар во Копенхаген, убиени тројца и ранети неколку луѓе

Тројца луѓе загинаа, а неколку се ранети во пукање што се случило синоќа во трговски центар во Копенхаген, соопшти данската...

Свет1 ден

Украина објави список со барања за продолжување на преговорите со Русија

Советник на началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Михаил Подољак, презентираше листа на барања за продолжување на преговорите со...

Свет1 ден

Зеленски: Украинските војници се повлекоа од Лисичанск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски доцна синоќа призна дека украинските сили се повлекле од Лисичанск во Донбас. Тој вети дека ќе...