Македонија
Мицкоски: Имам сознанија дека анексот што го спомна Каракачанов е со многу лоши позиции за македонскиот идентитет

Mинистер од бугарската Влада денеска потврди дека постои анекс од 12 точки кој е даден до македонската Влада, а според информациите со кои располагам е со исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет, објави на социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој потсетува дека само пред три месеци во интервју посочил оти постои анекс на Договорот со Бугарија.
„Тогаш од Заев, неговите немоќни соработници и владината лажлива пропаганда бев нападнат дека ширам невистини“, пишува Мицкоски додавајќи дека има две прашања до Владата.
„Ќе се извини ли власта што ширеше лажни вести и второто, што содржи анексот од 12 члена кој Владата го крие од очите на јавноста?“, јавно запраша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Преходно денеска бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во телевизиско интервју изјави дека Северна Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпише анексот од 12 точки што го доставила бугарската страна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кафеана во Стајковци работела по дозволеното време, приведени се 18 лица

Во угостителски објект во Стајковци приведени се 18 лица поради непочитување на мерките за заштита на здравјето, соопшти полицијата.
Синоќа во 22 часот, била во МВР било пријавено дека објектот, сопственост на С.П. и А.П. (52), работи и во него има гости.
„Полициски службеници во содејство со Државен пазарен инспекторат извршиле контрола при што во објектот биле затекнати 18 лица кои се приведени во Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка, поради непочитување на мерките за заштита на здравјето од Ковид-19“, соопшти МВР.
По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Македонија
Пуштен во употреба модуларниот кoвид-центар во гостиварската болница

Во гостиварската болница денеска е пуштен во употреба модуларниот ковид-центар.
По тој повод, министерот за здравство, Венко Филипче, истакна дека ова е модел којшто се имплементира во сите градови во државата.
„Користиме болнички капацитет кој има 35 кревети, а целосно е опремен со медицинска опрема. Треба да пристигне и најсовремениот рентген апарат и ЕХО апаратот со сите потребни сонди за преглед, со што ќе го направи овој центар сосем соодветен за третман на сите КОВИД пациенти, а во некои други услови да продолжи да служи како тријажен или ургентен центар“, потенцираше Филипче.

Министерот Филипче во Гостивар
Како што рече, во изминатиот период, направени се значајни инвестиции во оваа јавно-здравствена установа која опслужува 200 илјади жители, кои гравитираат не само од општината Гостивар, туку и од Маврово-Ростуше, Дебар, Врапчиште итн.
„Болницата е позната по својата експертиза. Целосно се реновирани операционите сали, хируршкото одделение, а следува и реновирање на интерното одделение. Со директорот разговаравме и за некои следни планови. Оваа година после многу години за првпат болницата во Гостивар ќе добие магнетна резонанца. И тоа значи дека сите овие жители кои имаат потреба од таа услуга повеќе нема да патуваат во Скопје, туку тука ќе ги прават тие снимки. Во моментов состојбата со пандемијата во Гостивар е стабилна, меѓутоа граѓаните мора да продолжат со почитување на мерките за заштита“, истакна Филипче.

Модуларен кoвид-центар во гостиварската болница

Модуларен кoвид-центар во гостиварската болница
Македонија
Мицкоски е позитивен на коронавирус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски утрово информираше на социјалните мрежи дека е заразен со Ковид-19.
„По забележаните првични полесни симптоми, ги добив резултатите од тестирањето кои покажуваат дека сум позитивен на вирусот Ковид-19. Иако ги почитував препораките на здравствените лица, сепак се покажа дека не секогаш тоа е доволно. Чувајте го вашето здравје. Ќе го поминам и ова и на крај ќе победиме за нашата иднина!“, напиша Мицкоски.
По забележаните првични полесни симптоми, ги добив резултатите од тестирањето кои покажуваат дека сум позитивен на…
Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, February 27, 2021
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер