Македонија
Мицкоски за спорот со Бугарија: Од тоа „ајде само уште ова“ грлото ни е преполно со кнедлите што ги голтнавме

Навистина е нејасно зошто се радува Бугарија, а Владата на Македонија молчи. Нејасно е и на што се должеше тоа што двете страни го опишуваат како придвижување во разговорите за на крајот да ни кажат дека договориле заедничко чествување на цар Самуил. А истово ова го соопшти и Заев дека го договорил уште пред 2 години, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во говорот пред Унијата на младите сили во врска со спорот со Бугарија.
Мицкоски вели дека сега власта, играјќи на картата на кратко помнење на народот, сака да ни каже дека треба повторно да се радуваме за продавање на стоката што веќе ја продале во 2019 година.
„Кога ќе го прашаат Ковачевски кога датум за преговори со ЕУ? Тој ќе одговори, не робувал на датум. Може Ковачевски не робува на датуми, ама изгледа и не робува и на ветувања затоа што партијата чиј претседател е, дојде на власт со ветување дека ЕУ ќе дошла веднаш и сега. А гледаме дека со СДСМ нема ниту ЕУ, а нема ниту иднина, туку само криминал и тендери“, рече Мицкоски.
Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ за прашањето со Бугарија има многу јасни позиции и е против каков било чин или чекор што ќе значи нарушување на идентитетот, јазикот или срамно решение, кое ќе значи откажување од нашето историско наследство.
„Ние сме за решение што ќе ги одразува и зачувува националните и државните интереси и нема повеќе отстапки што Владата ги опишува со реченицата – „ајде само уште ова и само што не дошло подобро време“. Од тоа „ајде само уште ова“ грлото ни е преполно со кнедлите што ги голтнавме, а таму во Европа обезличени не се оди, туку такви какви што сме Македонци, со богата историја, со свој јазик и идентитет“, нагласи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пендаровски му заблагодари на Порфириј за прифаќањето на автокефалноста

Претседателот Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со поглаварот на Српската православна црква, патријархот г. г. Порфириј, по повод донесената одлука од соборот на Српската православна црква за прифаќање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Во разговорот, претседателот му се заблагодари на патријархот за одлуката, оценувајќи ја како можност за градење нови релации меѓу македонската и српската православна црква и надминување на горчливите теми од минатото.
Во разговорот, претседателот Пендаровски изрази надеж дека целиот процес на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архепископија ќе заврши со скоро потпишување на Томосот од Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, што ќе придонесе за исполнување на еден од нашите национални интереси и за напредок и помирување во македонското општество.
Македонија
(Видео) Арсовски: Владата да приложи доказ дека службениците во Софија не патувале како новинари

Трет ден Владата на СДСМ молчи за екскурзиите на шестте владини службеници кои биле во Софија, најверојатно запишани како новинари, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Како што рече, шест службеници на чело со директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски, биле 3 дена во Софија на трошок на државата, за да помогнат во организација како што велат на заедничката седница на Владите на Македонија и Бугарија, а притоа на седница на Владата никаде не било изгласано дека и тие може да одат на државен трошок, туку било изгласано само дека патните трошоци, превозот и сместувањето се покриени за новинарите.
„Очигледно овие 6 луѓе од СОЗР биле на државен трошок 3 дена во Софија, во редот со новинарите. Зошто од Владата и од СОЗР не приложат писмен доказ од седницата каде што е изгласано да одат и шестмината вработени во СОЗР во Владата како организациска поддршка и да потврдат впрочем дека не биле впишани како новинари ? Владата одамна е само една испостава за луксузирање и испостава за екскурзии на државен трошок. Луксузот на грбот на граѓаните е начин на живот на функционерите на СДСМ“, рече Арсовски.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Скандалозно е вработени во државни институции да се вбројуваат во редот на новинари и така да патуваат на службени патувања, само за да си ги покријат трошоците.
„Како што порачавме и вчера, штури деманти без докази се само потврда за овој скандал. Најмалку што можат да направат е да ги вратат парите во државната каса и да сносат одговорност за овој скандал“, додаде Арсовски.
Македонија
(Видео) Стоилковски: Дали МВР премолчува вмешаност на Ариф Асани во пукање во Чаир заради коалицијата со ДУИ?

Наместо гарант за безбедност, МВР на СДСМ/ДУИ е извор на криминал и пресметки со огнено оружје среде Скопје! МВР на СДСМ/ДУИ молчи и не открива дали е точна вмешаноста на заменикот – директор на Бирото за јавна безбедност Ариф Асани во престрелка меѓу полициски службеници со функции. Дали МВР премолчува факти и крие самоволие коешто доведува животи во опасност само и само да опстои коалицијата на СДСМ со ДУИ, изјави на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Стоилковски додава дека наместо извор и гарант за безбедност на граѓаните, МВР стана извор на небезбедност! Луѓе сведочат како среде булевар, човек пука во присуство на полиција заради контрола на возило, а потоа е пуштен заради можна интервенција на Ариф Асани вториот човек задолжен за јавна безбедност!?
Колку жртви треба да паднат како резултат на државно заштитуваниот криминал за Оливер Спасовски, СДСМ и ДУИ да останат на власт? Неказнивоста на криминогеноста заради партиската припадност на СДСМ и на ДУИ е неподнослива, изјави Стоилковски.