Македонија
Мицкоски: Кога СДСМ и ДУИ одбија Гаши да биде премиер, ја открив нивната калкулантска игра

СДСМ и ДУИ не водат сметка и не се грижат за интересите на Албанците, Македонците и на другите граѓани во Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во Кочани кој е неговиот став откако ДУИ и СДСМ не ја прифатија понудата Африм Гаши да биде премиер Албанец.
Мицкоски укажа дека само со еден чекор – кога понудил Гаши да биде премиер Албанец, а СДСМ и ДУИ не прифатиле, ја открил, како што рече, нивната калкулантска игра.
„Ние само сакавме со тој чекор да покажеме дека ова претставува една обична калкулантска игра на политичари што се во заминување. И, конечно, да ја затвориме таа тема на национализам и поделби, напротив, како ВМРО-ДПМНЕ, и јас лично сакам да покажам дека доаѓа втората епоха, нова иднина, иднина во која ќе зборуваме за компетенции, а нема да ги делиме луѓето по национална, верска или политичка припадност. Тоа е заедничкиот патриотизам, тоа е втората епоха, тоа е нашата нова заедничка иднина“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Ахмети запеа пред вечерашниот спектакл, Груби објави снимка

Првиот заменик-премиер Артан Груби на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави видео на кое заеднички пеат лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и пејачот Илир Шаќири.
Претходно, првиот вицепремиер Артан Груби на својот фејсбук-профил го најави големиот митинг закажан за денеска во Чаир, на кој ќе присуствува и Али Ахмети. Премиерот Димитар Ковачевски ѝ посака успех на ДУИ на вечерашната трибина на партијата во Чаир запрашан за тоа како го коментира собирот.
Македонија
Османи ги запозна невладините организации со стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД

Во рамките на серијата средби на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, со претставници од граѓанскиот сектор, на денешниот брифинг ги запозна невладините организации со значењето и придобивките од стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, лансиран во јуни минатата година во Вашингтон.
Во фокус на разговорите беа можностите за соработка со невладиниот сектор во делот на имплементацијата на планот за активности во рамките на стратешкиот дијалог, кој покрива многубројни области за соработка, како што се: борбата против корупцијата и владеењето на правото, одбрана и безбедност, трговија и инвестиции, енергетика и животна средина, но и други значајни прашања од регионален и глобален интерес.
Воедно, Османи истакна дека е предвидено споменатиот план да се имплементира од страна на разни институции во земјата во периодот од 2023 до 2033 година, при што Министерството за надворешни работи е координатор на целокупниот процес.
„Планот за активности во рамките на стратешкиот дијалог со САД содржи многубројни проекти и активности чија реализација ќе придонесе за понатамошно поттикнување на демократските и реформските процеси, како и зајакнување на институциите, а со тоа гарантирање на целокупниот напредок на државата. Отворени сме за соработка со граѓанскиот сектор и на ова поле, што е на линија на нашата досегашна транспарентност и заложби за зајакнување на улогата на невладините организации во креирањето на надворешната политика“, заклучи Османи.
Македонија
(Видео) Бизнисмен призна вина во „Империја“, Панделески не го разбира ниту обвинението, брокерот ќе размислува

Еден бизнисмен призна вина на првото рочиште за „Империја“, друг ќе докажува дека е невин, а третиот бараше и доби одложување на судењето за да размисли дали е виновен. Сопственикот на компанијата „Езимит“, Зоранчо Митревски, посочи дека чувствува вина за делата што му се ставаат на товар. Сопственикот на „Пелистерка“, Цветан Панделески, и пред судот рече дека не е виновен. Берзанскиот брокер Јованче Тасковски на следното рочиште ќе се произнесе за вина.
„Се чувствувам виновен за злоупотреба на службената положба и овластувањето. Се чувствувам виновен и за перење пари и други приноси. Признанието го давам доброволно, не сум прислиен, здравствената состојба ми е одлична“, изјави бизнисменот Зоранчо Митревски, сопственик на „Езимит“.
Панделески не призна вина, а ниту го разбира обвинението.
„Обвинението не можам да го разберам, не се чувствувам виновен. Со оглед дека многу адвокати и правници не може да го разберат, не барајте од мене, економист, да го разберам. Таму пишува по претходни договори, за кои не се наведени настан, време, место“, рече Панделески.
Беше побарана пауза по која се бараше одложување на рочиштето.
„Се консултирав со клиентот. Условно кажано, тој се двоуми да признае, но и да не признае вина поради тоа што се работи за специфичен кривично-правен настан. На клиентот му кажав дека има трошоци на постапката, а тој не може да ги покрие. На Тасковски му треба временски период за тоа да се консултира со своите членови на семејството“, рече Мерџан Даути, адвокат на Тасковски.
Судијката Васка Николовска-Масевска дозволи одлагање на рочиштето.
„Се дозволува одлагање“, рече судијката.
Од 19 лица, кои беа опфатени во предистражната постапка, само овие тројца осомничени ќе ја докажуваат невиноста пред суд. Панделески се гони за злоупотреба на службената положба, перење пари и за измама. Митревски се гони за злоупотреба на службената положба и овластувањето и за перење пари. Брокерот Тасковски се гони за овие две дела, како и за измама.
Претходно, обвинителката Лиле Стефанова пред судот рече дека има докази со кои ќе докаже вина кај сите обвинети.