Бегството на Груевски
Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија.
„Барањето за екстридиција се однесува за извршување правосилна пресуда изречена во траење од две години и за водење четири кривични постапки што се пред домашните судови, а укажуваме дека за него се водат и четири истраги како и една предистражна постапка за кои надлежните органи може да почнат и судски постапки во зависност од истрагата“, се наведува во соопштението од Министерството за правда.
Во барањето, како што се наведува, е образложено дека ниедно од делата за кои Никола Груевски е правосилно осуден или се водат постапки против него не е политичко или воено кривично дело, односно овие дела не се предвидени во Европската конвенција за екстрадиција како дела за кои може да биде одбиена екстрадиција.
„Правата на Никола Груевски во секој момент биле обезбедени, вклучувајќи го и правото за одбрана пред судските органи во согласност со Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи. Никола Груевски се бранел од слобода и во ниедна постапка не му е изречена мерката притвор. Имал обезбедено повеќе бранители по сопствен избор, со кои имал непречени можности за комуникација и ги користел сите права што му се на располагање во согласност со Законот за кривичната постапка“, се додава во соопштенито.
Оттаму укажуваат дека судската постапка во која е донесена пресудата и другите постапки што се водат против Никола Груевски се мониторирани од страна на ОБСЕ, чија членка е и Унгарија.
Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 28.8.2018 година, го објави првиот преоден извештај за активностите и предметите во надлежност на СЈО и за ниту еден од мониторираните предмети не е истакната забелешка во поглед на правата на обвинетите, ниту може да се истакне каков било сомнеж дека кривичните постапки се политички мотивирани. Овој извештај е јавно достапен на интернет-страницата на ОБСЕ.
Исто така, истакнато е дека Република Македонија е безбедна земја и не се наоѓа во никаков конфликт, меѓународен или внатрешен, а кој би ги ставил во опасност животот и телесниот интегритет на кој било поединец.
Никола Груевски како поранешен претседателот на Владата на Република Македонија имал лично обезбедување од шест припадници на МВР, што му следува во согласност со домашната легислатива. Исто така, напоменуваме дека Груевски во ниеден случај не пријавил дека неговиот живот и личен интегритет биле во опасност.
Во барањето се укажува и на ништовноста на дадените помилувања од претседателот на Република Македонија, како и на фактот дека тие беа отповикани, но и дека Никола Груевски самиот се откажа од даденото помилување со писмо доставено до кабинетот на претседателот на Република Македонија.
Република Македонија бара лицето Груевски да биде екстрадирано, а имајќи ја предвид сериозноста на кривичните дела, бараме тој да биде лишен од слобода и задржан во притвор потсетувајќи дека за него е издадена и меѓународна потерница.
Во прилог се доставени документи од Основниот суд Скопје 1, СЈО и ЈОРМ, со укажување дека досието ќе се дополнува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бегството на Груевски
Обвинителството анализира 60 телефонски броеви на лица кои комуницирале со Груевски пред да избега

