Контакт

Македонија

Минчев: Реформите во јавната администрација се клучни за нашата европска иднина

Објавено пред

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, ја истакна важноста на реформите во јавната администрација на состанокот на специјалната група за реформа на јавната администрација посветен на европските интеграции и административните реформи.

Министерот Минчев упати благодарност до Европската Унија, СИГМА, РеСПА, и останатите партнери за нивната континуирана поддршка и посветеност, нагласувајќи ја клучната улога на јавната администрација како столб на модерното општество и важен фактор за подготовката на Република Македонија за членство во Европската Унија.

„Реформата на јавната администрација е еден од главните приоритети во пристапното партнерство со Европската Унија, дел од првиот кластер – Основи, во согласност со новата Методологија за пристапни преговори. Но, овие реформи не се само обврска кон ЕУ, туку и обврска кон нашите граѓани. Наша цел е да изградиме модерна, транспарентна и ефикасна јавна администрација што нуди брзи и квалитетни услуги за сите,“ – истакна Минчев.

Минчев информираше за клучните активности на Министерството за јавна администрација, кои се насочени кон реализација на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023–2030, Планот за раст и Патоказот за реформи.

Во тек е изработка на нова законска рамка која ги опфаќа законите за вработените во јавниот сектор, административните службеници, и стручното усовршување, со цел воспоставување институционални механизми за континуирана едукација и професионализација на службениците.

„Извештаите на Европската комисија и оценските мисии на СИГМА ги гледаме како компас за насочување на реформите. Тие ни покажуваат не само каде треба да бидеме подобри, туку и колку е значајна соработката со ЕУ и сите останати партнери,“ – додаде министерот, повикувајќи на заеднички напори за исполнување на приоритетите.

Минчев ја истакна потребата од зајакнување на меѓуинституционалната соработка и партнерствата со граѓанскиот сектор, како и меѓународните организации.

„Нашата посветеност на реформите е недвосмислена, но успехот е возможен само преку заеднички труд. Уверен сум дека со стратешка соработка ќе постигнеме значајни резултати кои ќе ја потврдат нашата подготвеност за полноправно членство во европското семејство,“ – заклучи тој.

Министерството за јавна администрација останува посветено на исполнувањето на своите реформски цели во партнерство со Европската Унија и меѓународните организации.

Најново

Компании3 минути

Новите BMW X5 и BMW Серија 7 Седан премиерно претставени во Македонија

Две различни интерпретации на врвот на BMW понудата, обединети во ново поглавје на дизајн, технологија и луксуз Името е познато,...

Македонија20 минути

Бугарскиот производител: Во два од четирите случаи со БСЖ-вакцината во Хрватска е наведена доза 10 пати над пропишаната

Бугарскиот производител „Бул Био“ тврди дека податоците за четирите пријавени случаи на остеомиелит по БСЖ-вакцинација во Хрватска не докажуваат проблем...

Спорт21 минута

Артета во Арсенал барем до 2030 година

Актуелниот шампион на Премиер лигата, Арсенал, го продолжи договорот со тренерот Микел Артета. Арсенал секогаш сакал да има континуитет со...

Економија35 минути

„Халкбанк“ со донација од 30.000 евра ја реновираше читалната на Економскиот факултет во Скопје

Со цел создавање уште подобри услови за учење, истражување и стекнување знаење за студентите, денес на Економскиот факултет во Скопје...

Македонија41 минута

Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“. –...

Спорт45 минути

Турција му врачи отказ на Монтела

Винченцо Монтела повеќе не е селектор на Турција, му пресудија лошите резултати на Светското првенство и Лигата на нации. На...

Спорт52 минути

Згасна КК Монако

АС Монако Баскет објави дека повеќе не е во можност да ги исполнува своите финансиски обврски и затоа ќе ги...

Македонија1 час

(Видео) Јанчев: Со европско знаменце се турка закон што ја загрозува заштитата на животната средина

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, на денешната собраниска седница посочи на три клучни проблеми во Предлог-законот за изменување и дополнување...

Култура1 час

Самостојна изложба на младата уметница Арбана Дехари од Тетово во Македонскиот КИЦ во Софија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, на 8 октомври (четврток), со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи отворањето на...