Контакт

Македонија

Министерски совет на ЕУ за Северна Македонија и Албанија

Објавено пред

Министрите за надворешни и европски работи на земјите членки на ЕУ, денеска, во Луксембург, ќе разговараат за напредокот на земјите од Западен Балкан и проширувањето. Министрите, меѓу другото, треба да решат дали и кога Северна Македонија и Албанија ќе ги почнат преговорите за членство во ЕУ, како што препорача Европската комисија на 29 мај.

Одлуката што ќе ја донесат министрите денеска, потоа ќе треба да биде потврдена од страна на шефовите на држави и влади на ЕУ на Европскиот совет на 20 и 21 јуни во Брисел.

Довербата во процесот за проширување на ЕУ ќе претрпи голема штета ако веднаш не почнат преговорите за пристапување на Северна Македонија и Албанија, порача вчера високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини.

Македонија

Советот на амбасадори ги повика членките на ЕУ да се залагаат за Северна Македонија и Албанија да добијат датум

Објавено пред

Здружението за надворешна и меѓународна политика Совет на амбасадори ги поздравува залагањата на европските лидери, на американскиот државен секретар Мајк Помпео како и на политичарите од повеќе европски политички провиниенции и интелектуалци на наредниот самит на Европскиот Совет, кој ќе се одржи во март идната година, Унијата повторно да го разгледува прашањето за проширување и на Република Северна Македонија и Република Албанија им се одреди датум за започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.

„Здружението посебно ја поздравува спремноста на претседателот Емануел Макрон изразена во неговото интервју во  ‘Економист’ дека тој е подготвен да дури и на наредниот Самит им даде зелено светло за датум за преговори на Република Северна Македонија и Република Албанија ако Унијата успее да ги направи потребните реформи и напоредно со тоа ако овие две земји-кандидатки, покажат напредок во исполнување на бараните реформи“, се наведува во сооштението на Советот на амбасадори.

Од таму велат дека сметаат дека на ЕУ ѝ се потребни длабоки реформи со цел нејзино поуспешно функционирање и поголем економски просперитет. „Советот е длабоко убеден дека Република Северна Македонија, како и многу пати досега ќе ги исполни потребните и барани реформи на домашен план“, се наведува во соопштението.

Советот на амбасадори ги повикува земјите членки на ЕУ, посебно тие кои поради една или друга причина имале одредена резерва околу проширувањето за некоја земја кандидат, максимално да се залагаат Северна Македонија и Албанија да добијат датум за започнување на преговорите, што, како што велат, несомнено ќе придонесе за стабилизација на севкупните односи не само во европскиот регион Западен Балкан, туку и пошироко.

Советот беше формиран во април годинава и претставува независно, непартиско, непрофитабилно здружение на амбасадори и поранешни шефови на дипломатии.  Претседател е Љупчо Арсовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Оштетена трафостаница ја остави Гевегелија во мрак

Објавено пред

Гевгеличани вчера речиси три часа немаа електрична енегија. Од полицијата информираат дека струја снемало поради оштетување во трафостаница.

„Вчера во периодот од 19.20 до 21 часот во Гевгелија, поради дефект на електричната мрежа, во градот немало електрична енергија. Според пријавеното, причина за дефектот е оштетување во трафостаница“, се наведува во соопштението.

Извршен бил увид.

Прикажи повеќе...

Македонија

Изречени 34 казни за палење стрништа

Објавено пред

Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) информира дека за време на викендот ги зачести контролите на терен, осбено во оние региони каде што има потенцијална опасност од палење на стрништата на земјоделско земјиште.

Од досегашните спроведени контроли, кои се повеќе од 200, изготвени се записници и 34 казни од кои пет барања за прекршочна постапка за сторен прекршок, а констатирана е опожарена површина од околу 250 хектари.

Од ДИЗ информираат дека соработката со општините, како и со полициските единици на МВР е добра, особено во Кочани каде што оваа појава е најзачестена, а сè со цел запирање на загадувањето на воздухот со палењето на стрништа, шуми и друга вегетација.

ДИЗ најави дека ќе продолжат со интензивните контроли на терен, со цел континуирана и посветена борба против аерозагадувањето.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа10 часа

Бугарите и Хрватите се најнезадоволни граѓани во ЕУ

Бугарите и Хрватите се најнезадоволни граѓани во Европската Унија, покажа најновото истражување на Евростат. Просечната општа оценка на квалитетот на...

