Контакт

Македонија

Митева: Владата наместо да ги прифати барањата на СОНК, се служи со недемократски принципи на заплашување и закана

Објавено пред

По денешната прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, ги коментираше состојбите во образованието со оглед на фактот дека СОНК го продолжува штрајкот, а владата нема решение за нивните барања.

dobivaj vesti na viber

„Ова е уште еден доказ дека Македонија е заробена држава. На дело се гледаат жестоки притисоци кои оваа Влада ги прави врз образовниот кадар. И наместо да ги прифати барањата на СОНК кои во целост се оправдани, се служи со недемократски принципи на заплашување и закана дека нема да им исплати плата на образовниот кадар. Иако СДСМ е партија која е добро позната по ваквиот принцип на работа, сепак морам да истакнам дека сум згрозена од методите коишто ги употребува власта врз просветните работници“, истакна Митева.

Митева додаде дека СДСМ само придонесе да има енормно поскапување на сите трошоци за живот. Но, СДСМ не придонесува за зголемувањето на платите на образовниот кадар, кое всушност ќе значи само дека го добиваат она што основно им е потребно.

„Кога треба да обезбедат пари за граѓаните тогаш СДСМ се повикуваат на светски економски кризи, а кога треба да ги задоволат личните или партиските бизнис интереси тогаш пари во буџетот има“, нагласи Митева.

Македонија

Викендов трето прскање против комарци на територија на градот Скопје

Објавено пред

Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниов викенд, односно на 21.05.2022 (сабота) и на 22.05.2022 (недела), во раните утрински часови ќе се врши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.

dobivaj vesti na viber

Ова е трето прскање, второто се изврши во периодот од 17.05 до 20.05.2022 година , а првото на 29.04.2022 година, со што навреме почна овој процес.

Доколку временските услови се неповолни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Град Скопје ги известува пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Општина Аеродром доделува еднократна парична помош за првачињата

Објавено пред

Општина Аеродром и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 3.500 денари, за што се издвоени 3.100.000 денари од буџетот.

dobivaj vesti na viber

Родителите на првачињата запишани во едно од училиштата на територијата на општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош до архивата на Општина Аеродром од денеска до 30.9.2022 година. Образецот може да се подигне на линкот: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.

Во прилог на барањето е потребно да се достават следниве документи:

1. Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2022/2023 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром;

2. Фотокопија од извод од матичната книга на родените (за првачето);

3. Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на еден од родителите, од која се видни податоците за живеалиштето во општина Аеродром;

4. Фотокопија од активна трансакциска сметка на истиот родител (даночен обврзник) од кој е приложена копија од личната карта или патната исправа.

Прикажи повеќе...

Македонија

147 санкции за брзо возење

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 147 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 31 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 116 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Во живо) Заедничка литургија на македонската и на српската црква во храмот Свети Сава

Литургијата на помирување што ја служат српскиот патријарх Порфириј и архепископот Охридски и Македонски, Стефан со архиепископите на двете цркви...

Македонија2 часа

Град Скопје со поддршка на 116 проекти oд 13,5 милиони денари за спортот и образованието

Градот Скопје донесе одлука за поддршка на програми, проекти, активности и манифестации во областа на спортот од интерес за Град...

Македонија2 часа

СДСМ: Обезбедивме историски најголемо покачување на платите во образованието

Во време на светска економска и енергетска криза постигнавме договор за зголемување на платите во образованието во висина од 15...

Македонија2 часа

ЕУ ги повика Бугарија и Македонија да најдат решение

Европските претставници од сите групи на ЕУ ги повикаа Бугарија и Северна Македонија да најдат решение за билатералните разлики, објави...

Свет3 часа

ОН: Светот би можел да се соочи со глад што ќе трае со години

Руската инвазија на Украина може да предизвика глобален недостиг на храна во наредните месеци, предупредија Обединетите нации. Генералниот секретар Антонио...

Свет3 часа

(Видео) Буш: Инвазијата на Ирак беше неоправдана… грешка, мислев на инвазијата на Украина

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш ја нарече инвазијата на Ирак брутална и неоправдана, а потоа се поправи велејќи дека всушност...

Македонија5 часа

МПЦ и СПЦ на заедничка литургија во Белград

Поглаварот на Српската православна црква Порфириј доцна синоќа го пречека македонскиот – господин господин Стефан и тројца највозрасни митрополити. Тие...

Свет14 часа

Позната листата со барања на Турција, ниедно не е поврзано со Русија

Заканата на Турција да го блокира пристапот на Финска и Шведска во НАТО нема никаква врска со Русија, пренесува „Раша...

Регион15 часа

Генчовска: Нашиот став нема да се промени, не сме на фудбалски натпревар

Ставот на Бугарија за почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ е јасен и не може да се менува на...

Свет17 часа

Русите објавија дека имаат ново моќно ласерско оружје и дека тоа е веќе во Украина

Русија денеска откри дека користи нова генерација моќно ласерско оружје за палење дронови во Украина. Исто така, објави дека распоредува...

Македонија17 часа

Ковачевски – Макрон: Нема време за губење

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, имаше телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, кому му ја честита победата на претседателските...

Македонија18 часа

Владата го овласти амбасадорот Талески да изрази согласност за приемот на Шведска и Финска во НАТО

Владата донесе одлука да го овласти постојаниот претставник на нашата земја во НАТО, амбасадорот Дане Талески, да даде согласност за...

Регион21 час

„Блиц“: Објавена фотографија од маицата пронајдена на телото во Дунав, иста таква имал и Матеј Периш

Тело на засега непознат млад маж е пронајдено утрово во Дунав кај Ада Хуја во Белград, јави српската агенција „Танјуг“,...

Економија22 часа

Бензините поскапуваат за два и пол денари, цената на дизелот останува иста

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните...

Македонија23 часа

ЕУ е во заложништво, Македонија има шанса која нема да постои во наредните години, Османи со критики до Бугарија

„Во заложништво е најуспешната политика на Европската Унија, а тоа е политиката на проширување“. Ова е ставот на министерот за...

Економија1 ден

Ковачевски-Брнабиќ: Силната регионалната соработка е основа за забрзан економски развој

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ. Премиерот...

Европа1 ден

Русија: Во „Азовстал“ се предадоа околу 1.000 украински борци, меѓу нив и припадници на „Азов“

Речиси 1.000 украински борци скриени во фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол се предале, соопшти руското Министерство за одбрана. Руското...

Европа1 ден

Експерти: Северна Кореја без вакцина против коронавирус е на работ на катастрофа

Бројот на луѓе кои страдаат од Ковид-19 во Северна Кореја се искачи на речиси 1,5 милиони, а експертите велат дека...

Економија1 ден

Путин: Отфрлањето на руската нафта – економско самоубиство за ЕУ

Со отфрлањето на руските енергетски извори, Европската Унија претставува економско самоуништување за ЕУ, изјави денеска претседателот на Руската Федерација, Владимир...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Пациентите болни од одредени видови рак оставени без терапија, власта не набавила медикаменти

Пациентите болни од одредени видови рак оставени без терапија, власта не набавила медикаменти. 90 пациенти со колоректален, оваријален и цервикален...