Македонија
„Мини и Макси“ на Државната лотарија додели уште еден BMW X1

Пред салонот М – Кар доделивме уште еден автомобил BMW X1 од инстант лозот Мини и Макси. Среќниот добитник на кој денес ги предадовме клучевите од прекрасниот автомобил е Небојша Стошиќ од Скопје.
Имено, Небојша е верен играч на Лото 7, вели дека не поминува коло без да ги уплати своите среќни броеви, но исто така секогаш купува инстант лозови каде што главната премија е автомобил.
Овојпат, купил повеќе лозови од продажното место „Саде – С“ во Скопје кој ги изгребал после неколку дена. Еден од неколкуте лоза му ја донел главната премија од Мини и Макси и атрактивниот BMW X1.
Небојша вели дека е пресреќен за добивката и иако одамна посакувал нов автомобил, тој не очекувал дека ќе биде добитник на еден од 15 автомобили кои ги нуди инстант лозот Мини и Макси.
На сите играчи на игрите на среќа на Државна лотарија им посака да бидат упорни и да веруваат во среќата затоа што ќе ги изненади кога најмалку очекуваат.
Инстант лозот мини и Макси нуди 5 автомобили MINI One и 10 автомобили BMW X1, како и многу парични добивки. Не пропуштајте ја шансата за МИНИ инвестиција и МАКСИ добивка со овој инстант лоз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
АМСМ: Оштетена e оградата на мостот на Вардар, на патот кај селата Орешани – Таор

На патниот правец Р2131 од с.Орешани – с.Таор, на мостот на река Вардар, дел од заштитната ограда на самиот мост е оштетена поради излетано тешко моторно возило. Екипите на Ј.П. Македонијапат на самото место е поставија соодветна сообраќајна сигнализација (насочници), соопшти АМСМ.
Од таму, на учесниците во сообраќајот им препорачуваат крајно внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Македонија
(Видео) Превртен автомобил кај Тетово, удрил во заштитната ограда на автопатот

Несреќа се случи пред влезот на Групчин, во близина на Тетово. Автомобил удрил во заштитната ограда на автопатот Тетово-Скопје, по што се превртел. Засега не е познато дали има повредени лица.
Вратата од страна на возачот беше отворена, а екипата на „Макфакс“ јавува дека на местото немало друго возило, ниту повредени лица. На терен веќе имаше полиција
Од МВР посочуваат дека веќе го проверуваат настанот. На терен немаше ниту Брза помош, додека околу возилото имаше повеќе лица меѓу кои и минувачи.
Македонија
По 22 години конечно некој во државата за која се боревме, се сети дека постоиме, велат од Здружението „Бранител 2001“

Здружението на воени ветерани “Бранител 2001” изразува благодарност до Градоначалникот на општина Ѓорче Петров и членовите на Советот за денешниот, како што велат, значаен чекор.
„Усвојувањето на Одлука за ослободување на членовите на семејствата на бранителите од конфликтот во 2001 година од месечна партиципација за градинка, како и од паричниот надомест кој се дава за оброк во основните училишта е чекор кои мора да го поздравиме. По 22 години конечно некој во Република Македонија, во државата за која се боревме и ја браневме да се сети дека постоиме и дека ние Бранителите сме луѓе со чест и достоинство“, велат од здружението на воени ветерани.
Апелираат да не се застанува тука и повикуваат останатите општини да го следат примерот на општина Ѓорче Петров и барем на момент да се сетат дека тие постојат и дека дале значаен придонес во градењето на ова парче земја.