Контакт

Македонија

(Видео) Мисовски: Не сакам ни да помислам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го спречи ЕУ-интегративниот процес

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ да ги надмине внатрешните несогласувања и да не го спречува ЕУ-интегративниот процес, порача потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски. Тој ги повика пратениците од опозицијата да гласаат за уставните измени.

„Не сакам да поверувам дека пратениците и раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе го спречат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Ако се случи да не помине гласањето, нема друга опција, преостануваат, единствено, избори“, рече Мисовски.

Тој не сакаше да коментира за можните притисоци врз пратениците. Според него, тоа е работа на МВР и извршната власт.

„Исправени сме пред одлука што ја дефинира иднината на државата. Имаме обврска да го следиме гласот на оргомното мнозинство. Владинот предлог е достапен, се потврди дека не се губи ништо, туку се зајакнува македонскиот идентитет. Одлуката да се гласа за уставните измени ги зацрстува територијалниот интегритет, државноста и грижата за малцинствата. За многу прашања жестоко сме се расправале, но за ЕУ и НАТО секогаш сме биле согласни“, додаде Мисовски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ЕВН: Од 15 април броилата се отчитуваат и корисниците добиваат порамнети и коригирани сметки

Објавено пред

Од ЕВН информираат дека од 15 април броилата се отчитуваат и корисниците добиваат порамнети и коригирани сметки за струја. Оттаму велат дека и досега ги следеле препораките на РКЕ и за неотчитување и за отчитување на броилата и корекција на сметките.

„ЕВН Македонија ги почитуваше препораките на Регулаторната комисија за енергетика и Здравствените власти за да се спречи ширењето на коронавирусот според кои во периодот од 15 март до 15 април годинава отчитувањата не се реализираа. Околу 200.000 броила се наоѓаат во домовите на корисниците и во време на пандемија отчитувањето не е препорачливо. Затоа за сите корисници беа изготвени проценети фактури. Исклучок од ова беа корисниците чии броила се со двонасочна врска т.е. нивната потрошувачка постојано се мониторира.

Од 15 април веќе почнаа да се отчитуваат броилата и во месец мај корисниците добија порамнети сметки. Оние кои претходно имале помала претпоставена потрошувачка добија повисоки сметки, а оние кои имаа поголема претпоставена потрошувачка помали сметки. Сите корисници кои доставија состојби за корекција добија корегирани сметки. Ова значи дека на корисниците во сметките им е регистрирана реалната потрошувачка. Се разбира секој кој ќе забележи разлика во состојбите на броилото и на сметките во секој момент може да побара корекција на сметка. Во никој случај корисниците нема да бидат оштетени или, пак, да ја авансираат ЕВН. Никогаш на корисниците нема да им биде наплатено повеќе од она што реално го имаат потрошено“, се наведува во соопштенито од ЕВН.

Прикажи повеќе...

Македонија

Двајца починати и 120 нови случаи на коронавирус во Македонија

Објавено пред

Две лица починаа од коронавирус во последните 24 часа во Македонија, а регистрирани се 120 нови случаи што е една од најголемите бројки на нови случаи од почетокот на епидемијата.

Министерството за здравство соопшти дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починала 65-годишна пациентка, примена на 28 мај, а во ГОБ „8 септември“ починал пациент на возраст од 69години, хоспитализиран на 1 јуни.

Во последните 24 часа се направени 953 тестирања.

Најголем број нови случаи има во Скопје – 67. Во Куманово – 19,  Штип – 16, во Тетово потврдени се девет случаи, во Прилеп – четири, во Велес два случаи, и по еден случај во  Гостивар, Неготино и Струмица.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.611, бројката на оздравени пациенти е 1.621, на починати е 147, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 843.

Досега во земјата се направени вкупно 33.114 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие два теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид.

Прикажи повеќе...

Македонија

Хелсиншки и Гласен текстилец бараат фабриките да не работат за време на полицискиот час

Објавено пред

Хелсиншкиот комитет за човекови права и Гласен Текстилец остро реагираат на најавите дека повеќе текстилни фабрики во Штип ќе работат за време на полицискиот час во викендот што следи. Согласно добиените информации од терен, велат од Хелсиншкиот комитет, фабриките веќе извадиле или се во процес на вадење дозволи за работа, а работодавачите им најавиле на своите вработени дека ќе работат за време на полицискиот час.

