Контакт

Македонија

Митовска: СДСМ им го ускрати правото на поголеми пензии на повеќе од 310.000 лица

Објавено пред

„Власта на чело со СДСМ повторно го покажа своето лицемерие кон пезионерите. На денешната седница на Комисијата за труд и социјална политика пратениците на СДСМ гласаа против предлог-законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и колицијата”, изјави Слаѓана Митовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

„Со нашиот предлог-закон се предвидува враќање на старата методологија за усогласување на пензиите, со цел пензионерите да добијат вистинско покачување на пензиите. Со одбивањето на ова законско решение СДСМ уште еднаш го покажа своето вистинско лице. СДСМ ветуваше зголемување на пензиите, но наместо тоа пензионерите добија единствено усогласување на пензиите, но не и реално зголемување. Денеска СДСМ им го скрати правото на поголеми пензии на повеќе од 310.000 корисници на пензија. Денеска пратениците на СДСМ уште еднаш ги ставија партиските интереси пред интересите на пензионерите”, додаде таа.

Според неа, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата како досега така и во иднина ќе продолжат да работат во интерес на пензинерите.Пензинерите имаат право на поголема пензија. ,,ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати достоинството на пензионерите во истиот момент кога оваа ненародна власт на СДСМ и Заев ќе замине, а со нив ќе заминат и сите штетни политики и закони кои ги донесоа. Ова законско решение ќе биде вратено на сила и пензионерите ќе добијат повисоки пензии”, истакна Митовска.

Македонија

Сончево време, од петок локален дожд

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб, долж Повардарието ќе дува умерен ветер од северен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде помеѓу 9 и 18, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб, повремено умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 15 до 28 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно време со пораст на температурите. Во петок и сабота во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Земјотрес во Струмица, Валандово и околината

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала вечерва во 21 и 17 минути бил почувствуван во Струмица, Валандово и околината, соопшти Сеизмолошка опсерваторија
при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот бил на 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица.

Прикажи повеќе...

Македонија

Милевски: Рамномерниот развој на државата е приоритет

Објавено пред

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, и градоначалникот на Гази Баба и претседател на Скопскиот Плански Регион, Борис Георгиевски, денеска го посетија населеното место Булачани, каде што со средства од Програмата за рурален развој почна изградбата на локална патна мрежа.

Милевски истакна дека рамномерниот развој е приоритет на Владата и на Министерството за локална самоуправа и во наредниот период Министерството со зголемена динамика ќе работи на подготовка на нов стратешки документ.

„За жал, и по десет години од спроведувањето на политиката за рамномерен регионален развој сè уште развојните разлики се големи, не само меѓу планските региони, туку и внатре во планскиот регион, меѓу општините и меѓу населените места. Министерството за локална самоуправа со зголемена динамика пристапува кон подготовка на нова Стратегија за регионален развој. Планските региони треба да бидат конкурентни за проекти и за нови инвестиции. Во исто време Владата работи на намалување на развојните разликите, посебно на разликите во пристапот до јавните услуги“, рече Милевски.

Министерот за локална самоуправа нагласи дека средствата во буџетот наменети за рамномерен регионален развој се дуплирани и од 3,5 во 2017 година, се зголемени на 7 милиони евра или 420 милиони денари во 2019 година.Оваа година во Скопскиот Плански Регион се реализираат 13 нови проекти во вкупна вредност од 35,5 милиони денари, средства од буџетот на Министерството за локална самоуправа. 20,5 милиони денари се за проекти за развој на регионот, а 15 милиони денари за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби.

„Како министер за локална самоуправа посебно внимание ќе посветам на рамномерниот развој, особено на малите, рурални општини, и на зголемување на конкурентноста на поголемите општини и на планските региони. Секоја општина има свои специфики и тие треба да се стават во функција на развојот“, рече Милевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Земјотрес во Струмица, Валандово и околината

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала вечерва во 21 и 17 минути бил почувствуван во Струмица, Валандово...

Регион11 час

Хакери украле податоци на милиони Бугари

Хакери украле лични и финансиски податоци на милиони бугарски граѓани. Тие насилно влегле во системот на државната даночна управа, соопшти...

Европа11 час

Урсула фон дер Лејен е нова претседателка на Европската комисија

Европскиот парламент официјално ја избра германската демохристијанка Урсула фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија, на местото на...

Свет12 часа

Трамп: Во мене нема ни трошка расизам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, жестоко се бранеше дека не е расист по вербалниот напад на четири конгресменки. Но, неговите...

Македонија14 часа

Владата одобри 9 милиони денари за замена на системот за греење во студентскиот дом „Кузман“

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари...

Европа16 часа

Западна Грција ја погодија поплави

Властите во неделата евакуираа десетици граѓани од поплавените домови во западна Грција, само неколку дена по загинувањето седум лица во...

Македонија16 часа

(Видео) Стефанова: Јас не стравувам од новата истрага, а за Јанева не знам

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, вели дека сите одлуки и списи што излегувале од специјалното...

Македонија16 часа

СЈО се огради од Јанева, од таму бараат да се сочува интегритетот на институцијата

Ленче Ристоска од СЈО, во име на сите обвинители, но и на целиот истражителски тим на СЈО, истакна дека примерен...

Спорт16 часа

Надал во финалето навивал за Ѓоковиќ

Рафаел Надал навивал за Новак Ѓоковиќ против Роџер Федерер во финалето на Вимблдон, им открил на шпанските медиуми Тони Надал....

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за вчерашното апсење вели дека е голем октопод, дека има злоупотреби на медиум и дека...

Македонија17 часа

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички предмети меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот...

Македонија20 часа

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет20 часа

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет21 час

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион21 час

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет22 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија23 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа23 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија1 ден

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија1 ден

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Досие