Контакт

Македонија

Мицевски: Несериозно е што СДСМ пред избори брза да го изгласа законот за отпис на камати

Објавено пред

Несериозно е што СДСМ пред избори брза во Собранието да го изгласа предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање долгови и трошоци на јавните препријатија, оценува Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

Според опозицијата, СДСМ планира да им ги прости долговите на своите градоначалници и локални директори на јавните претпријатија во републиката, а на штета на граганите.

„Само за потсетување, пред извесен период, токму со Законот за финансиската поддршка на единиците на локалната самоуправа и единките корисници основани од ЕЛС за финансирање достасани, а неплатени обврски на 15.11.2018 година, на 81 општина и Град Скопје, кои до тој момент пријавиле ненамирени долгови, им беа доделени околу 49 милиони евра, најчесто долгови кон доверители што доаѓаа од приватниот сектор.

И покрај ваквата финансиска помош на општините во 2018 година од страна на централната власт, вкупниот износ на обврски од страна на сите општини, наместо да се намалува, тој продолжува да расте, па така, во четвртиот квартал од 2019 година овие обврски на општините пораснале за дополнителни 25 отсто, односно речиси 12,5 милиони евра. Интересен и поразителен е фактот што и покрај помошта од државата, сепак долговите кај 35 општини пораснале, со што кај 16 општини на крајот на 2019 година долговите пораснале фрапантни од 200 до 470 проценети, односно обврските на овие 16 општини пораснале до приближно 6 пати“, рече Мицевски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ја дозволи оваа кражба на народни пари.

Македонија

(Видео) Националните телевизии се жалат од пиратеријата на кабелските оператори

Објавено пред

Дестеци пријави против кабелските оператори се проследени до Обвинителството но тоа не постапува по нив, а телевизиите со години се тероризирани од пиратеријата што ја спроведуваат во медиумскиот простор, беше кажано на денешната прес конференција организирана од Македонската медиумска асоцијација ви која членуваат директорите на телевизиите Канал 5, Аласат, Алфа, Сител и Телма.

Според нив недозволиво е тие да плаќаат за авторските права за одредени програми а кабелските оператори да ги реемитуваат пиратски истите тие програми.

„Дали во Германија им се случува „РТЛ“ да пиратира програми. Телевизија Телма ги имаше откупено правата за утакмици на светското првенство, ама една од утакмиците истовремено се емитуваше преку кабелските опаратори на Каналот „РТЛ“. Ние сме со години тероризирани од кабелските оператори, имаме и десетици пријави за кои не постапува Обвинителство. Ваквото однесување на операторите е недозволиво. Што правиме со повеќе од 30 канали кои пиратски емитуваат по 100 филмови на ден, а ние за истите плаќаме авторски права“, рече Атанас Кировски од Телма.

Спрегата меѓу кабелските оператори и телевизиите ескалираше од избрзаното усвојување на измените во Законот за медиумски услуги со кој на операторите им се наметнува одредба која е неприменлива, затоа што ги става во состојба да гарантираат за авторските права на програми што не ги произведуваат, а за тоа да сносат кривична одговорност.
За решение на овој проблем се заинтересирале и некои влади од влијателни членки на ЕУ кои преку своите амбасади веќе реагирале до нашите власти дека треба да се најде решение до кое ќе се дојде преку консензус меѓу сите засегнати страни и кое истовремено ќе биде во согласност со европската регулатива и практика.

Операторите пак упатија закана дека ќе ги исклучат каналите откако со измените на Законот за аудиовизуелни услуги се обврзани да гарантираат за авторските права на програмите што ги реемитуваат и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност.

Измените беа донесени консензуално, откако националните телевизии подолг период укажуваа дека земјава е мека за пиратерија.

Проблемот, според телевизите, е во тоа што досега нашата држава не направи систем на селекција кои канали може да се реемитуваат.

Прикажи повеќе...

Македонија

Владини делегации положија цвеќе во помен на Борис Трајковски

Објавено пред

Повеќе делегации на Владата денеска положија венци со свежо цвеќе на гробот и на спомен-обележјата во чест на поранешниот претседател Борис Трајковски, во рамките на одбележувањето на 16-годишнината од неговата смрт.

Делегација на Владата предводена од министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, заедно со министерот за образование и наука, Арбер Адеми, и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, положија венец со свежо цвеќе на гробот на претседателот Трајковски на Градските гробишта Бутел во Скопје.

На споменикот на поранешниот претседател Борис Трајковски во Струмица свежо цвеќе положи владина делегација во состав Горан Сугарески, министер за транспорт и врски, Елизабета Наумовска, заменик-министерка за образование и наука, и Кирил Парталов, државен секретар во Министерството за локална самоуправа.

