Контакт

Македонија

Министерството за животна средина со онлајн-прашалник за климатските промени

Објавено пред

Министерството за животна средина и просторно планирање и програмата за развој на Обединетите нации во рамките на подготовка на третиот двогодишен извештај за климатски промени преку онлајн-прашалник го испитуваат јавното мислење за оваа тема.

„Целта на ова ажурирано истражување е да покаже дали свеста и подготвеноста да се реагира на климатските предизвици е променета во изминативе три години преку споредување на добиените резултати со претходните истражувања направени во 2014 и 2016 година“, се наведува во соопштението за прашалникот.

Во него се додава дека анализата на резултатите би помогнла за понатамошен наменски пристап кон комуникацијата и активното учество на граѓанскиот и јавниот сектор во креирањето и преземањето на поамбициозни климатски акции и напредок на земјава во исполнување на обврските поврзани со климатските промени.

Крајните резултати од истражувањето ќе бидат објавени на следниов линк.

Македонија

Без многу оптимизам се очекува конечната одлука за преговори со ЕУ

Објавено пред

Денешните разговори на лидерите на ЕУ во Брисел се последна надеж дека земјава може да го добие очекуваниот датум за пристапни преговори.

Лидерите на ЕУ рано утрово ги прекинаа разговорите без договор за започнување преговори со Албанија и Северна Македонија, без многу оптимизам дека цврстиот став на францускиот претседател, Емануел Макрон, би можел да се промени.

„Ние не постигнавме заклучок за ова денес, но утре ќе продолжиме да разговараме за тоа“, изјави финскиот премиер Анти Рине, чија земја моментно го има претседателството со ЕУ.

На прашањето за шанса да се најде компромис, тој рече дека не е сигурен дека е можно, но се надева дека може да се постигне договор.

Двете балкански земји се очекуваше да добијат зелено светло на самитот за да започнат преговори за пристапување кон ЕУ, а Европската комисија потврди дека ги имаат исполнето критериумите, потсетува агенцијата АП.

Макрон одби да дозволи ниту една нова земја да влезе во ЕУ се додека не се подобрат процедурите за проширување, додека Холандија се спротивстави на кандидатурата на Албанија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево и топло со температури до 30 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи, особено во јужните делови на земјава. Ќе дува слаб ветер од јужените правци. Утринската температура ќе биде во интервал од 4 до 13 а дневната од 24 до 30 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната до 27 степени.

Продолжува периодот на топло време со натпросечни дневни температури за овој период од годината. Во петок и в сабота на места ќе има зголемена облачност и услови за слаб локален дожд.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски од Гевгелија: Време е за обединување против овие камиказа политичари

Објавено пред

Веќе неколку недели нашата теренска активност на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија е на плоштадите, улиците во Македонија, разговараме со граѓаните и учиме од граѓаните, имаме чувство како  долго време некој да не ги слуша проблемите, оние обичните проблеми на нашите сограѓани, тоа беше нашиот мотив и тоа беше нашата водилка зошто одлучивме токму од сега, неколку месеци пред време, преку овие наши теренски активности да започнеме една голема широка дебата со граѓаните на Македонија и да можеме одблиску, очи во очи, гради во гради да ги слушнеме реалните проблеми, а потоа да понудиме и соодветни решенија за тие реални проблеми, не оние измислените и замислените коишто се носат во оние дебели кожени фотелји газејќи ги, ќе повторам, оние дебели персиски килими во Владата и во Брисел, туку овие директно очи во очи со нашите сограѓани, гради во гради, каде што ќе слушнеме некоја критика и за нас и за нашето однесување, ќе слушнеме некоја критика и за минатите влади на ВМРО-ДПМНЕ, им порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на гевгеличани.

„Тоа што можеби било направено погрешно, а ќе треба да го коригираме во периодот што следи, но истовремено ќе ги слушнеме и вистинските проблеми коишто се резултат на погрешните политики на оваа сегашнава влада што ја предводи Зоран Заев и СДСМ, за да можеме да понудиме соодветни решенија, а тие решенија потоа да ги напишеме и во нашата предизборна програма, а потоа тоа што ќе се обврземе тоа што ќе го ветиме пред граѓаните и да го исполниме.

