Контакт

Македонија

Министерот Филипче: Ѓубрето треба да биде фрлено во отпад, а не на улица

Објавено пред

Вработените во Министерството за здравство денеска се приклучија на акцијата – Администрацијата чисти со граѓанската организација „Не биди ѓубре“.

Министерот за здравство, Венко Филипче и вработените во Министерството, акцијата ја спроведоа во општина Гази Баба, на улица Индустриска.

„Пораката која денеска ја испраќаме е во секој момент, секој од нас да внимава што остава зад себе. Целиме кон Европа и време е така секој од нас да размислува. Да се потрудиме градот да биде чист секогаш и секој ден, да не е ова само акција која ќе трае денес, а утре ќе се заборави. Секое ѓубре треба да биде фрлено во отпад, а не на улица. Повикуваме на грижа за околината во која живееме“, истакна министерот Филипче.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

„Левица“: Нови пријави од вработени во ЈСП за притисоци од директорот

Објавено пред

„Левица“ соопшти дека има нови пријави до партијата од вработени во јавното сообраќајно претпријатие Скопје, за наводни притисоци и кршење на работничките права од страна на директорот на ЈСП, Кристијан Чушков.

Како што се наведува, работниците кои ги чистат автобусите, работеле без никаква заштитна опрема и соодветни средства за заштита од коронавирусот.

„Дополнително, работниците за викенди работат по 16 часа, без никаков платен надоместок! Левица минатата недела поднесе пријава до Државниот трудов инспекторат, но сѐ уште нема никаков одговор. Дали власта ги штити своите партиски кадри во ова јавно претпријатие, а на сметка на здравјето на работниците? Дали јавните дејности се користат исклучиво за цедење буџетски пари и богатење на поединци блиски на власта?

Истовремено, ја информираме јавноста дека располагаме со информации за континуирано малтретирање на работниците во ова претпријатие преку кратење на плати, уцени и распоредување на пониски места кои дополнително ќе ги обелодениме. За овие случаи веќе се покренати неколку судски спорови од страна на самите работници, и покрај притисоците со кои се соочуваат. Во ваквите злоупотреби и малтретирања на работниците се инволвирани и самите синдикати, кои очигледно претставуваат продолжена рака на власта во спроведувањето на нивните анти-работнички политики“ додава партијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Цистерни мијат и дезинфицираат улици во Карпош

Објавено пред

Од денеска, четири цистерни активно работат на миење и дезинфекција на улици и фреквентни локации низ Карпош.

Се мие и дезинфицира пред маркети, аптеки, банки и други места, каде што е забележано поголемо присуство на граѓани.
Покрај двете цистерни на Општина Карпош, на терен мијат и дезинфицираат и цистерните на фирмите „Анизор“ и „Гранит“. Станува збор за една четири тонска и една седум тонска цистерна, кои се резултат на општествена одговорност на овие компании.

Денеска, се миеја и дезинфицираа улици и фреквентни локации во Карпош 3, Карпош 4, Бардовци, Злокуќани, Бардовци и Тафталиџе (кај пазарчето).

Локалната самоуправа продолжува со секојдневните активности за унапредување на јавната хигиена и заштита на граѓаните од коронавирус.

Ги повикуваме сите граѓани, да ги почитуваат препораките од ресорните институции, да избегнуваат собирање во големи групи и движење во затворени простории.

Прикажи повеќе...

Македонија

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп предлага мерки во корист на угостителите

Објавено пред

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата до Советот на Општина Прилеп предлага низа конструктивни мерки, кои ќе бидат од огромна корист за угостителските објекти, занаетчиите, дуќанџиите во чаршијата, но и сите други погодени стопански субјекти, како и граѓаните кои губат работни места, со цел справување со економската криза.

1. Предлагаме намалување за 50% на данокот за имот за тековната 2020 година, како и 50% на данокот за наследство и подарок;
2. Целосно ослободување од плаќање на фирмарина на деловните субјекти за 2019 и 2020 година.
3. Целосно ослободување од надомест за користење на јавен простор пред деловните простории (вклучително и летните тераси пред угостителските објекти до крајот на 2020 година)
4. Предлагаме и намалување за 50% на сметките за вода и комунални услуги за најпогодените физички и правни лица во период од 6 месеци.
5. Во периодот додека трае кризата да се раскинат сите договори на дело на лица ангажирани преку агенции за привремени вработувања, авторски договори и слично, мерка со која ќе се заштедат околу 10 милиони денари.
6. Предлагаме и укинување на сите непродуктивни трошења на Локалната самоуправа и јавните претпријатија, вклучително и на средствата предвидени за репрезентација, како и рационално и ограничено користење на возниот парк на институциите. На овој начин ќе се заштедат цели 5 милиони денари.

Ова се мерки кои ќе значат заштеда на голема сума пари, но истовремено и ќе обезбедат дополнителни парични средства за граѓаните и стопанските субјекти во справувањето со оваа глобална пандемија.

Предлагаме мерки, кои во овој период кога сите угостителски објекти не работат, кога речиси целата чаршија е затворена, а дел од граѓаните остануваат без работа, ќе значат надеж дека некој се грижи за сите.

