Контакт

Македонија

Мицкоски: Единствено што оди добро во земјоделието се садниците со марихуана на власта

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја посети Битола каде што оствари средби со жителите на населбата Јени Мале и битолско Оризари.

Од опозициската партија пренесуваат дека на средбата со жителите од Оризари, мештаните се пожалиле на игнорирањето од страна на власта.

„Не се исплаќа трудот на земјоделците, нема пласман, а субвенциите доцнат. Единствено добро што оди во земјоделието се оранжериите и садниците со марихуана на власта и ништо повеќе“, констатирал Мицкоски.

На средбата во Јени Мале тој посочил дека државата се наоѓа пред одлука за тоа каква Македонија сакаме и каква Македонија ќе оставиме на идните генерации.

„Претседателските избори не се само обичен избор туку избор од кој зависи судбината на државата, бидејќи работите во реалноста не се добри и не се такви какви што ветуваа од власта. Победа на Претседателските избори ќе значи сигурни предвремени парламентарни избори на кој оваа власт ќе биде детронизирана. Да излеземе сите заедно и да го поразиме Заевизмот кој не влече на дното, а Заевизмот не е само губење на националното достоинство туку и криминалот кој го прават на дневна основа“, потенцирал лидерот на опозициската партија.

Во обраќањето, Мицкоски се осврнал и на состојбите во правосудниот систем.

„Викаа дека немало правда и немало мир, а донесоа преку 2 века казни, а од друга страна оние што е бореа за ИСИС добиваат по 6 години“, истакнал тој.

Мицкоски нагласил и дека власта ветувала подобро здравство и повисоки плати, а како што рекол, во моментов се случува егзодус на кадри кои си заминуваат од земјата.

„Затоа ќе ги смениме работите, ќе донесеме правда, ќе се избориме за подобар живот за сите граѓани. Додека нема правда, ќе нема мир“, порачал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на средбите со граѓаните од Битолско.

Македонија

Бројот на патниците да изнесува најмногу половина од капацитетот на автобусот

Објавено пред

На денешната седница Владата ја дополни Уредбата со законска сила примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба, со која е предвидено во јавниот превоз на патници бројот на патниците во возилата да изнесува најмногу до 50% од капацитетот на возилата, за кои е задолжително да бидат опремени со маски, ракавици и возилата да се дезинфицираат.

Со оваа измена задолжителните мерки ќе се однесуваат и на правните субјекти кои вршат превоз на патници за сопствени потреби.

Прикажи повеќе...

Македонија

Усвоен протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на Ковид-19

Објавено пред

Владата на денешната седница го усвои Протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на Ковид-19, што важат за сите работни места и за сите луѓе на работното место, како што се работодавците, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите.

Протоколот вклучува мерки кои се однесуваат на личната хигиена и заштитна опрема, препораки за респираторната хигиена и физичкото дистанцирање во работните простории, како и редуцирање на патувања поврзани со работата, како и посебна организација кога е неопходно да се спроведат.

Протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на Ковид-19 опфаќа и препораки и мерки за редовно чистење и дезинфекција на работната средина, постојана комуникација, обука и едукација за ризици, како и постапки кога е потребно менаџирање на вработените кај кои се појавуваат симптоми што одговараат на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Македонија

ИНРЕКОМ: (Зло)употребата на вонредната состојба за донесување додворувачки владини уредби

Објавено пред

Во чиј интерес работи техничката Влада на Република Македонија? Вонредната состојба, која беше продолжена вчера за нови 14 дена, веќе два месеца ѝ дава одврзани раце на Владата да носи уредби со сила на законот. По одржувањето на 58. седница на Владата. се поставува дилемата за издржаноста на одлуките што ги носат на седниците. Имено, спротивно на волјата на операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и дел од здруженијата на медиумските работници.

Донесената уредба со законска сила за изменување и дополнување на уредбата со законска сила за формирање фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Ковид-19, со која се опфатени сите радиодифузери во земјата за надомест на трошоци за 2020 година кон операторот на дигиталниот терестријален мултиплекс за дозволата за емитување во согласност со Законот за електронските комуникации како ублажување на економските последици предизвикани од коронавирусот.

Од тука, ИНРЕКОМ поставува легитимно прашање: зошто се опфатени единствено националните и некои регионални канали што зрачат терестријално, а се дискриминирани каналите што зрачат преку мрежи што не користат ограничен ресурс, како што се кабелските и сателитските канали? Исто така, прашуваме каде се и радијата во целата оваа приказна?

ИНРЕКОМ ваквиот начин на финансирање на македонските телевизии го смета за директна атака врз слободата на говор и независноста во нивното работење, нешто што постоеше и во минатото, а за кое сегашната владејачка гарнитура се бореше за укинување. Најспорен е и тајмингот во предвечерието на вонредните парламентарни избори, а ова e oдлука донесена под превезот на економска помош во време на корона-кризата.