И не го зборувам ова како гола реторика, не го зборувам ова како филозофија туку навистина преку една ваква интерактивна комуникација од каде што ќе научиме многу од нашите сограѓани сакаме да покажеме дека Македонија може поинаку и дека ние како политичари можеме да се однесуваме поинаку и дека тоа што ќе го ветиме, тоа и ќе го исполниме.

Ќе се обидеме преку еден вид ново однесување да покажеме дека не се сите политичари во Македонија исти, дека онаа моментална перцепција што владее кај нашите сограѓани дека сите политичари се исти и дека ние сме практично лажливци и крадци, дека не е така, дека ние можеме поинаку, дека можеме да бидеме честити, дека можеме чесно да работиме и да работиме и да им служиме на граѓаните, бидејќи тие се тие коишто ни го даваат нас легитимитетот и тие нè бираат затоа што иднината што ќе ја оставиме на сите генерации на сите нам ни е потребна. Е тоа е она што ние преку оваа наша теренска активност, којашто ја именуваме разговори за обнова на Македонија сакаме да го покажеме. Да покажеме дека имаме поинакво лице, да покажеме дека не сме политичари коишто ќе ветуваат кога ќе дојдат избори, она што сакаат нашите сограѓани да го слушнат, не сме политичари што ќе ветуваат загарантиран откуп на пример за земјоделските производи, не сме политичари коишто ќе ветуваат поголеми субвенции, поголема поддршка за земјоделецот во Република Македонија, а потоа кога ќе дојдеме до фотелјите кога ќе нè  избере народот да бегаме како никогаш тоа да не сме го споменале, а само да уживаме во привилегиите коишто тие институции ни ги даваат и ништо да не работиме, да заборавиме дека тоа што сме го ветиле всушност не сме го ветувале. Па ќе дојдат следните избори неколку години потоа и повторно ќе ги рециклираме истите тие лаги, истите тие ветувања и тогаш повторно со раката на нашето срце, со главата благо налево наклонета и повторно истите тие лаги ќе ги рециклираме.

Не сме и нема да бидеме политичари коишто само ќе бидат овде на плоштадите пред кампања и ќе ветуваат дека младите имаат иднина, имаат перспектива, ќе ветуваме банкарски гаранции, ќе ветуваме младински гаранции, ќе ветуваме за студентите обновени студентски домови, ќе ветуваме поквалитетно образование, а потоа кога ќе заседнеме во истите тие институции, само привилегиите ќе ни бидат важни, ќе заборавиме и на младите, ќе заборавиме и на студентските домови, ќе заборавиме и на поквалитетното образование, ќе заборавиме и на младинската гаранција, ќе заборавиме практично на сè што сме ветувале, за повторно како расипана плоча на следните избори истото тоа да го рециклираме и повторно истото тоа ќе го ветуваме.

Ќе гледаме како тие млади луѓе веднаш после дипломирањето ги полнат аеродромите, охридскиот и скопскиот, ги полнат пероните на железничките пруги, со автобусите заминуваат трајно од нашата држава затоа што тука нема перспектива за нив, затоа што повторно од некои политичари коишто ги посетиле биле излажани, само за да го добијат нивниот глас. Ние не сме такви и нема да бидеме такви, тоа ви го ветуваме.

Нема да бидеме политичари коишто пред избори ќе се колнат во жицата, ќе се колнат во најмилото, ќе се колнат како талкале по семето изгубени низ времето и дека немале да го продаваат идентитетот, и дека немале да ги нарушуваат сите преговарачки позиции коишто нашата држава ги создавала во изминатиов период, а потоа кога ќе дојдат на власт, кога ќе почнат да врват тендерите, кога ќе почнат да врват провизиите во еден ресторан недалеку од овој преубав град Гевгелија, тогаш ќе заборават и на жицата, ќе заборават и на најмилото, ќе заборават и на времето и на семето, сè ќе заборават и како неразбрани трговци сè ќе истргуваат, само да можат повеќе провизија да лапнат и што подолго да трае нивниот политички живот.