Денеска се навршуваат 16 години од смртта на Борис Трајковски и на членови на неговиот кабинет и на екипажот на авионот кој се урна во близина на Мостар во Босна и Херцеговина.

Сеќавањето на претседателот Трајковски останува силно како прв човек на државата во многу сложени времиња за нашата земја и за граѓаните и како личност кој имаше непоколеблива визија за нашата земја како членка на НАТО и ЕУ, како општество на сите граѓани и фактор на мирот и стабилноста во регионот.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Миланов: Нема докази за организацијата на крвавиот четврток

Објавено пред

Адвокатите на обвинетите за организација на крвавите настани од 27 април 2017 велат дека обвинението против Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски не е поткрепено со никакви докази и дека личи на „осуда на патриотите од 1948 година кога биле осудувани патриотите кои се бореле за независна Македонија“.

„Начинот на кој се води ова судење и начинот на постапување на обвинителството е во најдобрите традиции од 1948 година, кога врз основа на измислени сведоци, беа осудувани голем број патриоти кои се бореа за независна Македонија“, рече Јордан Апостолски, адвокат на поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Адвокатот Еленко Миланов, пак, вели дека обвинението не се темели на никакви докази.

„Во конкретниот случај и од воведниот говор на самото обвинителство, не можевме да видиме посочување на ниту еден доказ. Не постои порака или организирање од Спиро и Миле на кого било. Не постои организиран превоз за тој ден, ниту доказ за такво нешто, а не може постапувањето по деловникот на Трајко Вељаноски да биде карактеризирано како тероризам“, рече Миланов.

Обвинетата „четворка“ денеска на јавната расправа пред судот кажа дека не чувствуваат вина за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Наредното судење е закажано за 9 март, кога обвинетите ќе го дадат својот воведен говор.
За сведоци ќе бидат повикани техничкиот премиер Оливер Спасовски, но и Михалил Младеновски, кој беше обвинет за првиот дел од предметот, а потоа и амнестиран.

Тој за време на неговиот распит при судењето го посочи Владимир Атанасовски како еден од нарачателите.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија1 час

Бебе имало дивиденда над 1 милион денари во 2018 година, а скопјанка пријавила приход од 17 милиони евра

Скопјанка со годишен бруто-приход од 17, 1 милион евра е најбогатата Македонка. Таа во 2018 година пријавила во УЈП годишен...

Свет2 часа

(Видео) Бебе кое има само 17 дена излечено од коронавирус

17-дневно бебе од Вухан, на кое му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус КОВИД-19 веднаш по неговото раѓање, заздравило без лекување...

Македонија2 часа

(Видео) Обвинетите за организација на крвавиот четврток во судот рекоа дека ќе докажат оти не се виновни

Заврши главната расправа за организација на насилствата на 27 април. За случајот обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните...

Регион2 часа

Во Грција потврден прв случај на коронавирус

Прв случај на новиот коронавирус е потврден денеска во Солун, во соседна Грција, соопшти грчкото Министерство за здравство. Станува збор...

Регион4 часа

Близнаци заразени со коронавирус во Хрватска

Двајцата заразени од коронавирус во Хрватска се близнаци. Како што пишуваат хрватските медиуми, затворена е фирмата каде што работел едниот...

Европа4 часа

Во Италија заразени пет деца, во Австрија почина италијанска туристка

Петмина малолетници се заразени со коронавирус во Италија. Четворица од нив се во Ломбардија, а еден случај е забележан во...

Забава4 часа

НАСА објави видео за Месечината снимена од астрoнаутите на Аполо 13

Дали некогаш сте посакале да ја видите Месечината снимена одблизу од астронаутите од Аполо 13 на нивната мисија во вселената?...

Економија5 часа

Најбогатите во светот за само еден ден изгубија 120 милијарди евра

Најбогатите 500 луѓе во светот во понеделникот изгубија 139 милијарди долари, или над 120 милијарди евра на берзите, што ги...

Македонија6 часа

Од денеска до 11 март граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список

Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата...

Македонија6 часа

Патничката од Милано нема коронавирус, покажаа анализите

Резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни, соопшти Министерството за здравство,...

Спорт16 часа

За три месеци ќе се знае дали ќе има Олимпијада во Токио

Членот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Дик Паунд предупредува дека наскоро ќе мора да се донесе одлука за откажување на...

Македонија18 часа

Продолжен притворот за Емил Јакимовски, пресуда на 6 март

Нови 30 дена притвор му биле определени на Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар и член на ВМРО-ДПМНЕ, обвинет...

Македонија19 часа

Мицкоски побара да се поведе истрага за Заев: „Слушнавме како ја егзекутира правдата“

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го...

Македонија22 часа

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија23 часа

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија1 ден

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион1 ден

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија1 ден

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Актуелно1 ден

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија1 ден

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Досие