Контакт

Македонија

Министерството за одбрана реагира на соопштението на СДСМ: Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината

Објавено пред

„Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината – така се карактеризира соопштението од политичката партија СДСМ која се обидува редовна и навремена набавка која се спроведува години наназад и се однесува на потребите на Армијата и СИТЕ угостителски објекти на Министерството и Армијата, вклучувајќи го и Домот на Армијата, авто камповите во Дојран и Охрид, како и Хотелот „Шар“ на Попова Шапка, да ја претстави во сосема поинакво светло. Првенствено, треба да се има предвид дека набавеното кафе и пијалоци во угостителските објекти кои се од отворен карактер за граѓаните, се во слободна продажба, а приходот од продажбата повторно влегува во македонскиот буџет“, реагира Министерството за одбрана на соопштението од политичката партија СДСМ.

„Впрочем, имајќи предвид дека последните седум години со Министерството раководеа кадри на оваа политичка партија, кои ги правеле ИСТИТЕ набавки, се поставува прашањето – дали тие не знаеле што прават, дали се „луксузирале“ со народните пари или сега се обидуваат да стават сомнеж на функционирањето и побарувањата од не било која, туку најценетата и најпочитуваната институција во државата – македонската Армија?

Фактите се следни:

Набавката на кафе и алкохолни пијалоци е спроведена во јавна и транспарентна постапка. Целата документација, вклучително и тендерската документација, договорите и одлуките се јавно достапни на Порталот за јавни набавки и секој граѓанин, новинар или институција може слободно да направи увид, анализа и споредба со набавките од претходните години.

Набавката се однесува на угостителски објекти од отворен тип, кои се користат во рамките на протоколарни, воени и меѓународни активности, а не за „удобност“ на министри, како што лажно се тврди.

Години наназад е спроведена ИСТА ТАКВА НАБАВКА, која оваа година (во споредба со 2023 година) е со многу помали количини, на пример: ставката за алкохолни пијалоци е намалена од 50 до 88 проценти, а жестоките алкохолни пијалоци кои претходно биле набавувани се целосно отстранети.

Сумата на договорот во 2025 година е намалена за 15 проценти во споредба со 2024 година и за речиси 40 проценти во споредба со 2023 година.

Прашањата кои се поставуваат се логични: Или раководството од СДСМ кое го предводело Министерството не знаело што работи и што набавува или политичката партија влегува во едно црно сценарио во кое се обидува да ја вметне и македонската Армија.

Ги повикуваме сите медиуми да не ги земаат предвид ваквите дезинформации кои се пласираат во јавноста особено од страна на политички партии. Борбата со дезинформациите и манипулацијата со фактите е нешто против кое треба сите заедно да се бориме вклучувајќи ги и политичките партии, а не тие да потекнуваат токму од овие кујни.

Се работи за македонските граѓани и за Македонија и токму затоа не смееме да дозволиме граѓаните да бидат излажани“, се наведува во реакцијата од Министерството за одбрана на соопштението од политичката партија СДСМ.

Најново

Македонија20 минути

Томографот на Клиниката за радиологија е пуштен во употреба, тој на Хирургија сè уште се поправа

Денеска е ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје и е достапен за...

Спорт24 минути

Шокантни тврдења за смртта на Марадона: Се ослободија од него, беше темпирана бомба

На судењето на седумте здравствени работници обвинети за смртта на Диего Армандо Марадона, беа упатени сериозни обвинувања против медицинскиот тим...

Забава25 минути

Октомври носи промена во кариерата: Професионална пресвртница ги очекува овие три хороскопски знаци

Тие со месеци напорно работеа, преземаа одговорност и го даваа својот максимум, но резултатите изостануваа или доаѓаа бавно. Сепак, ситуацијата...

Свет33 минути

Градоначалникот на Киев: Денес станува збор за опстанок – оние што можат, треба да го напуштат градот

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, предупреди дека засилените руски напади врз украинскиот главен град го загрозуваат снабдувањето со електрична енергија...

Свет36 минути

Холанѓанец на боледување истрча маратон и доби отказ, работодавачот сега мора да му исплати 60.000 евра

Додека некои луѓе на боледување едвај стигнуваат до продавница, еден Холанѓанец одлучи да истрча маратон. На неговиот работодавач тоа воопшто...

Забава39 минути

Пет навики што можат да ви помогнат да останете здрави за време на сезоната на вируси

Сезоната на настинки и грип носи зголемен ризик од респираторни инфекции, вклучувајќи ги обичната настинка и грипот. Иако не постои...

Спорт41 минута

По Манечестер Јунајтед и Реал ја следи ситуацијата околу Мектоминеј

Реал Мадрид е заинтересиран да го доведе Скот Мектоминеј (29), шкотски играч од средниот ред кој стана една од најголемите...

Култура49 минути

Македонскиот филмолог Владимир Ангелов во жирито на фестивал во Варшава од А категорија

Македонскиот филмолог Владимир Ангелов ќе членува во жирито на Меѓународната федерација на филмски критичари – ФИПРЕСЦИ на 42. Меѓународен филмски...

Спорт50 минути

Гидсел постигна 17 гола на еден натпревар

Данскиот ракометар Матијас Гидсел, најдобриот играч во светот, постигна 17 гола во натпреварот на Фуксе Берлин против Порто во Лигата...