Контакт

Македонија

Министерството за правда почна постапка за екстрадиција на двајца обвинети во „Монструм“

Објавено пред

Монструм

Од Министерството за правда до Основниот суд Скопје 1 утрово пристигнало писмо со известување дека и официјално е започната постапката за екстрадиција на двајцата обвинети во случајот „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, кои се наоѓаат во Косово.

Во мај судењето за „Монструм“ почна од почеток, откако предметот го презеде специјалното јавно обвинителство. Обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското Eзеро што се случи на 12 април 2012 година, беа осудени на доживотни казни затвор за потоа Врховниот суд да утврди серија пропусти во водењето на постапките и да ги укине пресудите. Највисокиот суд ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост, односно да не смеат да го напуштат градот во кој живеат, а имаат и обврска двапати неделно да се јават во Основниот суд Скопје 1.

По Алил Демири и Африм Исмаиловиќ имаше распишано меѓународна потерница. Тие со години се во бегство во Косово.  Тамошните власти го одбија барањето за екстрадиција бидејќи тврдеа дека не биле доставени доволно докази што укажуваат на нивна вмешаност во случајот.

Виктор Јованов

 

Македонија

МНР проверува дали Груевски е во Будимпешта

Објавено пред

МНР ја проверува информацијата дали поранешниот премиер и пратеник Никола Груевски навистина е во Унгарија и дали побарал азил.

,,Во врска со наводната информација објавена на фејсбук-профилот на Никола Груевски дека тој е во Будимпешта и дека побарал азил во Унгарија, Министерството за надворешни работи, во координација со надлежните институции во Република Македонија, постапува согласно со своите законски надлежности во насока на верификација на информацијата. Веднаш по добивањето на релевантни информации во врска со наведеното, јавноста ќе биде соодветно и навремено информирана”, информираат од МНР.

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од унгарските власти.Во статусот стои дека во последните неколку дена тој добивал смртни закани.

„Во последните неколку дена примив безброј закани за мојот живот. Јас сум во Будимпешта и побарав политички азил од унгарските власти. Секогаш ќе ѝ останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам“, напиша Груевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Алијанса за Албанците: Владата и МВР да одговорат кои се актерите кои помогнаа во бегството на Груевски

Објавено пред

По последните информации за тоа дека поранешниот премиер Никола Груевски е во Будимпешта, Алијансата за Албанците го повика Министерството за внатрешни работи што поскоро да излезе со официјално соопштение со кое ќе ги потврди или демантира пласираните информации во јавноста.

„Владата и МВР да водат сметка и сносат одговорност за театарот што им го сервираа на своите граѓани изминативе два дена во врска со апсењето на Груевски. Јавно ја прашуваме Владата на Република Македонија и МВР, кои се актерите кои помогнаа во бегството на Груевски? На кој граничен премин избегал Груевски и која е политичката цена за да се реализира сценариото за ова бегство?“, стои во соопштението на Алијанса за Албанците.

Оттаму додаваат дека Владата треба да преземе одговорност за овој скандал што сериозно ги поткопува реформите во судството и го става под знак прашалник владеењето на правото, што со последните случувања ја поткопува еднаш засекогаш надежта на обичниот граѓанин на РМ дека еден ден ќе има правда во оваа држава, велат од Алијансата за Албанците.

Прикажи повеќе...

Македонија

Измените на Законот за здравствената заштита се во собраниска процедура, информираат од Министерството за здравство

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека измените на Законот за здравствената заштита за преземање во јавното здравство на медицинските сестри што претходно работеле во приватни здравствени установи, основани под закуп во здравствените домови, поради затворање ПЗУ и во меѓувреме останале без работа, се во собраниска процедура.

Во измените на законот e внесена oдредба во согласност со која медицинските сестри што ќе останат без работа може да бидат преземeни во јавни здравствени установи, информираат од Министерството.

Оттаму додаваат дека овие законски измени, кои сега сè уште се во собраниска процедура, пред две недели се усвоени од Владата.