Со оглед на тоа дека пандемијата зема замав во Прилеп и бројот на заболени од коронавирус секојдневно се зголемува, ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка структура комплетно ги става на располагање сите свои човечки капацитети на Локалната самоуправа, а со цел заштита на здравјето на граѓаните и што поефикасно справување со оваа глобална опасност.

Ова е време кога е потребна солидарност, кога секоја подадена рака е добредојдена, кога секоја понудена помош треба да се прифати и кога треба да заборавиме на егоизмот и политичкото профитирање“ велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија25 минути

(Видео) Лицата кои останале без работа добиваат брз влез во системот на социјална заштита

Лицата кои останале без работа или биле дел од неформалната економија добиваат брз влез во системот на социјална заштита, најавија...

Македонија1 час

Град Скопје се откажа од кредитот за луна-паркот, ја намали и таксата за закуп на јавен простор

Град Скопје ја намали комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на 5 денари за квадрат, колку што...

Топ2 часа

Обвинителството побара притвор за двајцата насилници што тепаа девојче во Штип

Основното јавно обвинителство во Штип денеска поднесе предлог за определување притвор за двајцата насилници што тепаа девојче во зграда во...

Економија2 часа

ЕУ понуди пакет од 100 милијарди евра за спречување на отпуштањето работници

Европската комисија предложи нов финансиски пакет за да се обезбеди целосна исплата на работниците во компаниите погодени од пандемијата на...

Македонија4 часа

Телефонска психолошка поддршка и за трудниците и за родилките, како и за лицата со нарушен слух, говор и глас

Министерството за здравство информира дека во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште три нови телефонски броеви за психолошка...

Регион4 часа

„Твитер“ избриша повеќе од 8.500 налози поврзани со Вучиќ

Компанијата „Твитер“ соопшти денеска дека избришала над 8.500 налози за промоција на српскиот претседател Александар Вучиќ и Српската напредна партија....

Регион4 часа

Расте бројот на бугарски пратеници заразени со вирусот

Уште двајца бугарски парламентарци се позитивни на тестот на коронавирусот. Станува збор за претседателката на парламентарната група на владејачката централнодесничарска...

Свет5 часа

Трамп незадоволен кога затвореници во САД завршија на слобода поради коронавирусот

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека не му се допаѓа одлуката на затворските власти во Калифорнија, Мичиген и во Пенсилванија...

Свет5 часа

Кинеските власти објавија 31 нов случај на коронавирус

Кинеските власти соопштија дека има пријавено 31 нов случај на коронавирус, при што 29 се поврзани со лица од странство,...

Регион5 часа

Сасоли: ЕУ бара начин како да му помогне на Западен Балкан да се справи со пандемијата

„Живееме во време на предизвик без преседан, предизвикан од пандемијата со Ковид-19. Глобалните проблеми не може да имаат национални решенија...

Свет16 часа

Британија го зголемува бројот на дневни тестирања на 100.000

Британскиот министер за здравство вети за десетпати дека ќе го зголеми бројот на дневните тестирања на коронавирус, со што до...

Свет17 часа

Над еден милион луѓе се заразени со коронавирус во светот

Бројот на заразени со коронавирус во светот достигна еден милион и сега изнесува 1.000.168, покажуваат податоците на страницата „Ворлдометерс“. Од...

Македонија20 часа

На коронавирус позитивен психијатар од Демир Хисар, колегите од болницата испратени во изолација

Во Психијатриската болница во Демир Хисар доктор психијатар кој работел во болницата е позитивен на коронавирусот, информираше министерот за здравство,...

Свет22 часа

СЗО: Над 95 отсто од починатите од коронавирус во Европа се лица над 60 години

Шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, рече дека официјалните податоци покажуваат дека повеќе од...

Економија22 часа

Финансиска помош и за занаетчиите и вршителите на самостојни дејности

Владата денеска ја донесе уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица што вршат самостојна дејност, а кои...

Економија23 часа

(Видео) По 14.500 денари месечно за вработен за април и мај или 50 отсто од трошоците за придонеси

Државата спасува работни места, 14.500 денари месечно за вработен за април и мај за сите фирми погодени од кризата или...

Економија23 часа

Спасовски: Со уредба ќе ги замрзнеме кредитите ако банките го гледаат само својот интерес

По понудените решенија за одложување на кредитите, техничкиот премиер, Оливер Спасовски, вели дека чекаат да видат какви ќе бидат ефектите....

Македонија24 часа

Потврдени 30 нови случаи на коронавирус, вкупниот број се искачи на 384

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Топ1 ден

Уапсени насилниците што тепаа девојче во влез на зграда во Штип

Во врска со видеото со насилство врз девојче, кое од утрово се споделува на социјалните мрежи, штипската полиција информира дека...

Свет1 ден

Австралија почна со тестирање на две потенцијални вакцини против коронавирусот

Научници од Австралија почнаа со тестирање на две потенцијални вакцини против новиот коронавирус, што може да биде голема пресвртница која...

Досие