Македонија
Митева: Нема да има зголемување на платите на функционерите

„Имајќи ја предвид тенденцијата на пораст на просечната плата за 2024 година во однос на просечната плата за 2023 година, Владата донесе одлука за изменување и дополнување на законите во кои се утврдени коефициентите за пресметка на платите на избраните и именувани лица, судите, членовите на судски совет, јавните обвинители и на членовите на совет на јавни обвинители и за таа цел ги задолжи Министерство за економија и труд и Министерство за правда, секој во своја надлежност да достават изменување и дополнување на законите, на тој начин што ќе се изврши намалување на утврдените коефициенти за пресметка на платите, се со цел да не се направи дополнителна штета“, рече денеска портпаролката на Владата, Марија Митева.
„Актуелните законски решенија предвидуваат пораст на платите на избрани и именувани лица, но Владата со цел да го заштити јавниот интерес и да нема дополнителни фискални импликации врз Буџетот донесе одлука со која ќе се направи измена и дополнување на законите каде нема да се загрози и влоши состојбата на избраните и именувани лица. Односно ветивме дека едно е сигурно и тоа го исполнуваме зголемување на платите на избраните и именуваните лица нема да има. Со ова замрзнување го намалуваме тој процент од година во година, се со цел да дојдеме до процент еднаков на нула“ дополни Митева.
Таа рече дека „обезбедени се околу 1 милијарда денари во билансот на буџетот за исплата на К-15 што е законска обврска за сите работодавачи и како Влада ќе ја исполнат оваа обврска во текот на месец декември“.
„Владата донесе одлука со која препорачува на сите органи на државната управа, со цел да не се предизвикаат дополнителни фискални импликации врз Буџетот да не се врши исплата на 13та плата за 2024 година како би успеале да обезбедиме фискална стабилност без преголеми оптоварувања врз средствата на граѓаните“ порача Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Уште еден земјотрес вечерва во Струмица

Втор земотрес вечерва ја погоди Струмица, во 20 часот и 41 минута.
Потресот е со јачина од 2 степени според Рихтеровата скала.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината.
Пред само неколку часа, во Струмица беше почувствуван земојотрес од 2,8 степени.
Македонија
19-годишниот Јован Костадинов спасил 21 дете во пожарот – „Го зеде мојот син и го носеше на својот грб“, сведочи мајка

Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов од Виница е еден од повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“, а денес сите зборуваат за неговиот херојски подвиг, откако беше објавено на социјалните мрежи дека успеал да спаси 21 дете.
„Со голема благодарност и емотивна почит, би сакала да го споделам херојскиот чин на Јован Костадинов од Виница, кој не само што ги спаси животите на 21 деца во трагичната несреќа во ноќниот клуб во Кочани, туку го спаси и мојот син. Во најтемните моменти на паника и хаос, кога сите беа збунети и во страв, Јован се појави како светлина на надеж. Без да размислува, го зеде мојот син кој беше под рушевините на дискотеката и го носеше на својот грб низ огнот и чадот, се до болницата во Кочани, со цел да го спаси, додека сите наоколу бегаа и се бореа за својот живот“, напиша една мајка на социјалните мрежи.
Таа го опишува Јован како вистински херој – младо момче со големо срце и неописива храброст, кој го ризикувал својат живот за да спаси туѓи животи.
„Јован на тебе ти го должам новото утре, новата насмевка, новата надеж и новиот живот на мојот син. За тебе нема зборови кои можат да го искажат моето благодарност и почит. Благодарност од дното на срцето. Ти ми го даде најголемиот подарок што може да го добие една мајка, го спаси животот на моето дете. Ти ќе останеш засекогаш во моите молитви и во нашите срца“, додава мајката.
И други лица кои го познаваат, јавно го фалат херојството на ова младо момче.
„Ах ти храбро детиште, ах ти хероју наш, многумина можат да ти позавидат и тоа сосема оправдано. За твојата храброст, хуманост, емпатија, не постои ниту едно мерило, ГОЛЕМ човеку. Горда, прегорда сум на тебе душичко наша. Заслужуваш орден Јован. Дојде од Виница само за да ги спасиш твоите другари и секој еден присутен, само по допрен глас. Го ризикуваше сопствениот живот, за да спасиш туѓи. Поклон до земја… Учител на сите нас. Јован злато од дете!“, се вели во друга објава.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ животот го загубија 59 лица, а 190 се повредени и хоспитализирани во домашните здравствени установи и во повеќе странски држави.
Македонија
ДУИ: Трагедијата бара јасна институционална одговорност, а не манипулации за политички поени

Трагедијата што се случи бара јасна институционална одговорност, а не манипулации за политички поени, велат од Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Според нив, власта со сите сили се обидува да ги заштити своите и да го пренасочи вниманието на јавноста кон други, наместо да обезбеди транспарентност и одговорност.
„Овој селективен и неправеден пристап не само што ја поткопува довербата на граѓаните во институциите, туку и го загрозува самиот процес на правда. Ние нема да влеземе во замката на политика на обвинувања и поделби. За нас, правдата не може да се дели на „наши“ и „нивни“ – таа мора да биде еднаква за сите“, велат од ДУИ.
Партијата ги повика институциите да останат надвор од секое влијание и да обезбедат транспарентен, праведен и непристрасен процес.