Ќе заборават и на идентитетот, ќе заборават и на Македонецот, ќе заборават и на македонштината, но она што е најважно а што никогаш нема да им го простиме е што заборавија на Македонија. Јас ви ветувам дека првиот ден, новата влада на ВМРО-ДПМНЕ прво што ќе направи е одговорност за овие неразбрани трговци коишто распродадоа сè што значеше а што нè одржуваше обединети и силни, а тоа е македонштината и Македонецот во нас, јас ви ветувам деа ќе сносат одговорност.

Свесни бевме и за критиката, свесни бевме и за последиците коишто како политичка партија ги трпевме. Свесен бев и јас како претседател дека ќе ме искритикуваат граѓаните коишто денеска се незадоволни од ова арамиско секојдневие коешто го предводи оваа камиказа влада на чело со Зоран Заев. Свесен бев, но истовремено свесен бев и дека интересот на македонскиот народ од векови, не само сега, интересот на македонскиот народ и нашите сограѓани коишто се дел од нашата држава Република Македонија е секогаш обединета Европа, Македонија дел од тоа европско семејство.

И велевме и покрај сета жртва, сето понижување, сето омаловажување, сето она што ѝ го нанесе како срам Зоран Заев и СДСМ веќе трета година по ред, мислевме дека нашите партиски интереси и ценевме дека нашите партиски интереси требаше да ги ставиме во втор план. Треба да му дадеме шанса на процесот, работевме, работевме и во носењето на законите, ако некој ни велеше излезете од Парламентот и бојкотирајте го. Работевме и во единиците на локалната самоуправа во советите иако некој ни велеше бојкотирајте ги. Учествувавме на претседателските избори затоа што го имавме најдобриот кандидат којшто некогаш се појавил на македонската политичка сцена и бил кандидат за претседател на Република Македонија и верувавме дека можевме да победиме со професорката Гордана Сиљаноска-Давкова. Но бевме повторно жртва на тие исти измамници коишто направија инженеринг помеѓу двата изборни круга.

Ова е нашата битка, ова е битката на нашата генерација без разлика дали имаме 5 50 55 или 80 години. Сите сме ние денес иста генерација и делиме иста судбина. Од денеска почнува последната пресметка, од денеска ја најавувам големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. Од денеска ве повикувам секој оној кој мисли дека политиките на Зоран Заев и на СДСМ се погрешни го повикувам да ни се придружи без разлика дали е Македонец, Албанец, Турчин ,Ром Влав, Бошњак, Србин без разлика, нека ми простат останатите коишто не ги споменав, без разлика дали е некој од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Македонија или е некој од редовите на СДСМ и нивната коалиција ако сте незадоволни, ако мислите дека вашата иднина е загрозена, повелете, придружете ни се, нашите врати за вас се отворени.

Ајде заеднички да ја победиме оваа битка, ова е битката за третиот Илинден и за нова поинаква модерна Македонија. Македонија каде што секој ќе има подеднаква шанса, Македонија силна држава каде што ќе има силни индивидуи“, порача Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ18 минути

Воз удри во автомобил во Прилеп, повредени четири лица

Четири лица се повредени во железничка несреќа која се случила во близина на меѓуградската автобуска станица во Прилеп. Според информациите на...

Македонија45 минути

Без многу оптимизам се очекува конечната одлука за преговори со ЕУ

Денешните разговори на лидерите на ЕУ во Брисел се последна надеж дека земјава може да го добие очекуваниот датум за...

Свет1 час

Трамп во нова трговска офанзива, воведе царини на бројни европски производи

Дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа европски производи денеска воведоа САД, што претставува нова трговска...

Свет2 часа

Eксплозии и пукање во Сирија, еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел Ајн во североисточна Сирија, на само еден ден по...

Европа3 часа

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет14 часа

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Регион16 часа

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија17 часа

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет18 часа

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион19 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија19 часа

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија21 час

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија21 час

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ22 часа

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија22 часа

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ23 часа

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија23 часа

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа23 часа

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија1 ден

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа1 ден

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси, ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Досие