„Работењето за време на полицискиот час, во денови кога најмногу прогресира бројот на заболени во земјава од почетокот на пандемијата, е крајно неодговорна одлука која директно ги загрозува здравјето и животот на текстилните работнички. Оваа одлука доаѓа во време кога е потребна најголема општествена одговорност и солидарност од работодавачите, институциите и работниците. Недозволиво е во град, кој ќе биде под 80-часовен карантин како резултат на зголемувањето на бројот на заразени со вирусот, од кои најголем број доаѓаат од текстилната индустрија, да се дозволи работа на текстилните фабрики. Особено е загрижувачки што најголемите прекршувања на превентивните мерки за заштита и спречување на ширењето на вирусот во Штип се случуваа при превоз на текстилните работнички за време на полициски час, во несоодветни автобуси, со непочитување на одредбата за смалување на капацитетот за превоз на 50% од Уредбата за јавен превоз на патници и неможноста да се одржува препорачаната дистанца“, се наведува во соопштението.

За да се заштити здравјето и животот на текстилните работнички, а во насока на превенција и справување со ширењето за вирусот, Хелсиншкиот комитет и Гласен текстилец бараат од Владата да воведе целосна забрана за работа на текстилните фабрики во Штип за време на полицискиот час.

„Очекуваме Државниот инспекторат за труд и Државниот санитарен и здравствен инспекторат и понатаму будно да ја следат состојбата на терен и да ги санкционираат сите работодавачи кои нема да се придржуваат до мерките“, пишува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Двајца починати и 120 нови случаи на коронавирус во Македонија

Две лица починаа од коронавирус во последните 24 часа во Македонија, а регистрирани се 120 нови случаи што е една...

Македонија1 час

Поради полицискиот час се поместуваат термините за аплицирање за лични документи

Граѓаните кои имаат закажано термини за аплицирање за лични документи во деновите кога во дел од општините на сила ќе...

Македонија3 часа

Најголем дел од заболените во Скопје се од Чаир

Најголем број од активните случаи на коронавирус во Скопје се од Чаир, по што следат Сарај, Аеродром, Бутел и Гази...

Регион3 часа

(Видео) Нереди на протест во Атина за смртта на Џорџ Флојд – употребени молотови коктели и солзавец

Грчката полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале молотови коктели за време на протестот што се одржа...

Свет4 часа

СЗО продолжува со тестирање на лекот против маларија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација ќе продолжи со тестирање на хидроксихлорокинот како потенцијален лек против коронавирусот, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом...

Свет4 часа

(Видео) Чувар прободел 37 деца и тројца возрасни во градинка во Кина

Најмалку 40 лица се повредени во напад со нож на југот на Кина, јавуваат кинеските државни медиуми. АП наведува дека...

Свет5 часа

Џорџ Флојд имал коронавирус

Обдукцијата покажала дека убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на коронавирус, објави Си-ен-ен. Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјавил дека...

Македонија6 часа

Мицкоски призна дека бил во кафеaна, не знаел дека е забрането да се седи внатре

Откако Државниот пазарен инспекторат вчера објави дека инспекторите биле спречени да извршат надзор во кафеана во Дебар маало, а после...

Македонија16 часа

(Видео) Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Македонија16 часа

Филипче: Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да...

Македонија17 часа

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд...

Топ21 час

Приведени седум полицајци во Куклица, правеле забава без да ги почитуваат мерките

Седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава, без да ги почитуваат мерките против...

Македонија22 часа

И со негативен тест задолжителен е 14-дневен карантин по влез во земјата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при влез на наши граѓани во земјата, како и на странци, но само со...

Економија23 часа

Граѓаните на интернет ќе треба да проверат дали се меѓу корисниците на домашната платежна картичка

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја...

Македонија1 ден

Османи во Штип: Во компаниите ќе има ковид-координатори кои ќе го следат спроведувањето на мерките

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на главен координатор на кризните штабови за одбрана од Ковид-19, оствари...

Македонија1 ден

Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за...

Свет1 ден

Тајна снимка на СЗО откри како Кина го прикрила коронавирусот

Снимки од интерни состаноци во Светската здравствена организација покажале дека СЗО едвај ги добила најпотребните информации од Кина на почетокот...

Европа1 ден

Главниот шведски епидемиолог призна дека од денешен аспект би имал друг пристап кон пандемијата

Главниот шведски епидемиолог, кој стои зад стратегијата земјата да не применува строги мерки поради пандемијата на коронавирусот, призна дека требало...

Свет1 ден

(Видео) Бајден: Полицијата треба да пука во нозе

Полицајците кои пукаат во луѓето кои претставуваат закана треба да им пукаат во нозете, а не во срцето, соопшти поранешниот...

Свет1 ден

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон...

Досие