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја извести јавноста за досегашните преземени дејствија за бегството на осуденикот Никола Груевски.
Во соопштението пишува дека обвинителството издало наредби за одземање на снимките од видеонадзорот од камерите на сејф сити-системот во Скопје, од повеќе хотели и други објекти, од патниот правец кон Шпиље и Дебар, од аеродромот во Скопје, како и од сите гранични премини кон Република Албанија. Од три хотели во Скопје обвинителството добило одговор дека не се во можност да го екстрахираат снимениот видеоматеријал, по што надлежниот јавен обвинител издал наредба за одземање на приемниците за снимање и нивно вештачење.
Целокупниот прибран видеоматеријал со големина од околу 10 терабајти бил доставен за анализа до Министерството за внатрешни работи. По таа наредба сè уште се постапува.
Од Интерпол, преку Министерството за внатрешни работи, доставена е информација со која се укажува дека не постојат податоци за излез на Груевски на ниту еден граничен премин од Македонија во критичниот период.
„Преку меѓународна правна помош, обвинителството на 19.11.2018 година достави барање до надлежните институции во Република Албанија и Република Црна Гора за обезбедување на снимките од видеонадзорот на граничните премини, како и од камерите со кои се покрива околината на Амбасадата на Република Унгарија во Тирана. По барањето, црногорските власти постапија веднаш и на 21.12.2018 година екипи од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција лично го презедоа снимениот видеоматеријал во Подгорица“, соопштија од обвинителсството и додаваат дека надлежните органи од Албанија, по две ургенции, ги известиле дека побараниот видеоматеријал е обемен и дека не поседуваат опрема за негов пренос.
Во предметот, како што соопшти обвинителството, издадени се 16 наредби за листинзи од вкупно 60 телефонски броеви од лица кои биле поврзани или за кои постоело сомнение дека комуницирале со осудениот во критичниот период. Листинзите се обезбедени и од нив првично се утврдени некои факти кои се предмет на натамошно постапување и анализа.
Надлежниот обвинител, преземајќи дејствија во предметот, сослуша вкупно 56 лица, од кои 28 полициски службеници од граничните премини, шестмина членови на обезбедувањето на осуденото лице Никола Груевски, пет службени лица од Министерството за внатрешни работи и 17 други лица.
Обвинителството во неколку наврати побарало од надлежните служби да му бидат доставени информации и податоци за начинот и преземените мерки во обезбедувањето. Исто така, до повеќе надлежни институции, обвинителот достави барања за податоци во насока дали имале сознанија дека сега осудениот Груевски се подготвува за бегство. Од сите институции пристигнат е одговор дека немале сознанија ниту информации за такви планови на осуденото лице.
Основното јавно обвинителство утврдило дека во септември 2018 година, на ист датум од три различни банки, сега осуденото лице Никола Груевски подигнало околу 120 илјади евра од сопствени сметки, за што банките пријавиле до Управата за финансиско разузнавање и до СЈО.
„До овој момент надлежниот обвинител нема утврдено постоење на кривична одговорност на службени лица кои помогнале или учествувале во организирањето и реализацијата на бегството на сега осудениот Никола Груевски. Досега прибавените докази упатуваат на заклучок дека имало определени пропусти во постапувањето на надлежните институции, кои не претставуваат кривично-правно дејствие и не се во надлежност на Јавното обвинителство“, пишува во соопштението.
Бегството на Груевски
(Видео) Груевски виден на снимка во возило со двајца унгарски дипломати

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, рече дека не ѝ е јасно зошто Албанија не ги доставила снимките од безбедносните камери за бегството на Груевски.
„Сакам на јавноста да ѝ потенцирам дека меѓународна правна помош од Република Албанија е побарана во исто време кога е побарана и меѓународната правна помош од Република Црна Гора. Колегите од Црна Гора постапија и вие знаете дека ни ги доставија сите барани докази, а од кои причини не е постапено од страна на одговорните лица во Република Албанија не ми е познато“, изјави Русковска.
Обвинителката, на прашање од новинарите, потврди дека го има Груевски на снимките во Црна Гора, како што е беше соопштено во возило со двајца унгарски дипломати.
Бегството на Груевски
(Видео) Македонија може да извиси за снимките од безбедносните камери од Албанија за бегството на Груевски

Дали го има Груевски на безбедносните камери од премините во Албанија сè уште ќе остане енигма. Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, рече дека не било постапено по барањето за меѓународна правна помош од безбедносните служби на Албанија и дека до овој момент снимките од безбедносните камери со кои треба да се утврдат рутата и деталите за бегството на осудениот експремиер Никола Груевски од Албанија не се обезбедени.
„Во врска со снимките, две службени лица беа во Албанија, но на барањето не е одговорено целосно. Снимките досега не се обезбедени“, рече Јовески. Објаснувањето било дека станува збор за опсежни податоци и дека системот автоматски ги биршел снимките по извесно време.
Груевски избега на 9 ноември лани, а македонската јавност 2,5 месеца по бегството не знае дали некој му помогнал и дали ќе има кривична или дисциплинска одговорност. Предистражната постапка ја води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа