Македонија
Мицкоски: За нас изборите не се приоритет, на лидерската ќе се фокусираме на други теми
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повтори дека за опозицијата изборите не се приоритет, па на лидеската средба што ќе се одржи месецов, фокусот би требало да биде насочен на други теми кои се од интерес за граѓаните.
Опозицискиот лидер очекува помеѓу 10 и 12 мај да се одржи лидерската средба на која ќе стане збор пред се за справување со вирусот Ковид 19, економското заживување на државата, но и за резолуцијата што предизборно ја донесе Бугарскиот парламент. Дури потоа, можеби како четврт или некој подолен приоритет, вели Мицкоски, може да стане збор како понатаму до следните парламентарни избори.
„Јас во неколку наврати во минатото кажав и еве ќе го повторам тоа и денес, дека во првите три приоритети на ВМРО-ДПМНЕ не се избори. Прв приоритет е како конечно оваа пандемија да остане позади нас целосно, втор приоритет е да ја застанеме на нозе економијата бидејќи таа живот значи и третата работа е да ја вратиме самодовербата помеѓу македонските граѓани, бидејќи таа е изгубена, сето ова влијаеше врз самото чувство кај граѓаните и тоа е наш приоритет кој што сакаме да го вратиме“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.
Мицкоски очекува убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите, кога и да се случат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