„Владата ги усвои измените на Законот за здравствената заштита, со можност за преземање здравствени работници со високо образование, стоматолози и фармацевти од приватните во јавните здравствени установи, без распишување оглас. На овој начин ќе се пополнат празните работни места на здравствените работници со пократки процедури“, стои во соопштението на Министерството за здравство.

Прикажи повеќе...

Најново

Истражувања1 час

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Македонија2 часа

Кривичниот суд: СЈО ниту еднаш не побара притвор за Груевски

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот,...

Крвав четврток2 часа

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот...

Македонија3 часа

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, рече дека не знае каде се...

Македонија3 часа

Груевски на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од...

Крвав четврток4 часа

Албанец го известувал Чавков дека се спрема изгласување претседател на Собранието

Во пораките пронајдени од вештачењето на мобилниот телефон на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, пронајдена е вибер-комуникација, во која...

Македонија6 часа

(Видео) Спасовски: Одговорноста барајте ја кај судиите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека не размислува за оставка од функцијата по синоќешниот неуспешен обид на полицијата...

Свет6 часа

(Видео) Хамас лансира над 400 ракети кон Израел во најжестокиот борбен судир од 2014 година

Палестинските милитанти утрово кон Израел лансираа најмногу ракети од конфликтот во 2014 година предизвикувајќи израелски воздушни напади врз телевизијата на...

Македонија6 часа

Мијалков: Не знам каде е Груевски

Поранешниот директор на УБК и прв братучед на Никола Груевски, Сашо Мијалков, пред почетокот на денешното рочиште за случајот „Титаник...

Европа6 часа

(Видео) 15-годишно девојче се бори за живот по сообраќајната несреќа на автобус во Лондон

Дваесет лица беа повредени, од кои едно лице доби тешки повреди во сообраќајната несреќа на еден автобус во лондонската област...

Свет7 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во пожарот во Калифорнија

Пожарите што беснеат веќе неколку дена во Калифорнија беа прогласени за најсмртоносни во земајата и досега однесоа најмалку 42 човечки...

Македонија8 часа

СДСМ: Груевски го допре дното

Груевски го допре дното, но нема да побегне од одговорност, велат од СДСМ. Од партијата велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Економија9 часа

Од денеска пониски цени на горивата

Од ноќеска на полноќ цената на бензините се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти Регулаторната...

Македонија9 часа

Мицкоски се сомнева дека власта не знае каде е Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сомнева дека власта не знае каде се крие неговиот претходник Никола Груевски кого полицијата...

Македонија17 часа

Јанушев: Груевски не се крие во седиштето на партијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во врска со потерата за експремиерот Никола Груевски, рече дека ова што се случува...

Македонија22 часа

СЈО: Во случајот „Империја“ испрани се речиси 11 милиони евра

Во случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство испрани биле речиси 11 милиони евра, а буџетот на Република Македонија бил оштетен...

Топ24 часа

ЕЛЕМ повторно склучил милионски договор во четири очи

АД ЕЛЕМ склучил договор во вредност од 92.040.000 денари со приватната фирма „Марковски компани“ од Битола, во постапка на преговарање...

Македонија1 ден

Судот го замрзна имотот на „Орка холдинг“ и „Ексико“

Кривичниот суд замрзна имот на осомничените во случајот „Империја“, меѓу кои се и бизнисменот Орце Камчев и ексдиректорот на УБК,...

Македонија1 ден

ЗНМ: Јавните пари ќе продолжат да се трошат за политичка пропаганда, власта не го исполни ветеното

Здружението на новинарите на Македонија изрази загриженост затоа што во последните измени и дополнувања на Изборниот законик, што по скратена...

Свет1 ден

Трамп со твит за состојбите во Калифорнија ги разгневи пожарникарите и славните личности

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на „Твитер“ ја објасни својата теорија за вистинските виновници за катастрофалниот пожар во Калифорнија. Како што...

Досие