Свет11 час

Демонстранти во Боливија запалија куќи на политичари

Претседателот на Народното собрание на Боливија, Виктор Борда, поднесе оставка откако демонстранти ја запалија неговата куќа. „Поднесувам оставка на местото...

Економија12 часа

Дубровник воведува петгодишна забрана за отворање нови ресторани

Градот Дубровник воведува петгодишна забрана за отворање нови ресторани, потврди градоначалникот, Мато Франковиќ. По ограничувањето на бројот на крузери во...

Македонија15 часа

Изречени 34 казни за палење стрништа

Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) информира дека за време на викендот ги зачести контролите на терен, осбено во оние региони...

Македонија16 часа

Мицкоски: За Македонија не постои друга алтернатива освен полноправно членство во ЕУ

За нас нема алтернатива освен она кое што го зборуваме цело време, а тоа е полноправно членство во рамките на...

Македонија18 часа

Заев: Балканот се менува кон подобро место за живеење

На заедничката пресконференција од Охрид, премиерот Зоран Заев истакна дека му е чест што на гости ги има лидерите на...

Регион18 часа

Рама: Нема оправдување зошто Косово не учествуваше во оваа иницијатива

Албанскиот премиер Еди Рама од самитот во Охрид порача дека Косово згрешило што не учевствува во иницијативата за регионална соработка...

Регион18 часа

Вучиќ: Тука не правиме Југославија, туку поквалитетен живот за нашите граѓани

Српскиот претседател Александар Вучиќ од Охрид изјави дека договорот што го постигнале со Заев и Рама, ќе им овозможи на...

Топ19 часа

Скопјанец повреден од куршум за време на грабеж на Бит Пазар

Скопјанец е тешко повреден, откако синоќа на Бит Пазар за време на грабеж на возило бил испукан куршум, кој завршил...

Свет20 часа

Лула да Силва: Трамп не е светски лидер, нека си ја гледа својата работа

Поранешниот претседател на Бразил Луис Инасио Лула да Силва му порача на американскиот претседател Доналд Трамп да си ја гледа...

Свет21 час

Иран пронајде ново нафтено поле

Иран откри ново нафтено поле на југот од земјата, соопшти иранскиот претседател Хасан Рохани. Како што изјави, нафтеното поле е...

Македонија21 час

Економска соработка и „мал шенген“ главни теми на самитот во Охрид

Инцијативата за воспоставување поинтензивна економска соработка на државите од Западен Балкан и најавуваниот договор т.н. „мал шенген“ се очекува да...

Регион22 часа

Тачи објасни зошто не дошол на самитот во Охрид

Косовскиот претседател Хашим Тачи на Фејсбук објави дека одбил да присуствува на самитот во Охрид, наведувајќи дека Косово не сака...

Свет1 ден

Двајца скијачи загинаа во лавина на Алпите

Властите на југот од Австрија соопштија дека двајца скијачи загинале во лавина на Алпите. Австрискиот сервис ОРФ објави дека тие...

Свет1 ден

На илјадници Американци им стигнаа честитки од починати пријатели и партнери

Повеќе од 60.000 луѓе во САД поради грешка во системот минатата недела добија смс-честитки испратени за Денот на вљубените –...

Свет2 дена

Северна Кореја се соочува со лоша жетва во моменти на сериозен недостиг на храна

Овогодинешната жетва на Северна Кореја се предвидува да биде полоша од вообичаеното, да ги влоши ионака сериозните недостатоци на храна...

Свет2 дена

Асад: Европа треба да се плаши од џихадистите со кои е во сојуз, а не од бегалците

„Лицемерен“ е стравот на европските народи дека Турција ќе им испрати бегалци, изјави сирискиот претседател, Башар ал Асад, во интервју...

Македонија2 дена

Макрадули: Собрани и испитани се сите хемикалии во „Охис“, нема никаква опасност

Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули на Фејсбук објави дека инцидентот во фабриката „Охис“ е саниран и дека сите...

Македонија2 дена

Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне на 22 ноември

Министерството за здравство информира дека вакцинацијата против сезонски грип ќе почне на 22 ноември. Од таму информираат дека се набавени 28.000...

Македонија2 дена

Податоците за загадувањето во Гази Баба се невалидни поради замена на дел

Податоците за загадувањето на воздухот од мониторинг станицата во Гази Баба во текот на изминатите пет часа биле невалидни поради...

Досие