Дали со овој потег Владата им се додворува на националните телевизии, кои минатата година прокнижиле добивки, а воедно годинава во неколку наврати имаа тивок бојкот на конференциите од страна на Владата и нејзините министри на сметка на операторите, кои ќе бидат принудени да ги зголемат цените на фиксните услуги, нешто што ќе го платат граѓаните како крајни корисници на услугите.

Институтот исто така ги потсетува засегнатите страни дека од буџетот токму медиумите годинава ќе добијат солени суми за политичко претставување на политичките партии за време на изборните кампањи. Дополнително, и регулаторот АВМУ им вшприца одредени економски инјекции за спас од економската криза. Од тука, се наметнува логичното прашање – колкава висина на средства се потребни за овие медиуми да не станат државни буџетари?

ИНРЕКОМ препорачува, наместо директно влевање средства во медиумите, да се донесат одредени олеснувања во даночните политики и други поволности за медиумите и медиумските работници преку дијалог со релеватните засегнати страни, со единствена цел да се намали влијанието на државата во уредувачката политика.

Владата денеска донесе и дополнување на уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги за време на вонредната состојба во согласност со која кабелските операторите се должни до Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги да достават пријави за регистрација на странските радиодифузери што ги реемитуваат во рок од 60 дена од денот на нивното донесување.

Вака приближно гласи втората скандалозна одлука од страна на Владата донесена на 58. седница, со која де факто ќе настане медиумски мрак и операторите ќе бидат принудни да ги исклучат сите странски канали за кои нема да бидат во можност да ги обноват договорите за реемитување! ИНРЕКОМ за ова извести во повеќе наврати и напомена за неприменливоста на одредбите што произлегоа со измените на Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги донесени по скратена постапка во 5 до 12 пред самораспуштањето на Ммакедонското Собрание.

Преку ова донесување се исполнува заканата што Владата ја проследи до операторите пред два месеца, во која стоеше дека доколку не се промени сликата со странските канали, Владата ќе биде принудена да донесе уредби.

Дополнително, операторите во Македонија во повеќе наврати се заканија со исклучување на сите канали, со исклучок на каналите на јавниот сервис МРТ. Алтернативно, операторите најавуваат исклучување само на петте национални телевизии со кои се во војна за авторските и сродните права и наводната пиратерија. Во случај на предвремено раскинување на договорите, т.е. укинување на некои од македонските канали, операторите во соопштение информираа дека во таква ситуација ќе се избегне покачувањето на месечните претплати бидејќи корисниците нема да плаќаат нешто што не го користат.

ИНРЕКОМ потсетува дека никаде во светот и Европа не може да му се препише одговорност на операторот доколку некој ТВ ж-канал емитува пиратерија. Едноставно, операторите не може да влијаат врз програмските шеми на самите медиуми бидејќи тие само го реемитуваат сигналот од каналите.

Иако техничкиот премиер Оливер Спасовски излезе со ветување дека нема да се донесува уредба која би ги регулирала односите помеѓу телевизиите и операторите, ветување што е прекршено и сторено е токму спротивното.
Институтот повторно потсетува дека мешањето на државата во регулација на односот на два комерцијални играча (медиумите и операторите) е спротивно на Уставот, со што очекуваме Уставниот суд да ги оспори донесените уредби и други правни акти поврзани со овој наметнат проблем.

За крај, ИНРЕКОМ ја известува јавноста дека на чекор кон исклучување на некои од националните телевизии веќе се одлучил еден од операторите, со исклучување три од петте национални телевизии, кои се реемитуваат преку сателит.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија3 часа

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија3 часа

67 новозаразени, еден починат и нов кластер во Тетово

Во последниве 24 часа од 868 тестови, регистрирани се 67 позитивни пациенти на коронавирусот, информираше министерот за здравство, Венко Филипче. Еден...

Македонија3 часа

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Македонија4 часа

Бухова: Завршени се 100 од 485 тестови на вработени во конфекциските фабрики во Штип

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова вели дека будно се следи состојбата со кластерите на новозаразени од...

Регион6 часа

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Македонија7 часа

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион7 часа

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет8 часа

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет9 часа

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт9 часа

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа9 часа

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Свет10 часа

(Видео) Трамп најави дека ќе испрати илјадници тешко вооружени војници на улиците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири во...

Свет21 час

(Видео) Се огласи братот на Џорџ Флојд: Тој беше џин со нежно срце, немаше да поддржи насилни протести

Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избувнаа...

Свет21 час

СЗО: Нема докази дека коронавирусот сега е послаб

Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат...

Македонија22 часа

Судниците и просториите во зградата на Кривичниот суд се подготвуваат за продолжување на судењата

Основниот кривичен суд Скопје, по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења, која беше објавена...

Македонија1 ден

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија1 ден

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија1 ден

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија1 ден

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Досие