Македонија
Мицкоски до пратениците на СДСМ – одбијте го предлогот и послушајте го народот

„Информацијата за содржината на предлог преговарачката рамка, која е контроверзна и недостоинствена за Република Македонија, овие денови влегува во собраниска процедура. Сакам на почетокот јасно да истакнам дека независно што ќе се расправа во Собранието за нејзиното прифаќање, пресудно беше влијанието на Владата на СДСМ и ДУИ, која игнорирајќи ја волјата на огромното мнозинство граѓани, на сила сака да протурка процедура, која е во целосна спротивност со државните и национални интереси“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето видеообраќање до пратениците на СДСМ.
Тој додаде дека се работи за информација што Собранието ја носи со просто мнозинство, односно со 41 пратеник од присутни 61. Суштински, усвојувањето, односно неусвојувањето на оваа информација, нема да смени ништо посебно бидејќи Владата на Ковачевски веќе ја прифати.
Мицкоски ги повика пратениците на СДСМ да не подлегнуваат на притисоците на власта и да постапат исклучиво според сопствената совест.
„Пратеници од СДСМ, вие отфрлете ја информацијата на Владата, а јас ви ветувам дека нема да барам избори и ќе поддржам опстојување на оваа Влада, па макар било тоа и малцинска, само Македонија да не биде уценетата и понижена и да не се прифати она што сега ни се нуди. Мојата понуда е чесна и искрена и таа е водена исклучиво од интересите на народот и иднината на нашата Македонија“ , изави Мицкоски.
Тој уште еднаш ги повика пратениците да застанат со народот на Македонија на вистинската страна од историјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови на Ѓорче Петров

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:
од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улиците: Александар Македонски, Кадињача и Андреја Папарадишки. (Oпштина Ѓорче Петров)
Македонија
Повторно активен пожарот кај охридските села Вапила и Сирула

Пожарот во с.Вапила е повторно активиран према с.Сирула, соопшти Центарот за управување со кризи.
Се работи за карпест предел со ниска вегетација, а теренот е непристапен. На лице место присутни се представници од ДСЗ и вработени од Македонски Шуми кои моментално вршат обиколки.
Македонија
Никотински уреди од новата генерација: минлив тренд или долгорочни придобивки

Во извештајот на Институтот за јавно здравје во Велика Британија се наведува дека електронските уреди кои содржат никотин се најефективното средство за откажување од пушење во таа земја.
Податоците покажуваат дека употребата на овие уреди како дел од терапијата за откажување од пушење имала една од највисоките стапки на успех во откажувањето од пушење во последните две години.
Денес, на пазарот има голем број електронски уреди кои претставуваат подобра алтернатива за продолжување на пушењето цигари за возрасните пушачи. Сепак, не се сите алтернативи исти, и само оние кои се потврдени од науката се безбедни.
Основните разлики меѓу нив се во тоа што се поделени на тутунски и нетутунски производи, како и различните технологии на кои се базираат. Така, од една страна, постојат тутунски системи засновани на технологија на загревање вистински тутун, од кои најпознат е IQOS, кој воедно е и единствениот систем за загревање на тутунот што Американската агенција за храна и лекови го класифицира како производ со модифициран здравствен ризик. Од друга страна, постојат електронски цигари кои работат на принцип на загревање на течност која може да содржи никотин.
Иако може да има скептицизам кај општата популација за овие алтернативи, науката е неподелена и тврди дека овие уреди се подобра опција отколку да продолжите да пушите, но само ако се докажани производи базирани на наука и ако целосно се префрлите на нив. Секако, најдобрата одлука што може да ја донесете е целосно да се откажете од цигарите и од сите производи од тутун и никотин, но за оние кои не сакаат да го направат тоа, многубројните алтернативи се подобро решение.
Најголемата предност на уредите што го загреваат тутунот, но не го согоруваат, е елиминирањето на процесот на согорување, со што се елиминираат повеќето штетни и потенцијално штетни материи што се ослободуваат од согорувањето преку чадот од тутунот. Исто така, овие уреди содржат вистински тутун, а со тоа и супстанцата никотин, природна состојка на растението тутун, која предизвикува зависност, но докажано е дека не е главен виновник за болестите поврзани со пушењето.
Заедничко за електронските цигари и уредите што го загреваат тутунот е тоа што и двете се алтернативи на традиционалните цигари и подобро решение отколку да продолжите да пушите.
ПР